Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Груевски:

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПО ПАРАМЕТАРОТ ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР, СЛЕДЕН ПРЕДИЗВИК ПРВА ВО СВЕТОТ

(Преземено од МИА)


Работата и реформите во Централниот регистар придонесоа Македонија од страна на Светската банка според параметарот централен регистар втора година по ред да биде рангирана на првото место во Европа и на шесто место во светот. По тој основ Македонија е и пред својот учител Норвешка од која користеше искуства и помош при формирањето. Следен предизвик ќе биде во наредните години Македонија да го заземе првото место во светот.

Тоа го оцени премиерот Никола Груевски на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од основањето на Централниот регистар.

Според него, Централниот регистар во изминатите десет години прераснал во една од водечките институции во спроведувањето на исклучително комплексни и сложени проекти кои се од големо значење за деловната заедница во Македонија.

Сите проекти што ги започнал и реализирал Централниот регистар, посочи Груевски, се доказ дека таа институција се поставила одлично во системот, излегла во пресрет на многу предизвици.

- Заеднички успеавме да докажеме дека регистрирањето фирма не мора да биде за 48 дена, туку дека може да биде и за четири часа, оти нема потреба од купови документи, бирократски процедури и мачни постапки за да се регистрира фирма, туку дека тоа може да се направи и преку интернет и од каде било на светот... дека Македонија може да биде меѓу првите во светот според услови за започнување бизнис, оти нема потреба од купови документи и дека многу процедури може да се дигитализираат и да се водат по електронски пат, наведе Груевски.

Toj забележа дека сега граѓаните не мора да чекаат по шалтери за разни документи затоа што регистарот може да се поврзе и да користи електронски бази на податоци за вадење документи од други институции. Директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски рече дека денес институцијата со која раководи дава значителен придонес кон унапредување на деловната клима и олеснување на водењето бизнис.

- Со анализа на податоците со кои располагаме се добива една многу прецизна слика за состојбите во приватниот и јавниот сектор во РМ. Имаме увид во тоа колку правни субјекти поднесуваат годишни сметки, а колку работат со добивка, какви извори на финансирање користат, колку има ново регистрирани правни субјекти, колку вкупно регистрирани , колкав е бројот на уписи во регистарот на директни инвестиции, бројот на уписи на залог и на лизинг.Меѓу другото регистарот овозможува прецизни податоци за соодветни макроекономски анализи и планирање, рече Костадиновски.

Во насока на подобрување на транспарентноста, наброја, воспоставено е електронско водење на стечајните постапки. Податоците се достапни за јавноста преку интернет, а системот овозможува следење судски рочишта и одлуки, објави на рочишта и аукции и евидентирање на побарувањата. За иднина предвидена е регистрација на залог и на лизинг, проект што е во завршна фаза. Директни бенефити чувствуваат бизнис заедницата, адвокатите, нотарите, извршителите, странските инвеститори..., оцени Костадиновски.

Тој нагласи дека во Централниот регистар реформите не запираат. Во насока на подобрувње на бизнис климата, најави, преку намалување на товарот и трошоците на бизнис заедницата за регулаторно известување моментно се развива проектот за Мета база на податоци, како трета фаза од проектот за воведување едношалтерски систем.

Во развојна фаза е и регистарот за задолжница кој ќе овозможи побрза и посигурна наплата на побарувањата во должничко доверителските односи како и во воведување нов систем за електронски нарачи на информации и нивно преземање во електронска форма преку интернет, најави директорот на Централниот регистар.

Претседателот на Комората на стечајни управници Ацо Петров оцени дека од реформите на регистарот постојано ползува и комората. Стечајните управници добија полесен пристап до информациите со што е олеснета стечајната постапка, укажа Петров.

Како институција која произлезе од трансформацијата на Заводот за платен промет Централниот регистар е формиран во 2002 година. Работи со девет регистри и еден во подготовка, 308 вработени, 11 регионални регистрациски канцеларии и 16 регистрациски канцеларии низ државата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

КАЈ СЕ МАЈКО ТВОИТЕ ЧЕДА

Празни куќи всело ноќта паѓа
А пред куќи седи мајка стара
И од тажни мисли душа пече
А низ старо лице солза тече

Никој нема да и стигне
Прагот мајчински да го мине
Никој неа да ја праша
Како и е дал е жива и здрава

Рефрен:
Кај се мајко твојте чеда
Толку долго што ги чекаш
Каде кој по светот ти е
За нив душа ти се кине

Колку срце мајко ти е жедно
Да ти дојдат сите твои чеда
Пак да биде полна твојата куЌа
Љубов да ти згрее тажна душа

Никој нема да ти стигне
Праг на куќа мајко да ти мине
Никој мајко да те праша
Како ти е дал си жива и здрава
Рефрен:...


САДЕ ТИ СЕ ЧУДАМ ЦВЕТО

Саде ти се чудам Цвето,
како сама спиеш,
еј, пиле мори Цвето, в шарена одаја.
еј, јагне мори Цвето, в шарена одаја.

Како сама спиеш Цвето,
во шарена одаја,
еј, пиле мори Цвето, на железен кревет,
еј, јагне мори Цвето, на железен кревет.

Ај, викни ме Цвето мори,
кај тебе да дојдам,
еј, пиле мори Цвето, до тебе да бидам,
еј, јагне мори Цвето, усти да ти пијам.


Поезия

Б Е З И З Х О Д И Ц А

Македонецът отново
не очаква нищо ново
от свирепите вулкани
с обезхлебващи закани -
те така го рекетират,
че през него фокусират
интегралните си свойства
подслушвателни устройства;
а всевластният Месия
в крайна сметка е от тия,
гдето лъжеха народа,
че са знаме на възхода,
а пък му сервират мъка,
при това и многоръка,
за да може да го граби
в потресаващи мащаби;
а гримирани с катрани,
щракат български капани.

Но Европа се преструва,
че не вижда и не чува.



Д У Ш А   М А К Е Д О Н С К А

В история без милост и без брод,
дори и робски мрак да наследява,
душата на един голям народ
по-слънчева в страданието става.

Когато през съдбата търси брод
и през трагични бездни преминава,
душата на един голям народ
голямата история създава.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ

П Е С Е Н

Няма сила, гдето да отнеме
песента на волни ветрове –
зазвъняла като бойно стреме
гордо македонците зове.

Песента за теб, Пирине, пея –
моят глас ще проглуши светът,
че в душата истината зрее –
чака ни трънлив и дълъг път!



М И Н А   В Р Е М Е

На Пею Яворов

Мина време, много мина,
робски мрак навред снове.
Не издържам - ще замина,
знаме, пушка ме зове.

Не издържам - ще замина
по села и градове.
С Гоце, с Яне из Пирина
ще се бием с врагове.

Че народът много чака
и спасители зове.
Пушки пукат, падат в мрака,
падат върли врагове.

Ах, народе македонски,
ще дочакаш ден желан!
Твойто име с гордост носим!
Твойто знаме - в мъжка длан!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting