Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
На изборното собрание

АКАДЕМИК ВЛАДО КАМБОВСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

СУНЧИЦА УНЕВСКА


Концептот што Камбовски го најави како одредена новина ја потенцира работата на науката во функција на општеството и на неговиот развој. Професорот по кривично право, д-р Владо Камбовски, е новиот претседател на МАНУ, кој ќе ја наследи оваа функција од академик Георги Старделов. Камбовски беше единствениот предложен кандидат за оваа функција и беше избран на тајно гласање со 26 гласови за. Тој е деветтиот претседател на највисоката научна институција во нејзината 44-годишна историја.

На прашањето до новиот претседател, кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година, за тоа каде ќе се движи Македонската академија на науките и уметностите во следните четири години, академик Камбовски рече дека таа ќе има и лесна и тешка задача. Задачата ќе и биде олеснета со тоа што останува во континуитет со досегашната работа на МАНУ, која на денешниот извештај беше оценета позитивно. Но, она што Камбовски го нарече потежок дел, е планот за реформирањето на МАНУ, неговото прилагодување на предизвиците на новото време, а заедно со тоа и на целата наука за да може да се одговори на тие предизвици.

Реформските процеси, како што рече Камбовски, биле започнати и во овој четиригодишен период и тие ќе продолжат и понатаму. Тие опфаќаат засилување на научно-истражувачката работа, проширување на составот на МАНУ со дописни членови и остварување на законските задачи кои во наредниот период треба да бидат кренати на повисоко рамниште, бидејќи тоа го бара новото време.

Тој најави дека МАНУ во иднина ќе биде поотворена и дека потранспарентно ќе ги изразува своите ставови, но низ својата основна научно-истражувачка дејност. А тоа значи дека МАНУ ќе ја интензивира својата активност, дека за сите клучни прашања кои ја допираат сферата на политиката и на општествениот развој, за спорот околу референцата и нејзината употреба во меѓународните организации, за односите со соседите, тие ќе ги изразуваат своите ставови, но изградени врз одредни научни критериуми. МАНУ ќе расправа за сите тие проблеми, но со својот јазик и дека тие во никој случај нема да се претворат во институција која ќе биде во функција на дневно-политички интереси.

Концептот што тој го најави како одредена новина во работата на МАНУ ја потенцира работата на науката во функција на општеството и неговиот развој. "Концептот на наука за науката се мисли дека горе-долу е надминат и дека научните институции треба низ својата работа да го подготват општеството да одговори на новите предизвици. Но, оваа теза не би требало да доживее некоја вулгаризација, бидејќи тоа не значи наука за политиката, туку за општеството", потенцира Камбовски, кој додаде дека претходниот концепт немаше многу допир со реалноста и тоа придонесе до голем расчекор со реалноста и нејзина немоќ да наметне нови стратегии во ситуацијата на актуелната глобална криза.

Камбовски се согласи со критиката за тоа дека МАНУ е прилично затворена и рече дека во иднина тоа ќе се измени. Дека ова е институција од посебен општествен интерес и таа има должност да ги презентира пред јавноста своите истражувања.

На изборното собрание за потпретседател беше избран Љупчо Коцарев, а за секретар на Академијата Владо Матевски. На седницата требаше да се конституираат и одделенијата и да се изберат секретарите кои се во функција на членови на претседателството.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting