Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Економија

ТРИ ЕКОНОМСКИ ПРОЕКТИ НА СРЕДБАТА ГРУЕВСКИ - ЏИАБАО

(Преземено од МИА)


Три проекти, од областа на енергетиката, инфраструктурата и изградбата на индустриски парк, беа во фокусот на денешната работна средба меѓу премиерот Никола Груевски и неговиот кинески колега Вен Џиабао во Пекинг.
Детално беа презентирани предностите и условите кои се од големо значење за одлуката кинеските компании своите бизниси за покривање на потребите на европскиот пазар да ги лоцираат во Република Македонија и тука да инвестираат.
За овие проекти Груевски изминативе два дена разговараше и со претставници на кинески фирми и стопански комори.
На средбата со Џиабао, соопшти владината прес-служба, беа презентирани и неколку помали по вредност проекти кои се првично поддржани и за кои може да дојде до идна конкретна соработка меѓу македонската и кинеската страна.
Премиерот Џиабао ја изрази подготвеноста на кинеската Влада за поддршка и охрабрување на кинеските компании да инвестираат во Република Македонија и да ги искористат можностите и предностите кои нашата земја ги нуди на инвеститорите. Како позитивни посебно ги истакна мерките во областа на индустриските зони, при што потенцираше дека Македонија има направено голем напредок во оваа област. Тој ја истакна и заложбата и можноста за засилен ангажман од кинеските власти во областа на финансиската и техничката поддршка на кинеските компании кои би биле заинтересирани за инвестиции во Македонија и за остварување напредок во конкретните проекти кои беа предмет на разгледување на средбата за кои, исто така, беше изразена позитивна оценка. Од кинеска страна беше изразен и сериозен интерес за продолжување на контактите и остварување дополнителен прогрес и во однос на проектите и на останати различни нивоа во економската соработка.
Заеднички беше поздравен и нагорниот тренд на трговска размена меѓу двете земји. Двајцата соговорници истакнаа задоволство од нивото на политички дијалог и билатералната соработка во изминатиов период на сите полиња и оценија дека економската соработка треба да ја следи и да биде на ниво на добрата политичка соработка која постои меѓу двете земји.
Во однос на иницијативата на премиерот Џиабао за потесна соработка на економски план помеѓу НР Кина и земјите од Источна и Југоисточна Европа и алоцирање на 10 милијарди долари средства на кинеската Влада за финансирање проекти, премиерот Груевски истакна дека Република Македонија во целост е подготвена да учествува во неа со полн капацитет.
Тој воедно информираше за реформите и модернизацијата кои се спроведуваат во нашата земја. Изрази и благодарност за доследната и конструктивна поддршка на НР Кина на Република Македонија, како и за принципиелната употреба на уставното име во билатералните односи и на меѓународен план.
Двајцата премиери го реафирмираа високото ниво на добри политички односи кои владеат меѓу Македонија и Кина и кои се карактеризираат и развиваат во дух на пријателство, меѓусебно разбирање и со висок степен на доверба. Ја истакнаа и подготвеноста и заложбата за унапредување и интензивирање на економските односи, стопанската соработка, зголемување на трговската размена и соработка на полето на инвестициите.
Работната средба на Груевски со премиерот на Народна Република Кина Вен Џиабао е втора во рок од две седмици и трета во последните две години.
Груевски: Средбата со Џиабао сериозен сигнал за интересот на Кина да инвестира во Македонија
Кина е заинтересирана за проектот кој предвидува една технолошко-индустриска развојна зона во Македонија да им се даде на управување на кинески компании. Како што изјави премиерот Никола Груевски по денешната работна средба со својот кинески колега Вен Џиабао во Пекинг, проектот од кинеска страна ќе се доразработи и доанализира по што ќе следат натамошни дискусии.
Груевски и Џиабао размениле мислења и за уште два крупни проекта, од областа на енергетиката и инфраструктурата.
- Побарав поддршка за три значајни проекти, но исто така разгледавме и една група од пет-шест други проекти кои во иднина би можело да бидат доразвиени. Од овие три би можел да спомнам дека едниот е крупен проект во делот на енергетиката. Вториот е крупен проект во делот на изградба на патишта, а третиот е проект кој веќе го имаме спомнато во нашата јавност и за кој стана збор и минатиот пат кога се видов со премиерот на Кина. Предвидува една технолошко-индустриска развојна зона во Македонија да се даде за кинески компании, тие да дојдат и да изградат фабрики кај нас при што изнесов многу повеќе детали околу условите за правење бизнис во овие технолошко-индустриски развојни зони, рече премиерот Груевски.
Според него, коментарите на Џиабао биле прилично охрабрувачки. Администрациите на двете земји ќе продолжат да комуницираат околу овие три крупни проекти.
- За технолошко-индустриската зона, покрај останатото, Џиабао напомена дека е информиран оти Македонија има најдалеку отидено во однос на регулативата, но и во однос на условите во овие технолошко-индустриски развојни зони и дека генерално постои интерес за овој проект којшто понатаму треба да го доразработат и доанализираат и да ни пријдат за натамошни дискусии, информира Груевски.
Другите пет-шест проекти кои беа дел и од вчерашните разговори на македонскиот премиер со кинеските компании, се поврзани со хидроцентрали, патишта, енергетика.
- Во секој случај средбата со Џиабао беше значајна и на неа, овој пат, бевме концентрирани повеќе на економскиот дел. Нашиот престој тука преку оваа средба се покажува дека е добредојден. Сериозен сигнал е кога во рамки на едно роуд-шоу како ова, на кое во пет работни дена ги претставувам бизнис можностите во пет различни градови во Кина, премиерот на Кина ќе направи прием. На тој начин тој индиректно дава и сигнал дека политички Кина поддржува инвестирање на кинески компании во Република Македонија, потенцира претседателот на Владата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

КАЈ СЕ МАЈКО ТВОИТЕ ЧЕДА

Празни куќи всело ноќта паѓа
А пред куќи седи мајка стара
И од тажни мисли душа пече
А низ старо лице солза тече

Никој нема да и стигне
Прагот мајчински да го мине
Никој неа да ја праша
Како и е дал е жива и здрава

Рефрен:
Кај се мајко твојте чеда
Толку долго што ги чекаш
Каде кој по светот ти е
За нив душа ти се кине

Колку срце мајко ти е жедно
Да ти дојдат сите твои чеда
Пак да биде полна твојата куЌа
Љубов да ти згрее тажна душа

Никој нема да ти стигне
Праг на куќа мајко да ти мине
Никој мајко да те праша
Како ти е дал си жива и здрава
Рефрен:...


САДЕ ТИ СЕ ЧУДАМ ЦВЕТО

Саде ти се чудам Цвето,
како сама спиеш,
еј, пиле мори Цвето, в шарена одаја.
еј, јагне мори Цвето, в шарена одаја.

Како сама спиеш Цвето,
во шарена одаја,
еј, пиле мори Цвето, на железен кревет,
еј, јагне мори Цвето, на железен кревет.

Ај, викни ме Цвето мори,
кај тебе да дојдам,
еј, пиле мори Цвето, до тебе да бидам,
еј, јагне мори Цвето, усти да ти пијам.


Поезия

Б Е З И З Х О Д И Ц А

Македонецът отново
не очаква нищо ново
от свирепите вулкани
с обезхлебващи закани -
те така го рекетират,
че през него фокусират
интегралните си свойства
подслушвателни устройства;
а всевластният Месия
в крайна сметка е от тия,
гдето лъжеха народа,
че са знаме на възхода,
а пък му сервират мъка,
при това и многоръка,
за да може да го граби
в потресаващи мащаби;
а гримирани с катрани,
щракат български капани.

Но Европа се преструва,
че не вижда и не чува.



Д У Ш А   М А К Е Д О Н С К А

В история без милост и без брод,
дори и робски мрак да наследява,
душата на един голям народ
по-слънчева в страданието става.

Когато през съдбата търси брод
и през трагични бездни преминава,
душата на един голям народ
голямата история създава.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ

П Е С Е Н

Няма сила, гдето да отнеме
песента на волни ветрове –
зазвъняла като бойно стреме
гордо македонците зове.

Песента за теб, Пирине, пея –
моят глас ще проглуши светът,
че в душата истината зрее –
чака ни трънлив и дълъг път!



М И Н А   В Р Е М Е

На Пею Яворов

Мина време, много мина,
робски мрак навред снове.
Не издържам - ще замина,
знаме, пушка ме зове.

Не издържам - ще замина
по села и градове.
С Гоце, с Яне из Пирина
ще се бием с врагове.

Че народът много чака
и спасители зове.
Пушки пукат, падат в мрака,
падат върли врагове.

Ах, народе македонски,
ще дочакаш ден желан!
Твойто име с гордост носим!
Твойто знаме - в мъжка длан!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting