Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Најнова книга: "Македонски преродбенски ХIХ век" (3) од акад. Блаже Ристовски:

ВО ХIХ ВЕК НАУКАТА НЕ ЗНАЕЛА НИШТО ЗА БАЛКАНСКИТЕ ЈАЗИЦИ И НАРОДИ

(Преземено од весник "Вечер")


Истиот однос Европа го имаше и кон Србите. Благодарејќи на дејноста на Српската православна црква во Австрија, се прават напори да се омеѓат и етничките граници на "Србите" не само во Австрија, туку и во Турција. Благодарејќи на периферната положба и особениот интерес на Австрија и Русија, беше подготвено Првото српско востание на Караѓорѓе и беше создадена првата современа српска држава, но претставата за нејзините етнички граници речиси не се протегаа надвор од Белградскиот пашалак. Дури со тоа востание се разви митологијата за Душановото Царство и за Косовската битка што создаде епопеја во народната традиција и преднацрта визија за српските територијални претензии, богато илустрирана и во тогаш создаваното народно творештво презентирано особено од Вук Караџиќ. Тоа се рефлектираше и во историската свест на српскиот народ што потоа го оптоваруваше не само XIX, туку и целиот XX век. Факторот што во условите на шеријатска Турција можеше да ги сугерира граничните линии на одделните етноси, покрај верата, беше пред се јазикот. Но тој можеше да биде релевантен само во однос на несловенските јазици. Најсложена за означување беше етничката граница помеѓу самите словенски етноси, јазици и култури на Балканот. Особено што насекаде има појаси од пошироки лимитрофни подрачја. Во почетокот на XIX век немаат претстава за балканската етничка карта ни мошне истакнати имиња од науката. Вук Караџиќ, на пр., дури во 1822 год. му го откри на светот "бугарскиот јазик" преку македонските трговци од Разлог во Виена.

Македонија лулка на Кирил и Методија

Тогаш рускиот славист П. И. Кепен му обрнува внимание на Вука дека Бугаринот Д. Мустаков му кажал оти разлошкото наречје е од "српската граница", а самиот Караџиќ му одговара дека не знае каде е тоа место, но дека "поскоро ќе биде во Македонија, отколку од српската граница". За да се разјасни прашањето, на 22. IV. 1826 год. Кепен го препорачува Караџиќа пред Руската академија на науките да биде помогнат за да направи истражувања на самото место "зад Дунав", бидејќи "бугарскиот јазик се уште малку ни е познат, а словенскиот дијалект што се користи во Македонија, таа лулка на словенските првоучители Кирил и Методија, и во словенските црковни книги, сосем ни е непознат..." Истражувањето на јазикот на јужните Словени - продолжува Кепен - бездруго бара истражување на јазикот на заддунавските Власи (македонските Власи што се нарекуваат Куцовласи) и јазикот на Албанците, за кои досега толку малку знаеме што некои го вклучуваат во словенското наречје, додека други, со поголема основаност, албанскиот или арнаутскиот јазик го сметаат самостоен, древен, европски". Следствено, не само што В. Караџиќ не прави разлика помеѓу македонскиот и бугарскиот, туку тој и за кирило-методиевскиот јазик вели дека бил "српски или бугарски", а за албанскиот не постоеле ни елементарни информации.

Значи, и православна Русија, независно од старите врски со балканските Словени и православци, немала јасна претстава за етничката карта на Балканот. Вистина, уште во половината на XVIII век Екатерина II од бегалците од Турција создала посебни етнички полкови на Србите, Македонците, Бугарите, Грците и Власите, па во регистрационите книги е фиксирана и нивната народност (за бегалците од Македонија точно е означено дека се декларирале оти се "из македонскои нациеи"). Во времето на Руско-турската војна во 1811 год. било дозволено да се формира и посебна Бугарска земска војска во рамките на руската армија. Сепак, Русија уште немала точна претстава не само за Бугарија и за етничките граници на Бугарите, туку ни за другите денешни народи на Балканот. Токму во времето на етеристичкото движење аѓутантот на главниот командант на руската армија П. И. Пестел предложил проект за државното уредување на европските владенија на Турција во кој предвидува создавање федеративни кнежевства од следниве области: Влахија, Бугарија, Романија (Румелија), Србија, Босна, Албанија, Ливадија, Мореја, Тесалија и Македонија.

Во почетокот на XIX век поголемо значење имале историските традиции и зачуваните имиња на некогашните држави на балканскиот простор, отколку етнокултурните реалности на овдешните народи. Затоа се доградуваат митовите за античката Македонија или за древната Елада, особено за Византија, како и за средновековните привремени царства и кралства на Бугарија, Србија и Дакија и се проучуваат картите со границите на античките и средновековните држави.

Македонци

Така се гради и свеста на населението од тие територии и се зборува за Бугари само на просторот помеѓу Дунав и Стара Планина, за Срби главно во Белградскиот пашалак и во австриска Војводина (под јурисдикција на Карловачката српска православна црква), додека за Македонци на територијата на цела "Румелија" што ги растега границите од Шар Планина, па се до реката Марица и од Солун до Ниш, Софија и Стара Планина. Тоа го потврдуваат и трите мошне значајни документи од август 1829 година напишани од Трифон Неделјович Давидски од "Филипо Поле" (денешен Пловдив) упатени до руската воена команда што напредувала преку Бугарија кон Цариград: неговата долга акростихувана "Песна македонска", прокламацијата "За верата Христова и за верноста на нашата татковина" и меморандумот "Молба и желба" до главниот командант на Руската армија. Тие претставуваат автентичен израз на народот од "праотеческата земја Македонија" и одраз на патриотскиот стремеж на "христијанскиот род што живее во Македонија" и го носи името Македонјанци. Давидски нагласува дека Бугарите живеат на просторот помеѓу Дунав и Стара Планина, а се што е подолу е територија на Македонија и е населено со Македонци.

Благодарејќи на интересите на големите сили, а пред се на "покровителката на православјето" Русија, најрано почнаа да се издвојуваат од Турција народите што беа на периферијата на Империјата. Во 1804 год. (не без поттикот и помошта однадвор) беше кренато востанието на Караѓорѓе Петровиќ во Србија, а потоа (1815) и она на Милош Обреновиќ. Во 1821 год. избувна етеристичкото востание на Грците - најпрвин на островите и во грчките колонии во денешна Романија, а потоа и во самата Грција. По Руско-турската војна со мирот од 1829 година дојде до признанието на државниот статус и на вазална Србија и на новиот меѓународен субјект Грција. По Кримската руско-турска војна, во 1859-1862 година беше извојувана полната слобода и обединувањето на романските кнежевства со истакнување и на обединителното денешно име на државата Романија.

Во тие околности Бугарија и Македонија, словенски и православни земји, како етнокултурни целини, останаа единствени заеднички да ја делат судбината во Европска Турција. Тие беа веќе во иста позиција и спрема Турција и спрема Цариградската патријаршија. Нив ги сврзуваа истите интереси и цели и стоеја пред истите задачи. Дотогашната традиционална црковно-словенска писменост на Балканот, заедно со природните допири во историјата, создаваше претпоставки за заеднички настап. Блискоста на јазикот само ја олеснуваше таа привремена кохезија на стремежите. Она што се случуваше во другите словенски земји не остануваше непознато за Словените во Турција.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Честит юбилей!

Бъди жив и здрав!

На 02. 02. 2012 година Костадин Петков от село Микрево, Благоевградско, навършва 80 години. Той е македонски активист и е един от първите дейци, които основават ОМО "Илинден", а след образуването на ОМО "Илинден" – ПИРИН се включва активно във всички мероприятия, организирани от партията.
Редколегията на вестник "Народна воля" и Председателството на ОМО "Илинден" - ПИРИН му честитят 80-годишния юбилей, като му пожелават здраве и още много, много години активен живот.

140 ГОДИНИ ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ТИТАН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
• Докато рамото ми крепи пушка, македонските планини са недостъпни за български офицери.
• Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Гоце Делчев

Македонија пее

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА

Во илјада деветстотини четириесет и осма
Егеј наш македонски солзи пролеа
Од гради топли мајчински дечиња се откинаа
По светот се распрскаа детски игри оставија

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија

Далечна е пролетта четириесет и осмата
Далеку е детството детство минато
Спомен тажен остана за родна куЌа таткова
Зборот тажен мајчински мајка не заборавајте

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија

Во Европа во Канада во Америка и Австралија
Гласот сложно го кренаа македонците
И ние право имаме слободно да живееме
Во наша земја таткова мајка Македонија

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија


ВИНО ПИЈАМ, ЕМ РАКИЈА

Вино пијам, ем ракија, (2)
коња јавам, аџамија. (2)

Коњ ме шета горе-доле, (2)
горе-доле, низ тоа поле. (2)

Ме однесе в ладна меана, (2)
во меана до три моми. (2)

Прва точи, друга носи, (2)
а, третата мене ме гледа. (2)

Па ја качив на кончето, (2)
ја однесов право дома. (2)


Поезия

НОВОГОДИШНО

За първи път, откакто с вас сме заедно,
на срещата ни аз дойдох последен.
Не ме корете –
исках всички да сте сбрани,
да видя как заражда се надежда,

да видя как в очите заблестяват
искри на огън,
топлогривест, чист,
и засиява,
бавно засиява
живителния пламък в болните очи,

да видя, че не хленчите страхливо,
не плюете със злоба към света,
да видя, че сте живи,
живи,
живи,
че гледате след дълга слепота.

Дванайсет след минута ще удари.
Да се изправим всички на крака.
О, как сте хубави, приятели,
другари –
бих искал винаги да е така.

Как искам…
Но във нашата градина
изтъпкани са всичките цветя.
Отива си поредната година.
А новата?
Какво ни носи тя?

Приятели,
да вдигнем чаши,
пълни
със вино като слънцето на моят Юг.
Да ги изпием наведнъж,
до дъно –
надеждите ни да не свършат тук.

Реката утре пак ще ни помъкне,
ще ни търкаля в мътните води,
за да се лутаме без път,
по мръкнало
да търсим брод.
Дали ще победим?

От нас зависи.
Смятат, че сме слаби,
че ни прекършиха
ей тъй –
без бой,
че се предадохме
и липсват само баби
и попове –
да служат упокой.

Пак сметка без кръчмар.
Затуй не ще приседна,
ще бдя накрак,
ще бдя накрак до вас.
Помнете –
тази нощ не е последна –
тя, душеядката, е покрай нас,
и в нас.

И трябват сили,
трябват много сили,
за да прочистим свойте дробове,
от първото дихание попили
горчилка на години–векове.


ПЕТЪР МИЦКОВ

СВЕТЪТ МЪЛЧИ

От векове
лъжата,
угоена,
ръфа
Македония
в сърцето.

Подмолно
угоявана
от българи
и гърци,
тя стана
страшно
много
по-модерна,
по-промита,
по-открита,
по-доволна
от тая
нова
фина
грация.

Сега
преследват
стъпките
на нашите
мисли,
че обичат
майка
Македония.

Притискат
порите
на чувствата,
с които
диша
майката
родина.
Макар
че има
самородно
име
и история -
от хълма
на историята
македонска -
изгряло,
слънце
просветлено
се изправи.

Пред погледа
кръвясал
на историята,
омърсявана
от българи
и гърци
с купени
агенти
историци.

Пред тях
с лице
без грим
и маска –
целуна
на съдбата
живата
голгота
македонска.

И тръгна
по пътеката
житейска на сърцето!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting