Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Терноар: Проблемот со името да се реши веднаш

МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИКА ПОИНАКУ И ТОЧКА!

(Преземено од МИМ)


Сите ќе продолжат и понатаму да ја нарекуваат Македонија, па дури и оние што се спротивставуваат денес. Не постојат други средства за да се нарече поинаку, освен Македонија и точка. Ваков е ставот на претседателот на Паневропската меѓународна унија, Французинот Алан Терноар, според кој проблемот со името како пречка во евро-атлантските интеграции е типично лажен проблем кој беше ставен во прв план, бидејќи Македонија сите ја викаат Македонија.

- Ние ги знаеме прашањата поврзани со историјата, со грчката северна провинција но нека кажат како може поинаку да се нарекува оваа земја освен Македонија. Дури и ако и додадеме едно друго име што ќе беше малку посложено, на крајот повторно во секојдневниот јазик ќе ја викавме Македонија. Тогаш се прашувам зошто сето ова, освен само да се забави неизбежниот и посакуван рок за интеграција во ЕУ. За жал ЕУ функционира според принципот на едногласност при проширувањето и приемот на нови земји-членки, сепак се надевам дека на крајот ќе победи разумот, изјави Терноар.

Францускиот европратеник Жозеп Дол е против идејата преговорите за членство на Македонија во ЕУ да започнат пред да се реши проблемот со името.

- Јас сум против бидејќи доколку не се реши проблемот со името пред почетокот на преговорите, во текот на целите преговори, секогаш ќе се соочуваме со тој проблем и ќе се вадиме на него дека не може да се напредува понатаму. Затоа посакувам тој проблем да биде решен веднаш. Европа сега треба да ја истакне својата позиција, како што тоа го направи Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, кој побара почеток на преговорите за време на кипарското претседателство со ЕУ. Мене ми е дојдено прекуглава, затоа сега тоа го повторувам насекаде: проблемот со името не смее да биде пречка за членството на Македонија во ЕУ и затоа е потребно проблемот со името да се реши веднаш, вели Жозеп Дол.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting