Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Пеинтер:

ДРЖЕЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА НАДВОР ОД НАТО Е ОПАСЕН ПРЕСЕДАН

(Преземено од МИА)


Македонија ги исполни критериумите за членство и нејзиното одбивање претставува опасен преседан и поттик за држење на процесот на проширување на НАТО како заложник на билатералните спорови. Сега е време Алијансата да ја поправи својата неправедна одлука од Букурешт, но Чикаго не треба да биде крајна точка или единствена можност за влез на земјата во НАТО, вели Сали Пеинтер, оперативен директор на фондацијата „Блу стар стратеџик“ во Вашингтон.
- Не треба да чекаме да се случи чудо. Јас сигурно не сум личност, која што ќе ви каже дали ќе се случи чудо во Чикаго или не, но секогаш се надевам на најдоброто за Македонија, особено по ова прашање. Поминаа четири години од Букурешт и НАТО Самитот во Чикаго не треба да биде крајна точка или единствена можност за Македонија да влезе во НАТО. Вратите на НАТО остануваат отворени за вашата земја и јас се надевам дека ќе ја видам Македонија како и сите останати земји од регионот што поскоро како членки на Алијансата, вели Пеинтер во интервју за програмата „Порта“ на МТВ прашана дали смета оти е можно во Чикаго Македонија да добие покана да и се приклучи на Aлијансата.
Таа потсетува дека е јасно оти сите членки на НАТО вклучувајќи ја и Грција се согласни дека Македонија ги исполни сите критериуми за зачленување во Алијансата, но оти останува спорот за името.
- Де факто Македонија е дел од Алијансата, меѓутоа прашањето за името го загрижува вашиот јужен сосед и, за жал, Македонија не беше примена за членка на Самитот во Букурешт од таа причина. Дали беше фер – не, но не треба да се откажете поради тоа. Претседателот, премиерот, министерот за надворешни работи и вашите aмбасадори во Европа и САД работат постојано на разрешување на ова прашање и Македонија треба да биде горда на тоа. САД, а и верувам сите европски држави сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на НАТО што е можно поскоро и сите со нетрпение го очекуваат тој ден со надеж дека тоа ќе се случи на НАТО Самитот во Чикаго, вели американскиот анализитичар.
Пеинтер подвлекува дека централниот столб на НАТО – проширувањето и зајакнувањето на Алијансата не е на агендата оваа година, но оти, кога земји како Македонија, кои што ги исполниле сите критериуми и постојано придонесуваат за колективната безбедност не им се дозволува членство тоа ја слабее главната цел на регионот, а тоа е безбедност, стабилност и просперитет.
- Сега е време НАТО да ја поправи својата неправедна одлука. Јасно е дека според Северноатлантската повелба секоја европска земја, која што ги исполнува условите и може да придонесе за сигурноста на Алијансата може да стане членка. Македонија котира високо по двата критериума. Земјата има долг придонес за заедничката и колективната безбедност на НАТО учествувајќи во разни регионални мировни мисии во 1999-та година како и во Ирак и Авганистан. Одбивањето на Македонија претставува опасен преседан за другите регионални ривалства дека една земја може бесконечно да го попречува приемот на друга земја. Ова може да се покаже и како поттик за држење на процесот на проширување на НАТО за заложник на билатералните спорови, смета Пеинтер.
Според неа, во време кога Европа се бори со актуелната финансиска криза, обновувањето на обврската на НАТО спрема нејзината политика на отворена врата ќе рефлектира позитивно на европскиот проект, воедно ќе испрати силна порака за неговата посветеност да го продолжи своето партнерство со земјите кои што ги делат нејзините вредности.
- Во 2000-та, Македонија формално го започна процесот на приклучување кон ЕУ со имплементирање на бројни реформи. Пет години подоцна, Македонија доби кандидатски статус за членство. Во 2009, 2010 и 2011-та година извештајот кои што го подготвува Европската Комисија му препорача на Советот на ЕУ да започне преговори со членство. Искрено верувам дека Македонија денеска ќе беше членка на НАТО и ЕУ доколку Грција постапеше со повеќе флексибилност кон прашањето и преговараше поактивно, оценува Пеинтер.
Позицијата на Американската влада, по однос на членството на Македонија во НАТО, додава таа, е јасна оти сака да ја види земјата во Алијансата што беше потврдено на Самитот во 2009 во Стразбург/Кел од претседателот Обама и во Букурешт во 2008-ма година од претседателот Буш.
За тоа дали е можна дестабилизација на Балканот, експертот од Вашингтон смета дека регионот е стабилен и без посериозни конфликти повеќе од 10-години и оти силно верува дека сите земји во регионот имаат одлична соработка по прашана од безбедноста.
- Нема потреба да се покренуваат прашања околу можна регионална дестабилизација бидејќи главната цел на сите држави на Балканот е да се интегрираат во НАТО и ЕУ. Македонија отсекогаш беше лидер во зачувувањето на мирот и наоѓањето на решенија на мирен начин, затоа не гледам никакви закани за дестабилизации во вашата земја или регионот, посочува Пеинтер.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

СОЛУНСКИТЕ ГЕМИДЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веЌе не се живее
храбро требва да се загине.

(Рефрен:)
Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонија и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.
Рефрен:...


СИТЕ МОМИ ТИКВЕШАНКИ

Сите моми тиквешанки,
бело грозје берат, (2)
бело грозје берат, мамо бре,
бели пари земат. (2)

Бели пари земат, мамо бре,
на ѓердан ги нижат, (2)
на ѓердан ги нижат, мамо бре,
на гуша ги носат. (2)

На гуша ги носат, мамо бре,
ергени да гледат, (2)
ергени да гледат, мамо бре,
мераци да фрлат. (2)


Нови стихове

КЪРВЯЩИ СПОМЕНИ

Очите
имат
силата
вълшебна:
освен
да плачат
и разсмиват,
те и снимат,
и намигат.

Дълбоко
в пещерата
хладна
езика
под сурдинка
съска,
блъска,
без да пита -
рита
ту наляво,
ту надясно -
всяка
буйна
дума
с марш
обръща,
за да мине
между
строя
лъскав
на зъбите.

Маскирани.
Неканени.

Войските
гръцки,
български
и сръбски
нападат
мирните
села
и градове
на Македония.

Засъхнала,
кръвта
на щика
от векове
разказва

на този
свят -
жесток
и алчен -
спомени
кървящи.

За трите
бойни
щика
на войската.

Тя окупира
и земята
македонска
с бомби
и бойни
танкови
машини.

И жито
скрито
на войнишки
хляб
замесен.

Избиха
куци
старци
снежнокоси
и деца
невръстни.
Убиват
безразсъдно
вярата,
пулсираща
в доброто.

Народа
по принуда
закова
прозорци
и врати
с пирони
и резета.

Разля
се кръв
и дим
барутен
по тавани
и мазета.

Настана
страшна
паника
ужасна
от танкови
снаряди
и картечен
огън.

Избухна
кървав
облак
от гърдите
на земята
македонска.

Дочу
се грак
на птици
в пламъци,
за помощ
от струя
въздух.

И този
миг
развихрен
млад
орел
излита
от гранита
на Пирина.

Прозорец
тъмен
между
облак
кървав той
със силен
мах
отвори.

От него
уморено
слънце
македонско
се показа.

Погледна
от високо
тъжната
душа
на тъмната
земя
македонска.

Една
ръкойка
светлина
отряза
от снопа
негов -
вечно
светещ
и сърдечен.

Оазис
светещ
в спомените
кървави
остави -
за поколенията
идващи.

И тръгна
по пътеката
житейска
на душата.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting