Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Непознати факти за војводата

СОФИЈА ЗАБРАНИЛА ВЕСНИК ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТО НЕ ПИШУВАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БУГАРИ

Блаже Миневски


Пред 74 години во Бугарија бил подготвен весник за Гоце Делчев со сведоштва и спомени на луѓе што го познавале или работеле со него во македонската револуционерна организација. Според прилозите во весникот, може да се види дека станува збор за мошне важен документ за националните позиции на македонската интелигенција меѓу двете светски војни. Весникот има десет страници голем формат (70 х 50 см), а во него се објавени важни материјали и сведоштва за Македонија и за македонскиот народ. Единствениот оригинален печатарски отпечаток од весникот за Гоце, кој требало да биде објавен во Софија, бил спасен од Митко Зафировски, еден од уредниците на весникот, кој успеал да го зачува, а потоа некако и да го донесе во Скопје.

Весникот чиј издавач е културно-добротворното братство „Гоце Делчев“ од Софија, всушност друштво на бегалците, Македонци од Кукуш и Кукушко, родниот крај на Делчев, го подготвиле Ангел Динев и уште неколку други македонски публицисти, по повод 35-годишнината од убиството во Баница. Кога бугарската цензура видела дека буквално во сите новинарски прилози се зборува за македонски народ и македонска нација, а нигде не се спомнува дека Македонците се Бугари, весникот веднаш бил забранет за печатење.

Како Левски и Мацина

На насловната страница од весникот е објавен портрет на Гоце Делчев, а потоа, на втората страница, објавени се текстовите „Гоце и народната борба“ од Божин Проданов, „Делчев апостолот“ од Стефан Аврамов, „Јаворов за Гоце Делчев“, како и белешка од редакцискиот одбор за дејноста на Гоце Делчев, но централно место зазема статијата „Гоце Делчев како националнореволуционерен стратег“. Во неа јасно и прецизно се изнесуваат погледите и стратегијата на Гоце Делчев за националното ослободување на Македонија: „Гоце Делчев не беше марксистички деец од типот на Благоев и Кирков, туку огнен националреволуционер. Кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Македонија претстоеше не социјалистичка туку национална револуција. Гоце Делчев правилно го сфати тоа и бестрашно ги направи потребните чекори“. Статијата потврдува дека Гоце Делчев, како ретко кој друг македонски револуционер во тоа време, „совршено правилно сфатил дека македонското прашање како национално прашање неразделиво е сврзано со ликвидирање на остатоците на турскиот феудализам и за извојување демократија, земја за селаните и економски, политички и духовно-културни права и слобода на целиот народ“. Текстот завршува со констатацијата дека Гоце Делчев со сигурност тргнал по „единствениот можен пат“, односно по „патот на сплотување на сите македонски народни сили во општ националнореволуционерен фронт за реализирање на поставената цел и за отфрлање на сите влијанија одозгора или отстрана“.

Војводата Михаил Чаков е човекот што ги откопа моштите на Гоце од Баница, а потоа и ги зачува во Софија, за да може подоцна да бидат префрлени во Скопје, во ослободениот дел на Македонија. Во интервјуто тој се задржува на многу непознати податоци од револуционерната дејност на Гоце, а особено опширно на описот на Гоцевата смрт, со оглед на тоа што тој бил во непосредна близина кога тој бил убиен. Кукушанецот Туше Делииванов, сограѓанин на Делчев, бивш училиштен инспектор и член на Задграничното претставништво на ВМРО во 1902 година, зборува за познанството со Гоце уште од детските денови, но блиски пријатели станале во Софија за време на училишниот распуст во 1894 година.

На крајот од интервјуто, на прашањето каков бил Гоце Делчев во револуционерното македонско движење, Делииванов одговара: „Гоце беше најобичниот од сите во македонското револуционерно движење. Само оној што не го познаваше, само тој не беше готов да тргне со него“. Дополнувајќи го одговорот на Делииванов, војводата Герџиков, еден од најблиските луѓе на Делчев, вели дека „за македонското револуционерно движење Гоце Делчев беше тоа што Левски беше за бугарскиот и Мацина за италијанскиот народ. Но тој беше и нешто друго, вели Герџиков, тој беше совеста на македонскиот револуционер; единствено тој можеше да ги регулира односите меѓу одделните членови на организацијата влезени во неа во разни услови, со разни идеологии, со различно образование, со различно воспитание, излезени од најразлични социјални средини“.

Насредба со Јане

Благодарение на тоа што печатарскиот отпечаток на овој специјален весник за Гоце некако бил спасен и се чува во НУБ „Св. Климент Охридски“, сега може да се прочитаат редица автентични сведоштва на луѓе што биле блиски до Гоце Делчев, го познавале лично или имале можност изворно да слушаат за него од негови пријатели и соборци. Во средината на весникот, на петтата страница, објавени е графика со ликовите на Гоце Делчев и на Јане Сандански, а заедно со неа и текстот на Иван Харизанов за неразделните врски меѓу нив двајцата. Харизанов пишува дека Гоце и Јане остро и упорно се спротивставиле на идејата за востание. Според Иван Харизанов, по средбата со Даме Груев во Солун, „Гоце се упати на пат кон пиринскиот цар Јане Сандански за да се консултира со него за ставот околу дигањето на востанието, но не успеа да стигне до Јане, зашто на патот го пронижа непријателскиот куршум“. Во продолжение на оваа статија, напишана во 1938 година, значи само 35 години по Илинденското востание, од сведок на тие настани со право се констатира дека „историјата не може да го дознае евентуалното решение на тие два гиганта на револуцијата ако се сретнеа“ и ние сме лишени можеби од една најдраматична страница од историјата на организацијата.

Многу интересен е и третиот текст на истата страница посветен на Гоце Делчев како „совршен водач“ во кој сосема јасно се укажува на тоа дека „колку што Левски има заслуга за слободата на бугарскиот народ, толку, и повеќе, Гоце Делчев со своите далековиди револуционерни гледишта придонел за осознавањето и националната слобода на македонскиот народ“. Текстот завршува со тоа дека „Гоце Делчев немаше личен живот. Тој не припаѓаше на себеси, не само по форма, како другите, туку и по суштествување. Им припаѓаше на илјадниците што ги разбуди и што ги водеше кон ослободување. Таканаречените човечки радости беа непознати за него, зашто надвор од борбата, надвор од народот за него немаше ниту смисла ниту радост. Такво саможртвување е свето и достојно само на малкумина под сонцето“.

Борба за Македонија!

Во овој забранет весник за Гоце е публикуван и разговор со дедо Кољо Чобанинот, кој, прашан за тоа каква цел имал Делчев во борбата, одговара дека неговата главна цел била „да ја ослободи Македонија и да ја зачува нејзината независност. Ако не го направиме тоа, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави или ќе биде разделена меѓу нив“, велеше Гоце, сведочи старецот. Што мислите, го прашуваат старецот во таа 1938 година, ќе се ослободи ли Македонија, а тој одговара: „Ако има кој да ја бара и да се бори за неа, Македонија ќе се ослободи, ако не - робија. Одамна ние ќе се ослободевме ако не се замешаа балканските држави“. Важни текстови за македонската историја може да се прочитаат и на осмата и на деветтата страница на весникот. Станува збор за текстовите на Ѓорѓи Бакалов, Коста Веселинов, Ѓорѓи Деспотов и на Павел Шатев. Првиот пишува за грижата на Гоце Делчев за револуционерната литература, вториот за тоа како тој ја разбирал националната слобода, третиот пишува за Гоце како национална гордост, додека Павел Шатев се задржува на биографијата на Делчев со темелна анализа на неговата личност. Бакалов, на пример, пишува за печатењето на една француска книга со револуционерна содржина, за која, и покрај сите усилби, не успеал да најде средства. Пред да се откаже од намерата да ја објави „Историјата на еден селанец“ од Ерман и Шатријан, се обратил до Гоце Делчев, образложувајќи му ја содржината на книгата и нејзиното влијание што ќе го има меѓу поробениот народ ако биде објавена. На тоа свое писмо Бакалов добил одговор од Гоце: „Наскоро добив одговор во кој Делчев ја поздрави идејата да се издаде, но и да се распространи во Македонија таа книга. Одговорот на Гоце содржеше конкретен предлог; да се зафатам со преведувањето и со издавањето на книгата од која тој однапред порача 500 примероци за Македонија“. Специјалниот весник за Гоце завршува со текстот на Ангел Динев за „човекот и револуционерот Гоце Делчев“, каде што е опишан еден настан кога Гоце Делчев им простува на врховистичките агенти Ѓорѓи Китанов и Димитар Белев, кои, заедно со Дончо Арамијата, требало да го убијат Гоце негде во Серско. Откако ги фатиле, ги однеле кај него и побарале казна за нив: „Пуштете ги тие луѓе на слобода, им рекол Гоце, пишува Ангел Динев. Тие не се осознаени како Македонци. Однесете се добро со нив и ќе видите дека тие ќе бидат полезни за делото на кое му служиме“. Врховистичките агенти биле ослободени. Мошне интересно е и сведоштвото на Ангел Динев за решеноста на некои македонски револуционери да го убијат кнезот Фердинанд. И во таа пригода Гоце ги спречил луѓето на македонската револуционерна организација. Затоа Ѓорѓи Џабрилов во аголот на последната страница на весникот едноставно само ќе констатира дека „делото на тој голем Македонец создаде легенда од него и го направи наше знаме“.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

КАЈ СЕ МАЈКО ТВОИТЕ ЧЕДА

Празни куќи всело ноќта паѓа
А пред куќи седи мајка стара
И од тажни мисли душа пече
А низ старо лице солза тече

Никој нема да и стигне
Прагот мајчински да го мине
Никој неа да ја праша
Како и е дал е жива и здрава

Рефрен:
Кај се мајко твојте чеда
Толку долго што ги чекаш
Каде кој по светот ти е
За нив душа ти се кине

Колку срце мајко ти е жедно
Да ти дојдат сите твои чеда
Пак да биде полна твојата куЌа
Љубов да ти згрее тажна душа

Никој нема да ти стигне
Праг на куќа мајко да ти мине
Никој мајко да те праша
Како ти е дал си жива и здрава
Рефрен:...


САДЕ ТИ СЕ ЧУДАМ ЦВЕТО

Саде ти се чудам Цвето,
како сама спиеш,
еј, пиле мори Цвето, в шарена одаја.
еј, јагне мори Цвето, в шарена одаја.

Како сама спиеш Цвето,
во шарена одаја,
еј, пиле мори Цвето, на железен кревет,
еј, јагне мори Цвето, на железен кревет.

Ај, викни ме Цвето мори,
кај тебе да дојдам,
еј, пиле мори Цвето, до тебе да бидам,
еј, јагне мори Цвето, усти да ти пијам.


Поезия

Б Е З И З Х О Д И Ц А

Македонецът отново
не очаква нищо ново
от свирепите вулкани
с обезхлебващи закани -
те така го рекетират,
че през него фокусират
интегралните си свойства
подслушвателни устройства;
а всевластният Месия
в крайна сметка е от тия,
гдето лъжеха народа,
че са знаме на възхода,
а пък му сервират мъка,
при това и многоръка,
за да може да го граби
в потресаващи мащаби;
а гримирани с катрани,
щракат български капани.

Но Европа се преструва,
че не вижда и не чува.



Д У Ш А   М А К Е Д О Н С К А

В история без милост и без брод,
дори и робски мрак да наследява,
душата на един голям народ
по-слънчева в страданието става.

Когато през съдбата търси брод
и през трагични бездни преминава,
душата на един голям народ
голямата история създава.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ

П Е С Е Н

Няма сила, гдето да отнеме
песента на волни ветрове –
зазвъняла като бойно стреме
гордо македонците зове.

Песента за теб, Пирине, пея –
моят глас ще проглуши светът,
че в душата истината зрее –
чака ни трънлив и дълъг път!



М И Н А   В Р Е М Е

На Пею Яворов

Мина време, много мина,
робски мрак навред снове.
Не издържам - ще замина,
знаме, пушка ме зове.

Не издържам - ще замина
по села и градове.
С Гоце, с Яне из Пирина
ще се бием с врагове.

Че народът много чака
и спасители зове.
Пушки пукат, падат в мрака,
падат върли врагове.

Ах, народе македонски,
ще дочакаш ден желан!
Твойто име с гордост носим!
Твойто знаме - в мъжка длан!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting