Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

ФОНДАЦИЈА „ТРИФУН КОСТОВСКИ” ОДБЕЛЕЖА 14 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

(Преземено од „Утрински Весник”)


Фондацијата „Трифун Костовски“ вчера одбележа 14 години од своето основање во Македонската академија на науките и уметностите со проекција на филмот „Портрет на акад. Петар Хр. Илиевски“ (живот и дело) и со промоција на книгата „Македонија во делата на странските патописци - 1905 -1908“ подготвена од Александар Матковски.

За значењето и за најновите проекти на Фондацијата, говореше претседателот на Управниот одбор Томе Серафимовски, информирајќи дека истата, во соработка со телевизија Телма почна со серијата „Филмски портрети на академици“ каде што спаѓа и споменатиот филм за академик Петар Хр. Илиевски, истакнат класичен филолог и универзитетски професор. Веќе бил изработен и филм за животот и делото на академик Ѓорѓи. Д. Ефремов, поранешниот раководител на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија.

„Изминатиов период е силна потврда дека поддршката на науката и уметноста е најблагодарниот начин на оддолжување кон традицијата, духовните вредности и иднината на сопствениот народ и земја. Мојата првична идеја да дадам скромен придонес во оваа насока, резултираше со богата и вредна активност на МАНУ изразена во бројни уметнички дела, монографии и студии и проекти“, рече бизнисменот Трифун Костовски, кој изрази надеж дека во овие, како што ги нарече „исклучително тешки економски и социјални времиња ќе јакне свесноста дека без развој на науката и уметноста нема ниту вистинска слобода, ниту вистинска демократија“. „Република Македонија на светската мапа на духовни и културни вредности не смее да биде препознавана само низ историски придобивки и наследство“, потенцираше меѓу другото Костовски.

Книгата патописи „Македонија во делата на странските патописци (1905 - 1908)“ е дел од истражувачката актива на академик Александар Матковски, на чија подготовка со дешифрирање на белешките и на преводите оставени во негов ракопис работеле и Поликсена Матковска и Лилјана Угриновска. Ја промовираше академик Витомир Митевски посочувајќи дека истата се фокусира на Македонија непосредно по Илинденското востание, а содржи шест патописни репортажи или извештаи од различни автори, од новинари и дописници од западните весници и списанија кои во тој период доаѓале во Македонија и внимателно го бележеле она што го виделе лично, или пак им било дозволено од властите да го видат.

„Наша предност е што сега, од една временска дистанца и стекнато искуство можеме полесно да ги согледаме последиците што произлегуваат од некои меѓународни стереотипи што ни се наметнуваат. Можеме подобро да ги препознаеме опасностите што не демнат доколку некритички прифаќаме да се однесуваме според увезените политички модели кои имаат погубно влијание за нашата иднина“, рече меѓу другото Митевски. Во музичкиот дел настапи Хорот Злата Мегленска со дела од Ристо Аврамовски, Тодор Скаловски и Запро Запров.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

КАЈ СЕ МАЈКО ТВОИТЕ ЧЕДА

Празни куќи всело ноќта паѓа
А пред куќи седи мајка стара
И од тажни мисли душа пече
А низ старо лице солза тече

Никој нема да и стигне
Прагот мајчински да го мине
Никој неа да ја праша
Како и е дал е жива и здрава

Рефрен:
Кај се мајко твојте чеда
Толку долго што ги чекаш
Каде кој по светот ти е
За нив душа ти се кине

Колку срце мајко ти е жедно
Да ти дојдат сите твои чеда
Пак да биде полна твојата куЌа
Љубов да ти згрее тажна душа

Никој нема да ти стигне
Праг на куќа мајко да ти мине
Никој мајко да те праша
Како ти е дал си жива и здрава
Рефрен:...


САДЕ ТИ СЕ ЧУДАМ ЦВЕТО

Саде ти се чудам Цвето,
како сама спиеш,
еј, пиле мори Цвето, в шарена одаја.
еј, јагне мори Цвето, в шарена одаја.

Како сама спиеш Цвето,
во шарена одаја,
еј, пиле мори Цвето, на железен кревет,
еј, јагне мори Цвето, на железен кревет.

Ај, викни ме Цвето мори,
кај тебе да дојдам,
еј, пиле мори Цвето, до тебе да бидам,
еј, јагне мори Цвето, усти да ти пијам.


Поезия

Б Е З И З Х О Д И Ц А

Македонецът отново
не очаква нищо ново
от свирепите вулкани
с обезхлебващи закани -
те така го рекетират,
че през него фокусират
интегралните си свойства
подслушвателни устройства;
а всевластният Месия
в крайна сметка е от тия,
гдето лъжеха народа,
че са знаме на възхода,
а пък му сервират мъка,
при това и многоръка,
за да може да го граби
в потресаващи мащаби;
а гримирани с катрани,
щракат български капани.

Но Европа се преструва,
че не вижда и не чува.



Д У Ш А   М А К Е Д О Н С К А

В история без милост и без брод,
дори и робски мрак да наследява,
душата на един голям народ
по-слънчева в страданието става.

Когато през съдбата търси брод
и през трагични бездни преминава,
душата на един голям народ
голямата история създава.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ

П Е С Е Н

Няма сила, гдето да отнеме
песента на волни ветрове –
зазвъняла като бойно стреме
гордо македонците зове.

Песента за теб, Пирине, пея –
моят глас ще проглуши светът,
че в душата истината зрее –
чака ни трънлив и дълъг път!



М И Н А   В Р Е М Е

На Пею Яворов

Мина време, много мина,
робски мрак навред снове.
Не издържам - ще замина,
знаме, пушка ме зове.

Не издържам - ще замина
по села и градове.
С Гоце, с Яне из Пирина
ще се бием с врагове.

Че народът много чака
и спасители зове.
Пушки пукат, падат в мрака,
падат върли врагове.

Ах, народе македонски,
ще дочакаш ден желан!
Твойто име с гордост носим!
Твойто знаме - в мъжка длан!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting