Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Одбележана 69-годишнината од депортацијата на Евреите

МАКЕДОНИЈА ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖЕРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ

(Преземено од МИМ)


Еврејската заедница во Македонија вчера со повеќе настани одбележа 69 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат, каде што бил собирниот центар од каде што биле испратени на последното патување во логорот на смртта, цвеќе положија делегации на Еврејската зедница, на Владата, на Собранието, нa политичките партии и голем број други организации.

- Денес се навршуваат 69 години од депортацијата на нашите роднини, сограѓани, комшии и пријатели кои недолжни, на најсвиреп начин беа ликвидирани од страна на најмонструозните злосторници во Втората светска војна – рече претседател на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ.

Во ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски власти, уапсени биле 7.144 Евреи.

На 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил земен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде што веднаш биле егзекутирани. Не се знае точно како - има теорија дека бил фрлен гас во вагоните, а според некои сведоци од СС-офицерите, тие биле истоварани и веднаш пренесени во гасни комори.

Депортирањето остави длабоки траги на малкутемина Евреи кои се спасиле од егзодусот и кои денес со солзи во очите се сеќаваат на вресоците од пред 69 години, кога нацистите ги носеле нивните родители и роднини на патот на смртта. На овие настани се сеќаваат и повозрасните Македонци, сведоци од Штип и од Битола.

Цвеќе беше положено и пред спомениците на депортираните Евреи и на борците загинати во НОБ на гробиштата во Бутел. Во Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи беше отворена изложба „Детски приказни“ - цртежи на деца од гетото Терезин, кои во 1943-1944 година сликале на часовите по уметност на Фридл Дикер-Брандис, за да заборават на суровиот свет зад ѕидот. Многу од нив не ја дочекале есента 1944 зашто биле депортирани во Аушвиц.

Одбележувањето на годишнината беше проследено и со комеморативен концерт во Домот на АРМ, а денес ќе продолжи со чествувања на жртвите на холокаустот во Битола и во Штип, градови во кои, покрај Скопје, пред Втората светска војна живееле најголем број Евреи.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ПОКАНА
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 22 април 2012 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 97-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени. Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Нова книга
“НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ А. ДЕН ДОЛАРД”

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе новата книга од писателот Мишо Јузмески под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.
Книгата е плод на долгогодишното истражување на авторот на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард, а нејзиното излегување се поклопува со 111 годишнината од неговото раѓање. Преку текстот во книгата, меѓу другото, читателот се запознава со содржината и значењето на двете најзначајни книги за Охрид и за Македонија од холандскиот автор.
Книгата е достапна во КЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ во Охрид кадешто и оваа година ќе биде отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

Македонија пее

ДУШМАНИ ЕДНАШ ЗАПАМЕТЕТЕ

Крвопис ние војската
ослепената самоилова
тука се и гробовите
од јунаците Илинденците. (2)

Рефрен:
Душмани еднаш запаметете
сме постоеле и Ќе постоиме
нашата мила Македонија
не одгледала за да ја браниме. (2)

Крвопис ние Ваташа
за дечињата тринаесмината
другари што изгинаа
по затворите од Сверовите. (2)

Рефрен:...

Крвопис ние Пиринот
до ден денешен не ослободен
истото е и со Егејот
бело морскиот Македонскиот. (2)

Рефрен:...


ЗАЈДИ, ЗАЈДИ, ЈАСНО СОНЦЕ

Зајди, зајди јасно сонце,
зајди, помрачи се,
и ти јасна ле, месечино,
бегај удави се. (2)

Црнеј горо, црнеј сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја ле, горо,
јас за мојта младост. (2)

Твојте лисја, горо сестро,
пак Ќе ти се вратат,
мојта младост горо ле, сестро,
нема да се врати. (2)


Нови стихове

С В А Т Б А

„Мojта свадба без песна ќе биде...”
Народна песна



Време е.
Време е вече.
Трябва да тръгваме.
Невестата чака отдавна.
Църквата от тъмно е отворена -
сватба ще вдигаме,
сватба голяма,
сватба -
за всичките идни столетия.

Но жениха се бави,
женихът още го няма.
Не ти ли омръзна да чакаш,
гиздава синеока невесто,
и вече не тръпнеш ли цяла,
че сватбата няма да стане?

Вярвай на своя избраник,
синеока красавице,
чакай го -
той е верен на двойната клетва.
Скоро, скоро ще дойде,
много сватбари ще води -
сега ги калесва.

Така му заръчаха старите сватове.
Старите сватове...
Не тъгувай по тях.
Те поляха със своя живот
Твой’та цветна градина,
безименни те обезсмъртяваха,
с твоето име
вървяха към безсмъртието,
за да бъдат завинаги с нас -
дори и от гроба,
дори от отвъдното.

Старите сватове...
Да запалим свещица за тях
и да тръгнем.

Сега всички сватбари са млади,
млади и хубави –
като твоя жених.
Чакай ги,
църквата нека отворена бъде,
всички камбани да бият.
Сватбарите идат.
Сватбата скоро ще почне.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting