Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот д-р Ѓорге Иванов:

ВО ЧИКАГО ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗПРАВИ НЕПРАВДАТА ОД БУКУРЕШТ

(Преземено од МИМ)


Ова го нагласи претседателот на Република Македонија на денешниот состанок на шефови на држави и влади учеснички во мисијата ИСАФ во Чикаго Како активен учесник во ИСАФ, Македонија ги споделува одговорностите, обврските и ризиците. Македонија истовремено очекува да ги споделува и правата и придобивките кои доаѓаат со членството. Македонија и покрај придонесот и покрај целосно исполнетите услови уште од 2008 година, е блокирана на патот кон членство во НАТО од услов кој го поставува членка на Алијансата, услов кој нема никаква корелација со критериумите за членство.

Ова го нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешниот состанок на шефови на држави и влади учеснички во мисијата ИСАФ (Македонија, Црна Гoрa, Босна и Херцеговина, Грузија), во Чикаго, откако состанокот го отвори американскиот претседател Барак Обама, заедно со генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

Меѓународниот суд на правда, решавајќи во спорот инциран од мојата земја, укажа Иванов, донесе пресуда со која однесувањето на нашиот јужен сосед го окарактеризира како незаконски акт.

- Нема да кријам дека нашите граѓани, лидерството на Република Македонија се целосно разочарани од досегашните одлагања. Сега беше потребно да се поправи грешката и неправдата од Букурешт. Жалиме што Грција не најде сили да се однесува одговорно кон преземените обврски со Времената спогодба. Ваквото однесување е целосно во спротивност со очекувањето на Судот дека Грција нема да го повтори противправното однесување од Букурешт. Очигледно имаме второ кршење на Времената спогодба од страна на Грција. Ќе повторам, разочарани сме од новото одлагање. Но, за нас, прашањето никогаш не било дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку кога. И, што поскоро, тоа подобро, рече Иванов во обраќањето, оценувајќи оти тоа би било подобро за Македонија, за регионот на Југоисточна Европа и, се разбира, за НАТО и за глобалната безбедност.

Тој најави дека Македонија сепак со еднаква посветеност и интерес, продолжува да се однесува како де факто земја-членка на Алијансата и максимално да го спроведува нашиот дел од одговорностите, онака како што се очекува од секоја земја-членка на НАТО.

- Политиката е безмилосна кон македонските мировници кои што секој ден го ризикуваат животот за да донесат слобода и безбедност во Авганистан. Но политиката е безмилосна и кон сите граѓани на Македонија кои не можат да ги користат придобивките од членството во Алијансата. Таа е резултат на неодговорни политичари кај нашиот сосед, кои криејќи се зад консензусот, не само што го ставаат НАТО во една непријатна ситуација да брани неодбранливи, од аспект на меѓународното право, позициии, туку спротивно на сите правила и норми на однесување не придонесуваат за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Уверен сум дека сите вие што ме слушате овде го знаете ова. И знаете дека ова одлагање не е наш неуспех, истакна претседателот Иванов.

На состанокот во рамки на 25-от НАТО самит во Чикаго, македонскиот претседател Ѓорге Иванов истакна дека животот не научил никогаш да не потклекнуваме пред предизвиците, генерации и генерации, Македонци, нагласи, се вградиле во борбата за правда, мир, безбедност и развој за сите.

- Со истрајна работа кон заедничките цели и вербата дека правдата и разумот секогаш победуваат, иако понекогаш доцнат, остануваме доследни на преземените обврски, се обрати претседателот Иванов пред присутните.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

КАЈ СЕ МАЈКО ТВОИТЕ ЧЕДА

Празни куќи всело ноќта паѓа
А пред куќи седи мајка стара
И од тажни мисли душа пече
А низ старо лице солза тече

Никој нема да и стигне
Прагот мајчински да го мине
Никој неа да ја праша
Како и е дал е жива и здрава

Рефрен:
Кај се мајко твојте чеда
Толку долго што ги чекаш
Каде кој по светот ти е
За нив душа ти се кине

Колку срце мајко ти е жедно
Да ти дојдат сите твои чеда
Пак да биде полна твојата куЌа
Љубов да ти згрее тажна душа

Никој нема да ти стигне
Праг на куќа мајко да ти мине
Никој мајко да те праша
Како ти е дал си жива и здрава
Рефрен:...


САДЕ ТИ СЕ ЧУДАМ ЦВЕТО

Саде ти се чудам Цвето,
како сама спиеш,
еј, пиле мори Цвето, в шарена одаја.
еј, јагне мори Цвето, в шарена одаја.

Како сама спиеш Цвето,
во шарена одаја,
еј, пиле мори Цвето, на железен кревет,
еј, јагне мори Цвето, на железен кревет.

Ај, викни ме Цвето мори,
кај тебе да дојдам,
еј, пиле мори Цвето, до тебе да бидам,
еј, јагне мори Цвето, усти да ти пијам.


Поезия

Б Е З И З Х О Д И Ц А

Македонецът отново
не очаква нищо ново
от свирепите вулкани
с обезхлебващи закани -
те така го рекетират,
че през него фокусират
интегралните си свойства
подслушвателни устройства;
а всевластният Месия
в крайна сметка е от тия,
гдето лъжеха народа,
че са знаме на възхода,
а пък му сервират мъка,
при това и многоръка,
за да може да го граби
в потресаващи мащаби;
а гримирани с катрани,
щракат български капани.

Но Европа се преструва,
че не вижда и не чува.



Д У Ш А   М А К Е Д О Н С К А

В история без милост и без брод,
дори и робски мрак да наследява,
душата на един голям народ
по-слънчева в страданието става.

Когато през съдбата търси брод
и през трагични бездни преминава,
душата на един голям народ
голямата история създава.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ

П Е С Е Н

Няма сила, гдето да отнеме
песента на волни ветрове –
зазвъняла като бойно стреме
гордо македонците зове.

Песента за теб, Пирине, пея –
моят глас ще проглуши светът,
че в душата истината зрее –
чака ни трънлив и дълъг път!



М И Н А   В Р Е М Е

На Пею Яворов

Мина време, много мина,
робски мрак навред снове.
Не издържам - ще замина,
знаме, пушка ме зове.

Не издържам - ще замина
по села и градове.
С Гоце, с Яне из Пирина
ще се бием с врагове.

Че народът много чака
и спасители зове.
Пушки пукат, падат в мрака,
падат върли врагове.

Ах, народе македонски,
ще дочакаш ден желан!
Твойто име с гордост носим!
Твойто знаме - в мъжка длан!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting