Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Груевски:

САКАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО, НО КОМПРОМИС, А НЕ ДИКТАТ СО КОЈ КЕ СЕ МЕНУВА ИДЕНТИТЕТОТ

(Преземено од МИА)


Ние сакаме да се дојде до решение за името, тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со кој што ќе се менува идентитетот и нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение што ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум.
Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашање на пратеникот Тито Петковски за тоа дали има подготвеност за единствен државнички став пред Самитот во Чикаго.
Со исклучок на средбата со грчкиот премиер на 1 март, без малку една година не можеме да воспоставиме нормална комуникација со Грција од причина што тие имаат одредени проблеми со кои се соочуваат, додаде премиерот посочувајќи дека тоа најверојатно е нивното алиби заради отсуството на комуникација.
- Кога со некој немате комуникација како може да разговарате и да најдете решение. Државен став се гради кога ќе се има разговори, конкретно решение кое што е од некого понудено, па да се собере Парламентот и да дискутира на отворена или затворена седница, рече Груевски.
Во соседна Грција, посочи тој, има изборна кампања и до нејзиното завршување таму не може да се обезбеди некој за да се разговара за ова прашање.
- По завршувањето на кампањата, доколку кај таа страна постои волја и интерес, како и во минатото, ние сме подготвени да седнеме и да бараме решение, но не и едностран диктат што ќе го понижи целиот народ и кој што решавајќи едно прашање ќе отвори друго за кое што се загубени векови и се загубени илјадници, стотици илјади животи во Македонија, изјави Груевски.
Оваа политичка гарнитура, додаде тој, покажа дека има далеку поголема волја и желба земјата да ја внесе во НАТО и во ЕУ, според чекорите и делата, а не според зборовите што ги слушавме и што ги слушаме и денес. Груевски рече дека Петковски повеќе години беше во владејачки гарнитури кои не ги направија реформите за влез во ЕУ и НАТО.
- Или не ве бидувало или не сте сакале. Сега се соочуваме со моментум кој што значи нелегална блокада од страна на Грција, што го докажа и судот во Хаг, кој јасно покажа дека Македонија во ниту еден момент не ја прекршила спогодбата потпишана во 1995 година и дека постојано разговарала со добра волја за да се најде решение, изјави премиерот.
И Владата и целата политичка гарнитура, истакна тој, прави се што е во нејзина моќ да се дојде до решение кое што ќе ја деблокира земјата и ќе и овозможи влез во НАТО и во ЕУ.
- Ние сакаме и решение со кое ќе ги нормализираме односите со нашиот јужен сосед, истовремено многу сме внимателни и сакаме решение што нема да направи штета на нашите национални и државни интереси, нагласи премиерот Никола Груевски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

СОЛУНСКИТЕ ГЕМИДЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веЌе не се живее
храбро требва да се загине.

(Рефрен:)
Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонија и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.
Рефрен:...


СИТЕ МОМИ ТИКВЕШАНКИ

Сите моми тиквешанки,
бело грозје берат, (2)
бело грозје берат, мамо бре,
бели пари земат. (2)

Бели пари земат, мамо бре,
на ѓердан ги нижат, (2)
на ѓердан ги нижат, мамо бре,
на гуша ги носат. (2)

На гуша ги носат, мамо бре,
ергени да гледат, (2)
ергени да гледат, мамо бре,
мераци да фрлат. (2)


Нови стихове

КЪРВЯЩИ СПОМЕНИ

Очите
имат
силата
вълшебна:
освен
да плачат
и разсмиват,
те и снимат,
и намигат.

Дълбоко
в пещерата
хладна
езика
под сурдинка
съска,
блъска,
без да пита -
рита
ту наляво,
ту надясно -
всяка
буйна
дума
с марш
обръща,
за да мине
между
строя
лъскав
на зъбите.

Маскирани.
Неканени.

Войските
гръцки,
български
и сръбски
нападат
мирните
села
и градове
на Македония.

Засъхнала,
кръвта
на щика
от векове
разказва

на този
свят -
жесток
и алчен -
спомени
кървящи.

За трите
бойни
щика
на войската.

Тя окупира
и земята
македонска
с бомби
и бойни
танкови
машини.

И жито
скрито
на войнишки
хляб
замесен.

Избиха
куци
старци
снежнокоси
и деца
невръстни.
Убиват
безразсъдно
вярата,
пулсираща
в доброто.

Народа
по принуда
закова
прозорци
и врати
с пирони
и резета.

Разля
се кръв
и дим
барутен
по тавани
и мазета.

Настана
страшна
паника
ужасна
от танкови
снаряди
и картечен
огън.

Избухна
кървав
облак
от гърдите
на земята
македонска.

Дочу
се грак
на птици
в пламъци,
за помощ
от струя
въздух.

И този
миг
развихрен
млад
орел
излита
от гранита
на Пирина.

Прозорец
тъмен
между
облак
кървав той
със силен
мах
отвори.

От него
уморено
слънце
македонско
се показа.

Погледна
от високо
тъжната
душа
на тъмната
земя
македонска.

Една
ръкойка
светлина
отряза
от снопа
негов -
вечно
светещ
и сърдечен.

Оазис
светещ
в спомените
кървави
остави -
за поколенията
идващи.

И тръгна
по пътеката
житейска
на душата.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting