Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Маковеј:

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

(Преземено од МИА)


Македонија треба да добие датум за почнување на преговори за пристапување кон Европската унија врз основа на постигнатите резултати, смета европратеничката Моника Маковеј.
- Не е фер ниту праведно, државата да се условува со барањето за решавање на името. Точно е дека треба да има коректни односи со соседите, но тоа не е причина процесот за пристапување да не продолжи, односно Македонија повторно да не добие датум за старт на преговорите дополни Маковеј.
Потсетува дека три години по ред Европската комисија дава препорака за почеток на преговори, но Советот не донесува одлука.
- Сигурна сум дека станува збор за големото влијание на грчкото лоби, и затоа повторувам дека со тоа треба да се престане, особено по Хашката пресуда, потенцира Маковеј. Таа смета дека токму оттаму потекнува фрустрацијата во Македонија, која впрочем е и сосема разбирлива.
Според неа, давањето на датум за почеток на преговорите значи на надлежните институции да им се даде работна задача.
Кога би се отвориле поглавјата 23 и 24 паралелно со доделувањето на датум, македонските власти би биле поангажирани во спроведувањето на реформите, појасни Маковеј.
За неа е неразбирлив дури и изненадувачки игнорантскиот однос спрема Хашката пресуда - пресуда од највисокиот меѓународен суд на правдата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ПОКАНА
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 22 април 2012 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 97-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени. Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.

Нова книга
“НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ А. ДЕН ДОЛАРД”

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе новата книга од писателот Мишо Јузмески под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.
Книгата е плод на долгогодишното истражување на авторот на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард, а нејзиното излегување се поклопува со 111 годишнината од неговото раѓање. Преку текстот во книгата, меѓу другото, читателот се запознава со содржината и значењето на двете најзначајни книги за Охрид и за Македонија од холандскиот автор.
Книгата е достапна во КЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ во Охрид кадешто и оваа година ќе биде отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

Македонија пее

ДУШМАНИ ЕДНАШ ЗАПАМЕТЕТЕ

Крвопис ние војската
ослепената самоилова
тука се и гробовите
од јунаците Илинденците. (2)

Рефрен:
Душмани еднаш запаметете
сме постоеле и Ќе постоиме
нашата мила Македонија
не одгледала за да ја браниме. (2)

Крвопис ние Ваташа
за дечињата тринаесмината
другари што изгинаа
по затворите од Сверовите. (2)

Рефрен:...

Крвопис ние Пиринот
до ден денешен не ослободен
истото е и со Егејот
бело морскиот Македонскиот. (2)

Рефрен:...


ЗАЈДИ, ЗАЈДИ, ЈАСНО СОНЦЕ

Зајди, зајди јасно сонце,
зајди, помрачи се,
и ти јасна ле, месечино,
бегај удави се. (2)

Црнеј горо, црнеј сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја ле, горо,
јас за мојта младост. (2)

Твојте лисја, горо сестро,
пак Ќе ти се вратат,
мојта младост горо ле, сестро,
нема да се врати. (2)


Нови стихове

С В А Т Б А

„Мojта свадба без песна ќе биде...”
Народна песна



Време е.
Време е вече.
Трябва да тръгваме.
Невестата чака отдавна.
Църквата от тъмно е отворена -
сватба ще вдигаме,
сватба голяма,
сватба -
за всичките идни столетия.

Но жениха се бави,
женихът още го няма.
Не ти ли омръзна да чакаш,
гиздава синеока невесто,
и вече не тръпнеш ли цяла,
че сватбата няма да стане?

Вярвай на своя избраник,
синеока красавице,
чакай го -
той е верен на двойната клетва.
Скоро, скоро ще дойде,
много сватбари ще води -
сега ги калесва.

Така му заръчаха старите сватове.
Старите сватове...
Не тъгувай по тях.
Те поляха със своя живот
Твой’та цветна градина,
безименни те обезсмъртяваха,
с твоето име
вървяха към безсмъртието,
за да бъдат завинаги с нас -
дори и от гроба,
дори от отвъдното.

Старите сватове...
Да запалим свещица за тях
и да тръгнем.

Сега всички сватбари са млади,
млади и хубави –
като твоя жених.
Чакай ги,
църквата нека отворена бъде,
всички камбани да бият.
Сватбарите идат.
Сватбата скоро ще почне.


ПЕТЪР МИЦКОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting