Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Никола Груевски:

РАЗГОВОРИТЕ ВО ЊУЈОРК ПОКАЖАА ДЕКА ГРЦИЈА НЕ САКА РЕШЕНИЕ

(Преземено од в.„Дневник")

Последната рунда разговори околу надминување на проблемот со името што го наметна Грција пред 15-20 години практично ги потврди моите претходни претпоставки дека Атина ќе се обиде само да купува време и да ја игра онаа игра "плеј гејмс" со која ќе сака да се претстави дека таа прави се, прави многу напори да се реши проблемот, додека ние сме тие тврдите и непопустливи што не сакаме да го решиме проблемот, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

- Од информациите што ги добив беше јасно дека медијаторот Нимиц сакаше да дојде во Скопје и во Атина во текот на февруари. Тој дури и понуди два датума, мислам дека едниот беше 4 февруари, а вториот 15 февруари, но од другата страна не наиде на експанзивност. Еве јас и јавно потврдувам дека ние сме максимално подготвени и на 4 и на 15 февруари да го пречекаме, да го примиме и да разговараме или на кој било друг датум што тој ќе го одреди во комуникација со Грција. Останува да видиме дали Грција ќе се согласи да го прими бидејќи тој ако доаѓа треба да дојде во двете држави. Тоа е вообичаена негова пракса. За да нема шпекулации јас јавно ги потврдувам и двата датума и јавно го повикувам да отиде во Атина и да дојде во Скопје бидејќи така е договорено, прво во Атина па во Скопје, за да ги продолжиме разговорите, рече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ "11 Октомври".

Вели дека жали што Грција се обидува на таков начин да купува време за, како што наведе, да дојде периодот некаде крајот на март кога ќе кажат сега имаме избори, не можеме да разговараме.

- Меѓутоа, тоа беше практично најавено по постапките коишто претходно ги видовме, постапки во кои се презентираа најрадикалните позиции кои го одвраќаат кој било во Македонија за да се постигне решение. Жалам што е тоа така и жалам што се уште меѓународната заедница на некој начин ги затвора очите пред она што го прави Грција. Зошто го прави тоа, останува да видиме во следниот период. Меѓутоа, се надевам дека како времето ќе минува така овој однос на Грција ќе наидува на се помалку поддршка кај меѓународната заедница и дека нема да може вечно на оваа карта со купување време, изјави Груевски.

За грчките обвинувања за пародијата на Вевчанскиот карневал, премиерот оцени дека наведувањето на вевчанските маски како причина да се одложат разговорите за надминување на еден од најголемите проблеми на Балканот, како и залажувањето на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, не е ништо друго освен една поголема пародија отколку што е таа во Вевчани.

- Ќе потсетам дека Република Македонија имаше јасна пресуда на Меѓународниот суд на правдата и ако се следи ситуацијата правно имаме една чиста и јасна ситуација во која е сосема јасно искажано од Судот дека Грција како земја-членка на НАТО ја доведе во заблуда целата Организација, целиот НАТО кој донесе заклучок, што беше донесен на некој начин во ситуација на заблуда откако претходно една земја-членка, а тоа е Грција, направи редица незаконски дејствија кои подоцна Судот ги осуди и укажа дека тоа не смее да се повтори. Ние ќе продолжиме да работиме за нашето членство во НАТО и во ЕУ и убеден сум дека не може вечно да трае овој однос на Грција и толеранцијата што ја имаат партнерите и сојузниците за тоа кој кога и каде независно има избори во моментот па заради тоа има одредени политички калкулации. Еден ден на оваа игра на Грција мора да и биде ставен крај, истакна Груевски.

Прашан за коментар за изјавите на американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер, дека е потребно повеќе храброст за решавање на проблемот, македнскиот премиер одговори: "се разбира дека ние ќе правиме се да имаме поголема храброст, но исто така и другите земји-членки на НАТО треба да имаат храброст и да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата".

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Честит юбилей!

Бъди жив и здрав!

На 02. 02. 2012 година Костадин Петков от село Микрево, Благоевградско, навършва 80 години. Той е македонски активист и е един от първите дейци, които основават ОМО "Илинден", а след образуването на ОМО "Илинден" – ПИРИН се включва активно във всички мероприятия, организирани от партията.
Редколегията на вестник "Народна воля" и Председателството на ОМО "Илинден" - ПИРИН му честитят 80-годишния юбилей, като му пожелават здраве и още много, много години активен живот.

140 ГОДИНИ ОТ РОЖДЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЯ ТИТАН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
• Докато рамото ми крепи пушка, македонските планини са недостъпни за български офицери.
• Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Гоце Делчев

Македонија пее

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА

Во илјада деветстотини четириесет и осма
Егеј наш македонски солзи пролеа
Од гради топли мајчински дечиња се откинаа
По светот се распрскаа детски игри оставија

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија

Далечна е пролетта четириесет и осмата
Далеку е детството детство минато
Спомен тажен остана за родна куЌа таткова
Зборот тажен мајчински мајка не заборавајте

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија

Во Европа во Канада во Америка и Австралија
Гласот сложно го кренаа македонците
И ние право имаме слободно да живееме
Во наша земја таткова мајка Македонија

Каде сте македончиња
Каде сте кај отидовте
жално плаче мајка егејска
За вас плаче Македонија


ВИНО ПИЈАМ, ЕМ РАКИЈА

Вино пијам, ем ракија, (2)
коња јавам, аџамија. (2)

Коњ ме шета горе-доле, (2)
горе-доле, низ тоа поле. (2)

Ме однесе в ладна меана, (2)
во меана до три моми. (2)

Прва точи, друга носи, (2)
а, третата мене ме гледа. (2)

Па ја качив на кончето, (2)
ја однесов право дома. (2)


Поезия

НОВОГОДИШНО

За първи път, откакто с вас сме заедно,
на срещата ни аз дойдох последен.
Не ме корете –
исках всички да сте сбрани,
да видя как заражда се надежда,

да видя как в очите заблестяват
искри на огън,
топлогривест, чист,
и засиява,
бавно засиява
живителния пламък в болните очи,

да видя, че не хленчите страхливо,
не плюете със злоба към света,
да видя, че сте живи,
живи,
живи,
че гледате след дълга слепота.

Дванайсет след минута ще удари.
Да се изправим всички на крака.
О, как сте хубави, приятели,
другари –
бих искал винаги да е така.

Как искам…
Но във нашата градина
изтъпкани са всичките цветя.
Отива си поредната година.
А новата?
Какво ни носи тя?

Приятели,
да вдигнем чаши,
пълни
със вино като слънцето на моят Юг.
Да ги изпием наведнъж,
до дъно –
надеждите ни да не свършат тук.

Реката утре пак ще ни помъкне,
ще ни търкаля в мътните води,
за да се лутаме без път,
по мръкнало
да търсим брод.
Дали ще победим?

От нас зависи.
Смятат, че сме слаби,
че ни прекършиха
ей тъй –
без бой,
че се предадохме
и липсват само баби
и попове –
да служат упокой.

Пак сметка без кръчмар.
Затуй не ще приседна,
ще бдя накрак,
ще бдя накрак до вас.
Помнете –
тази нощ не е последна –
тя, душеядката, е покрай нас,
и в нас.

И трябват сили,
трябват много сили,
за да прочистим свойте дробове,
от първото дихание попили
горчилка на години–векове.


ПЕТЪР МИЦКОВ

СВЕТЪТ МЪЛЧИ

От векове
лъжата,
угоена,
ръфа
Македония
в сърцето.

Подмолно
угоявана
от българи
и гърци,
тя стана
страшно
много
по-модерна,
по-промита,
по-открита,
по-доволна
от тая
нова
фина
грация.

Сега
преследват
стъпките
на нашите
мисли,
че обичат
майка
Македония.

Притискат
порите
на чувствата,
с които
диша
майката
родина.
Макар
че има
самородно
име
и история -
от хълма
на историята
македонска -
изгряло,
слънце
просветлено
се изправи.

Пред погледа
кръвясал
на историята,
омърсявана
от българи
и гърци
с купени
агенти
историци.

Пред тях
с лице
без грим
и маска –
целуна
на съдбата
живата
голгота
македонска.

И тръгна
по пътеката
житейска на сърцето!


ПЕТЪР ХРИСТОВ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting