Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Робин О Нил:

МАКЕДОНИЈА ДА ПОБАРА ОД ОН ДА БИДЕ ПРИМЕНА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ

(Преземено од МИМ)


- Според меѓународното право, секоја земја има право да користи име какво што сама избрала. Ниту една друга земја нема право да приговара на тоа име, изјави поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О Нил за програмата „Порта“ на МТВ.

- Само една држава во светот, Грција, има забелешки на уставното име Република Македонија. Поради тоа јас не гледам причина зошто Македонија треба да го смени името. Грција треба да го прифати името Република Македонија - тоа се користи дваесет години и не и предизвика никакви, ниту внатрешни, ниту надворешни проблеми на Грција. И секако Грција ниту еднаш не приговори за името кога Македонија беше дел од федерацијата на поранешна Југославија, вели О Нил.

Проблемот, според него, може да се надмине по примерот на Обединетото Кралство и Република Ирска.

- Република Ирска се нарекува себеси Ирска и со тоа се мисли на целиот остров Ирска. Но, во пракса, според меѓународното право, северниот дел од Ирска припаѓа на Обединетото кралство. Поради ова британската Влада не е во можност да потпишува билатерални договори со Ирска во кои тие се нарекуваат едноставно Ирска. Проблемот се решава така што договори од двете земји се потпишуваат во два примерока. На едната копија, таа од Ирска, пишува договор меѓу Обединетото кралство и Ирска. Другата, што ја чува Обединетото Кралство, пишува дека станува збор за договор меѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и меѓу Република Ирска. Тоа име не се користи во ниту една прилика, ниту во меѓународни институции, пасоши или официјални документи, објаснува О Нил.

Посочува дека овој договор беше постигнат и функцонира зата што има добра волја од двете страни.

- Овде не станува збор за земји кои полагаат интерес кон друга територија, иако во случајот со Македонија, Грција обвинуваше дека Македонија има територијални претензии. Тој проблем беше решен со Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција во 1995 година, кога двете земји се обврзаа дека нема да имаат барања за промена на граници и барања за делови од територијата на другата држава. Во 1992 во моите преговори со Грција и Македонија, македонската Влада не се согласуваше на решение како што е тоа меѓу Ирска и Обединетото Кралство, затоа што во тоа време тоа име ќе се применуваше меѓу сите земји членки на ЕУ и ќе значеше ФИРОМ да се користи за Македонија. Владата стравуваше дека ова име ќе стане постојано и затоа јас воопшто не го предложив во мојот предлог на крајот на мојот мандат, истакнува Робин О Нил.

Сепак, останува на ставот дека ова е добро решение за да се реши проблемот, со услов новото име да биде само билатерално и Грција да се обврзе дека нема да има приговори за членство на земјата во сите меѓународни организации со уставното име. Ова е најлесниот начин да се промени името Македонија - едноставно со билатерална спогодба со Грција, смета О Нил.

Другиот начин е Македонија да прифати име за меѓународна употреба. Тоа значи Македонија да се нарекува со уставното име дома, но во меѓународните релации името да биде сменето.

- Такво име Македонија прифати во 1992 - Република Македонија (Скопје). Во ваков случај, на Владата и останува да одлучи дали да прифати вакво решение уште еднаш иако јас сметам дека нема причина за тоа, вели британскиот дипломат.

За блокадата што ја прави Атина за македонската НАТО и ЕУ интеграција, О Нил смета дека имајќи предвид оти Грција веќе дала согласност во Времената спогодба од 1995 година дека нема да се спротивставува на зачленувањето на Македонија во меѓународните организации под името ФИРОМ, македонската Влада треба да ги притисне земјите членки на НАТО да увидат дека Грција бесправно го блокира членството на Македонија, а тоа беше потврдено и со пресудата на Судот на правдата од Хаг, штом Грција сега има обврска да ја почитува.

Истото, според него, треба да се случи и со ЕУ за да се отворат преговори за членство. ЕУ треба да ја потсети Грција дека како земја членка на Унијата треба да се однесува солидарно за да има стабилност и економски развој на Балканот.

- Друга опција е Владата во Македонија да се фокусира на тоа да се врати во Обединетите нации и да бара да биде примена под уставното име. Според мене тоа е многу важно и потребно. Сепак, ако го бара ова треба да се има предвид Привремената спогодба и пресудата на Судот во Хаг која се однесува токму на оваа спогодба. Многу работи сега ќе зависат од изборите во Грција овој месец. Новата Влада, се надевам, ќе може да ги менаџира проблемите со економската криза таму, но и ќе биде подготвена и покрај сите преокупации да признае дека Македонија има име и да дозволи влез на земјата во НАТО и во ЕУ. Тоа ќе биде предност за Грција и за регионот, истакнува за „Порта“ поранешниот медијатор на ОН во грчко-македонските разговори за името Робин О Нил.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Оглас:
Стипендии за учебната 2012/2013 година

Согласно информацијата од интернет страницата www.ukim.edu.mk, Владата на Република Македонија доделува стипендии за студенти кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров и во учебната 2012/2013 за запишување на државните универзитети во Македонија и тоа: Универзитетот во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Потребни документи за аплицирање:
1. CV и мотивационо писмо;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелството за завршено средно образование, со превод и објаснување кои оценки се соодветни на оценките во македонскиот образовен систем (т.е. одличен, мн. добар, добар, доволен).
Дополнителни информации за условите за кандидирање, како и за роковите за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Редакцијата на весникот, на тел. број:073/ 88 63 36.

Редакционната колегия на в. „Народна воля” честити академичното звание на проф. д-р Георги Попатанасов, като му пожелава много здраве, бодър дух и творчески успехи!

Македонија пее

СЕ ПОСВРШИ СЕРБЕС ДОНКА

Се посврши сербес Донка. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
сербес Донка на Јаничкови. (2)

Се собрале комшиите. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
комшиите, другарките. (2)

Аирлија! Сербес Донке. (2)
Трала, лала, лала лала, ла,
аирлија свршувачка! (2)

Не викајте аирлија! (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
покудете на мајка ми.
Трала, лала, лала, лала, ла,
на мајка ми, на татко ми.

Не го сакам свршеникот. (2)
Трала, лала, лала, лала, ла,
тук го сакам мојто либе.
Трала, лала, лала, лала,ла,
мојто либе, калеш Ѓорѓи.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting