Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ИМЕТО МАКЕДОНИЈА - НОЌНА МОРА ЗА ГРЦИЈА

Гордана Димовска


Во ситуација на економски колапс, безредија, демонстрации и палење на сопствените згради, се чини како на маките и страдањата на јужниот сосед да им нема крај… А барањата на Македонија за зачленување во ЕУи НАТО, без срам и немилосрдно ги оспоруваат и стопираат. Е тука не губат време, па макар и пред ситуација на банкрот. Кога е во прашање Македонија, секогаш изнаоѓаат начини и разработена стратегија, па и поддршка за да го попречат нејзиниот развој.

Сме страдале во минатото и ден денес. Не можам да не го цитирам учителот Димитрија Македонски кој во 1846 година рекол: ‘‘Од бога било пишано мојата татковина, да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство“. И ден денес го убедуваат светот во тоа што не се, ја ‘советуваат’ ЕУ и Македонија за тоа какви услови треба да исполни за да се зачлени во евроатлантските структури. А тие си изградија историја, грчка цивилизација со измислени податоци, сокривање на вистината, крадење на македонскиот антички идентитет.

Под силните наслови ‘Античките Македонци беа Грци’, ‘Филип Втори ги обедини Грците’, ‘4000 години, Грчка цивилизација’, и ‘Македонија беше ослободена во 1912-1913 година’, ја ставија во сенка македонската вистина и се направија потомци на Александар Македонски. Згора на тоа тврдат дека Грција е демократска земја, етнички чиста и во неа преовладува грчката раса. Категорички изјавуваат дека нема Македонци, Турци, Власи, Албанци во Грција. Го негираат македонскиот јазик како посебен, а Кирил и Методиј за нив се Грци.

Со децении вешто избегнуваат одговорност за стотината илјади Македонци кои ја напуштија Грција по Граѓанската војна во 1949 година од кои 29.000 беа деца. Заминаа по белиот свет, протерани од своите родни огништа, разделени од својата земја, од своите најблиски по патот на неизвесноста. Грција денес прави т.н спор околу името само да избегне да даде отчет, односно да најде решение за обесштетување за имотите и враќање на државјанствата. Не сака да го врати државјанството и да ги рехабилитира Македонците, бидејќи сите овие луѓе, нивните потомците и фамилиите се свесни за своето македонско потекло и македонски идентитет.

Треба ли денес да се преговара со некој кој свесно ја искривува историјата, не признава малцинства, не признава постоење на Македонија како самостојна и суверена држава и го скратува нејзиното историско право да се нарекува тоа што е?

Повеќе од јасно е дека зборот ‘Македонија’ е ноќна мора за Грција која ја измачува и прогонува се додека не го признае македонското малцинство, македонското име, македонската држава.

Се гордееме со имињата на нашите борци во минатото, на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и безброј други кои достоинствено застанаа пред предизвиците и ги положија своите животи за слободата на Македонија. Тоа доволно сведочи за тоа дека македонскиот народ никогаш не потклекнал и не се помирил со тирании, ропства, окупации. Напротив, секогаш се бореше за своја национална слобода, да го сочува идентитетот, јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. И во обиди на бугарска пропаганда во Македонија, националниот деец Темко Попов во едно писмо од 1888 изјавил: ‘Да не се лажеме Деспоте, националниот дух во Македонија е стигнат до такво дереџе да и самиот Исус Христос да слезе од небото не можи да го увери Македонецот дека е нешто друго освен Македонец’.

Така треба и денес, и секогаш да се зајакнува македонското национално ткиво и да не се ставаме во позиција да ја преиспитуваме нашата припадност, државност, историја и идентитет.

Сите фабрикувани грчки лаги им влеваат дополнителен страв и најава за уривање на тој некаков грчки историски континуитет. Со надеж дека ќе дојде ден да се казнат нивните обиди за присвојување на античката македонска историја и култура па и нивните незаситени апетити за присвојување на македонската земја во нејзините природни географски граници.

Познато е дека и многу други народи во светот, во одреден историски период, му давале предност на некој странски јазик и култура (латински, француски, германски итн) но ниедна од нив само поради тоа не си го сменила државниот идентитет. Па зошто Македонија да го направи тоа?

Македонија е една, Македонија никогаш е била ниту ќе биде грчка. Дури и во најстарите познати мапи на античкиот свет, Грција и Македонија секогаш биле јасно разграничени како две посебни територии и држави. Иако на ниедна од мапите, двете држави не се прикажани во единствени граници под едното или под другото име, тогаш - до кога чесниот и добронамерен човек по светот ќе се прашува - Како треба да се именува некој што не покажува оригинален доказ, а обвинува друг дека му го фалсификува?

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ПОКАНА
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 22 април 2012 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 97-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени. Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Нова книга
“НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ А. ДЕН ДОЛАРД”

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе новата книга од писателот Мишо Јузмески под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.
Книгата е плод на долгогодишното истражување на авторот на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард, а нејзиното излегување се поклопува со 111 годишнината од неговото раѓање. Преку текстот во книгата, меѓу другото, читателот се запознава со содржината и значењето на двете најзначајни книги за Охрид и за Македонија од холандскиот автор.
Книгата е достапна во КЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ во Охрид кадешто и оваа година ќе биде отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

Македонија пее

ДУШМАНИ ЕДНАШ ЗАПАМЕТЕТЕ

Крвопис ние војската
ослепената самоилова
тука се и гробовите
од јунаците Илинденците. (2)

Рефрен:
Душмани еднаш запаметете
сме постоеле и Ќе постоиме
нашата мила Македонија
не одгледала за да ја браниме. (2)

Крвопис ние Ваташа
за дечињата тринаесмината
другари што изгинаа
по затворите од Сверовите. (2)

Рефрен:...

Крвопис ние Пиринот
до ден денешен не ослободен
истото е и со Егејот
бело морскиот Македонскиот. (2)

Рефрен:...


ЗАЈДИ, ЗАЈДИ, ЈАСНО СОНЦЕ

Зајди, зајди јасно сонце,
зајди, помрачи се,
и ти јасна ле, месечино,
бегај удави се. (2)

Црнеј горо, црнеј сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја ле, горо,
јас за мојта младост. (2)

Твојте лисја, горо сестро,
пак Ќе ти се вратат,
мојта младост горо ле, сестро,
нема да се врати. (2)


Нови стихове

С В А Т Б А

„Мojта свадба без песна ќе биде...”
Народна песна



Време е.
Време е вече.
Трябва да тръгваме.
Невестата чака отдавна.
Църквата от тъмно е отворена -
сватба ще вдигаме,
сватба голяма,
сватба -
за всичките идни столетия.

Но жениха се бави,
женихът още го няма.
Не ти ли омръзна да чакаш,
гиздава синеока невесто,
и вече не тръпнеш ли цяла,
че сватбата няма да стане?

Вярвай на своя избраник,
синеока красавице,
чакай го -
той е верен на двойната клетва.
Скоро, скоро ще дойде,
много сватбари ще води -
сега ги калесва.

Така му заръчаха старите сватове.
Старите сватове...
Не тъгувай по тях.
Те поляха със своя живот
Твой’та цветна градина,
безименни те обезсмъртяваха,
с твоето име
вървяха към безсмъртието,
за да бъдат завинаги с нас -
дори и от гроба,
дори от отвъдното.

Старите сватове...
Да запалим свещица за тях
и да тръгнем.

Сега всички сватбари са млади,
млади и хубави –
като твоя жених.
Чакай ги,
църквата нека отворена бъде,
всички камбани да бият.
Сватбарите идат.
Сватбата скоро ще почне.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting