Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Најнова книга: "Македонски преродбенски ХIХ век" (6) од акад. Блаже Ристовски:

И МАКЕДОНЦИВЕ СЕ НАРОД И МЕСТОТО НИВНО Е МАКЕДОНИЈА

(Преземено од весник "Вечер")


Почнуваат и јавно да се поставуваат приговорите дека “друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик” и отворено да се реагира: “Ние сме Македонци, не сме Бугари”. И кога барањата станаа јавни, се виде принуден и самиот П. Р. Славејков на 18 јануари 1871 год. отворено да настапи со статијата под јасен наслов “Македонското прашање”, во која признава дека “уште пред десетина години од некои Македонци” ја слушал таа идеологија што сега веќе прераснала во “мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот”. Тој “многу пати” слушал од овие идеолози дека Македонците не се Бугари и дека тие отворено му изјавувале: “Се откинавме од Грците, под други ли да паднеме?”
Поради продорот на бугарската книга и бугарскиот јазик во училиштата, во Македонија се појавува отпор што се изрази со барање за печатење учебници на македонски јазик. Во 1867 год. се појави првиот учебник на Димитар В. Македонски и Димитар Хр. Узунов, а уште во следната 1868 година беа отпечатени серијата учебници на македонски јазик на Кузман Шапкарев. Согледувајќи го ефектот на отпорот против бугарскиот јазик и стремежот на Македонците за афирмирање на сопствениот јазик во образованието, Бугарското читалиште во Цариград во 1869 година формирало посебна комисија што да ги преведе бугарските учебници на “македонското наречје” и така да се пенетрира бугарската национална идеја во оваа турска провинција. Меѓутоа, само по неколку месеци султанот го потпиша ферманот за основање на Бугарската егзархија и бугарскиот јазик веќе можеше легално да се воведува во сите црковни општини, што ја прифатија новата словенска православна црква во Турција. Со тоа истовремено беа осуетени и натамошните борби на македонскиот народ за обновување на Охридската архиепископија како православна национална црква, бидејќи султанот не можеше да дозволи две посебни словенски православни цркви во своите граници. Но сето тоа не ги угасна надежите на народот за сопствена културно-национална афирмација.

Не сме бугари

Почнуваат и јавно да се поставуваат приговорите дека “друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик” и отворено да се реагира: “Ние сме Македонци, не сме Бугари”. И кога барањата станаа јавни, се виде принуден и самиот П. Р. Славејков на 18 јануари 1871 год. отворено да настапи со статијата под јасен наслов “Македонското прашање”, во која признава дека “уште пред десетина години од некои Македонци” ја слушал таа идеологија што сега веќе прераснала во “мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот”. Тој “многу пати” слушал од овие идеолози дека Македонците не се Бугари и дека тие отворено му изјавувале: “Се откинавме од Грците, под други ли да паднеме?”.
Во Македонија постоеше изразита жед за учебници на македонски јазик. Во 1872 год. кукушкиот учител Венијамин Мачуковски најави дека има подготвено граматика на “македонското наречје” и бара претплатници за објавување. Тоа предизвика најжестока фронтална реакција во бугарскиот печат во Цариград и Букурешт, бидејќи ќе значеше кодификација на еден посебен литературен стандард. Таа полемика уште повеќе го засили македонското национално движење. Во моментот кога се пренесуваат слухови за спогодба на Бугарската егзархија со Патријаршијата за сметка на македонските епархии, шест големи македонски епархии, по пропаѓањето на обидот да ги извојуваат своите права преку протестантизмот, одново го подигнуваат прашањето за унија со Римската црква и се поведуваат разговори за вклучување на цела Македонија во ова национално-политичко движење. Оценувајќи дека Егзархијата конечно ги губи македонските епархии, бугарскиот егзарх, пак со помошта и на руската дипломатија, во почетокот на 1874 год. го испраќа П. Р. Славејков во Солун со специјална тајна мисија да ја неутрализира унијата во Македонија. Неговите писма до егзархот уште еднаш даваат точна претстава не само за силината и карактерот на ова општонародно движење, туку и за степенот на порастот на македонската национална свест и основите на формулирањето на македонската националноослободителна програма. Според сознанијата на Славејков, на чело на движењето стоел руско-српскиот воспитаник Димитар Попгеоргиев Беровски, кој токму тогаш ги правеше подготовките за кревање на првото организирано масовно народно востание во XIX век. Барањата веќе беа прецизирани: македонскиот народ е посебен од бугарскиот, македонскиот јазик не е бугарски, Македонците треба да имаат своја црковна хиерархија и сопствена национална просвета.

Македонскиот јазик је старословенски

И овојпат обединетите акции на православните Руси, Бугари и Грци привремено ја неутрализираа унијата, но уште во 1875 год. Ѓорѓија М. Пулевски во Белград го објави својот (втор) “Речник од три језика с.(лавјанско)македонски, арбански и турски”, каде што ги изложи и контурите на македонската национална програма: “Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме с.(лавјано)Македонци, бидејќи “и Македонциве се народ и местово нивно е Македонија”, а “македонскијот јазик је најсроден со црковно-славјанските книги и тој је старославјански”.
Во 1876 година избувна Српско-турската војна. Македонската национална програма веќе беше конципирана и проверена во народното движење. Како резултат на тоа се крена и првото националноослободително македонско востание - Разловечкото. Тоа беше синхронизирано со Босанско-херцеговското и со Априлското бугарско востание, но си имаше своја програма и сопствени цели. Источната криза дојде по Цариградската амбасадорска конференција (1876-1877) што го разгледуваше и предлогот за една посебна биполарна држава Бугарија, составена од две автономни области со посебни престолнички центри - Трново за Бугарија и Софија за Македонија - по угледот на тогаш скоро востановената дуалистичка монархија Австро-Унгарија (1867). Тоа беше и првиот меѓународен форум што непосредно ја тангираше судбината на Македонија и Македонците како субјект.
Како продолжение на Источната криза избувна и Руско-турската војна (1877-78). Таа заврши со Санстефанскиот прелиминарен договор што предвидуваше да ги вклучи сите епархии на Бугарската егзархија во една голема Бугарија на Балканот. Од Македонците тој беше сфатен како реализација на заклучоците на Цариградската конференција за создавање биполарна држава и затоа мечтаеја за “кралевина македонска”.
Бидејќи предизвика голема реакција и во соседството и кај големите сили, прелиминарниот договор беше ревидиран со Берлинскиот договор (1878), кога беше создадено вазалното Кнежевство Бугарија, беше дадена автономија на Источна Румелија, а Македонија и беше вратена на Турција со магливи ветувања за автономија. Меѓутоа, соседите со сите сили и средства ја спречуваа таа автономија, а Турција мошне успешно ја одлагаше преземената обврска. Но тој недоволно конкретизиран чл. 23 со меѓународно ветената автономија, иако изречно не ја ни спомнуваше Македонија, стана програмска надеж што се рефлектира во сите натамошни акции на Македонците во ослободителната борба.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


„НАРОДНА ВОЛЈА“ ПОДАРУВА
Почитувани читатели,

„Народна волја“ во соработка со Културен центар „КУЛТУРА 365“ од Охрид за своите читатели подготви подарок, а тоа е книгата
„НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ
А. ДЕН ДОЛАРД“
од македонскиот писател Мишо Јузмески

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со ова дело, испратете барање на следнава адреса:
КЦ „КУЛТУРА 365“
ул. „Цар Самоил“ 34
6000 Охрид, Р. Македонија


Книгата ќе биде испорачана по пошта за што е потребно да приложите поштенски марки во вредност од 3 лева (за испорака во Бугарија) или 60 денари (за Реп. Македонија).

Напомена: на една адреса може да биде испорачан само еден примерок од книгата!

Македонија пее

СОЛУНСКИТЕ ГЕМИДЏИИ

Солун пролетта деветсто третата
силни гемии се потопени
кај што грмат експлозиите
таму гинат Македонците.

Сами решија за својата судбина
со нив имаа една заклетва
ропски веЌе не се живее
храбро требва да се загине.

(Рефрен:)
Македонијо на глас запеј ти со нас
Македонија и ти чеда погледни
прегрни ги твојте синови
солунските гемиџии.

Младост убава не ја сетија
живот дадоа и не се жалеа
да ја чуе цела Европа
вистината за Македонија.

Над Бело Море галеб летеше
абер носеше за мачениците
под Пиринот и крај Вардарот
бие гласот на непокорот.
Рефрен:...


СИТЕ МОМИ ТИКВЕШАНКИ

Сите моми тиквешанки,
бело грозје берат, (2)
бело грозје берат, мамо бре,
бели пари земат. (2)

Бели пари земат, мамо бре,
на ѓердан ги нижат, (2)
на ѓердан ги нижат, мамо бре,
на гуша ги носат. (2)

На гуша ги носат, мамо бре,
ергени да гледат, (2)
ергени да гледат, мамо бре,
мераци да фрлат. (2)


Нови стихове

КЪРВЯЩИ СПОМЕНИ

Очите
имат
силата
вълшебна:
освен
да плачат
и разсмиват,
те и снимат,
и намигат.

Дълбоко
в пещерата
хладна
езика
под сурдинка
съска,
блъска,
без да пита -
рита
ту наляво,
ту надясно -
всяка
буйна
дума
с марш
обръща,
за да мине
между
строя
лъскав
на зъбите.

Маскирани.
Неканени.

Войските
гръцки,
български
и сръбски
нападат
мирните
села
и градове
на Македония.

Засъхнала,
кръвта
на щика
от векове
разказва

на този
свят -
жесток
и алчен -
спомени
кървящи.

За трите
бойни
щика
на войската.

Тя окупира
и земята
македонска
с бомби
и бойни
танкови
машини.

И жито
скрито
на войнишки
хляб
замесен.

Избиха
куци
старци
снежнокоси
и деца
невръстни.
Убиват
безразсъдно
вярата,
пулсираща
в доброто.

Народа
по принуда
закова
прозорци
и врати
с пирони
и резета.

Разля
се кръв
и дим
барутен
по тавани
и мазета.

Настана
страшна
паника
ужасна
от танкови
снаряди
и картечен
огън.

Избухна
кървав
облак
от гърдите
на земята
македонска.

Дочу
се грак
на птици
в пламъци,
за помощ
от струя
въздух.

И този
миг
развихрен
млад
орел
излита
от гранита
на Пирина.

Прозорец
тъмен
между
облак
кървав той
със силен
мах
отвори.

От него
уморено
слънце
македонско
се показа.

Погледна
от високо
тъжната
душа
на тъмната
земя
македонска.

Една
ръкойка
светлина
отряза
от снопа
негов -
вечно
светещ
и сърдечен.

Оазис
светещ
в спомените
кървави
остави -
за поколенията
идващи.

И тръгна
по пътеката
житейска
на душата.


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting