Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Европратениците најавуваат засилено лобирање во ЕУ и ЕП за Македонија

РИЧАРД ХОВИТ ЈА ДОБИ БИТКАТА ЗА “МАКЕДОНСКИ”

(Преземено од весник "Вечер")


Врз Скопје и Атина се врши притисок да се најде решение за проблемот со името, со што ќе се деблокираат евроинтегративните процеси во Македонија, велат европратениците, кои најавуваат и засилено лобирање во европските престолнини со цел Советот на ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори

Европскиот парламент вчера во Стразбур ја усвои Резолуцијата за напредокот на Македонија, 582 европратеници гласаа "за" и јасно уште еднаш побараа земјата во најкус рок да добие датум за преговори со ЕУ.

- Статус квото не може да продолжи. Ние се ангажиравме кон земјите од Балканот за да им дозволиме да станат членки на ЕУ. Земјата за која јас сум одговорен, нагласувам, нејзиното зачленување во ЕУ е многу важно. Не само за неа, туку и за другите земји од Балканот и затоа таа не смее да се остави настрана, нагласува известувачот за Македонија британскиот лабурист Ричард Ховит.

На прашањето како ќе биде спроведена неговата резолуција на дело и како ќе се убеди Советот на ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите, известувачот за Македонија одговара: Да успееме да добиеме поддршка од мнозинството на земјите што ќе дозволи да се најде решение за преговорите да почнат. Јас ја поздравувам најавата на данското претседателство кое рече дека е подготвено да помогне и да го стави на дневниот ред на Советот ова прашање, за време на нивното претседавање. Тоа покажува дека нештата се можни, мојата работа е тоа што е можност да се претвори во реалност".

Притоа Ховит открива дека се врши притисок врз Скопје и Атина да најдат решение за името.

- Ние во ЕУ и во ЕП вршиме притисок врз двете страни за да има можно решение. Ние сме тие што треба да ги направиме нештата можни. Не можеме да останеме настрана и да критикуваме, туку треба да создадеме услови за да се успее, што ќе дозволи преговорите да започнат", додава британскиот лабурист Ричард Ховит.

Германскиот европарламентарец Бернд Поселт од редовите на Народните партии, кој не ги крие симпатиите кон Македонија во изјава за Дојче Веле го повторува ставот на Ховит.

- Ние сега организираме иницијативи во сите престолнини, каде разговараме со владите и истовремено подготвуваме прашања за Советот кои ќе му бидат поставени на пленарна сесија на ЕП. Истовремено ги координираме и активностите со Европската комисија која исто како и комесарот Штефан Филе се залага за почеток на преговорите. Јас исто така разговарам со моите грчки колеги за да му стават крај на оваа неверојатна блокада. Тоа е неприфатливо за Европа, вели Поселт.

На Гркот и Литванецот не им успеа!

Во Резолуцијата за напредокот на Македонија, што ја усвои ЕП, британскиот европарламентарец Ричард Ховит повторно ја враќа придавката македонски, употребувајќи ги термините македонски јазик, македонски идентитет, македонска култура.

- Обидот да се избрише употребата на “македонски" во Извештајот за ЕП за влез на државата во ЕУ не успеа - 590 од 686 гласаа да се задржи употребата на терминот, напиша Ховит очигледно задоволен на својот Твитер профил веднаш по гласањето.

Со ова се отфрлени амандманите на грчкиот европратеник Николаос Салавракос, поддржан од Литванецот Роландас Паксас, со кои се бараше бришење од Резолуцијата на терминот “македонски", како и поздравувањето на успехот на македонските кошаркари на Европското првенство. Покрај ова во Извештајот избришан е и делот на Бугарите дека Македонија краде идентитет од соседите.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПОКАНА
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 22 април 2012 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 97-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени. Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Нова книга
“НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ А. ДЕН ДОЛАРД”

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе новата книга од писателот Мишо Јузмески под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.
Книгата е плод на долгогодишното истражување на авторот на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард, а нејзиното излегување се поклопува со 111 годишнината од неговото раѓање. Преку текстот во книгата, меѓу другото, читателот се запознава со содржината и значењето на двете најзначајни книги за Охрид и за Македонија од холандскиот автор.
Книгата е достапна во КЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ во Охрид кадешто и оваа година ќе биде отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

Македонија пее

ДУШМАНИ ЕДНАШ ЗАПАМЕТЕТЕ

Крвопис ние војската
ослепената самоилова
тука се и гробовите
од јунаците Илинденците. (2)

Рефрен:
Душмани еднаш запаметете
сме постоеле и Ќе постоиме
нашата мила Македонија
не одгледала за да ја браниме. (2)

Крвопис ние Ваташа
за дечињата тринаесмината
другари што изгинаа
по затворите од Сверовите. (2)

Рефрен:...

Крвопис ние Пиринот
до ден денешен не ослободен
истото е и со Егејот
бело морскиот Македонскиот. (2)

Рефрен:...


ЗАЈДИ, ЗАЈДИ, ЈАСНО СОНЦЕ

Зајди, зајди јасно сонце,
зајди, помрачи се,
и ти јасна ле, месечино,
бегај удави се. (2)

Црнеј горо, црнеј сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја ле, горо,
јас за мојта младост. (2)

Твојте лисја, горо сестро,
пак Ќе ти се вратат,
мојта младост горо ле, сестро,
нема да се врати. (2)


Нови стихове

С В А Т Б А

„Мojта свадба без песна ќе биде...”
Народна песна



Време е.
Време е вече.
Трябва да тръгваме.
Невестата чака отдавна.
Църквата от тъмно е отворена -
сватба ще вдигаме,
сватба голяма,
сватба -
за всичките идни столетия.

Но жениха се бави,
женихът още го няма.
Не ти ли омръзна да чакаш,
гиздава синеока невесто,
и вече не тръпнеш ли цяла,
че сватбата няма да стане?

Вярвай на своя избраник,
синеока красавице,
чакай го -
той е верен на двойната клетва.
Скоро, скоро ще дойде,
много сватбари ще води -
сега ги калесва.

Така му заръчаха старите сватове.
Старите сватове...
Не тъгувай по тях.
Те поляха със своя живот
Твой’та цветна градина,
безименни те обезсмъртяваха,
с твоето име
вървяха към безсмъртието,
за да бъдат завинаги с нас -
дори и от гроба,
дори от отвъдното.

Старите сватове...
Да запалим свещица за тях
и да тръгнем.

Сега всички сватбари са млади,
млади и хубави –
като твоя жених.
Чакай ги,
църквата нека отворена бъде,
всички камбани да бият.
Сватбарите идат.
Сватбата скоро ще почне.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting