Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Проф. д-р Оливиер Ребелник:

СО ПРЕСУДАТА НА ХАГ ГРЦИЈА ГО ЗАГУБИ СВОЈОТ ОБРАЗ

(Преземено од МИА)


Пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција ги прекршила своите обврски согласно Спогодбата од 1995 година со тоа што ја попречила можноста Македонија да стане членка на НАТО е многу јасна. Пресуда на меѓународното право секогаш има и меѓународно политичко значење и важност и затоа ЕУ и НАТО сега треба да и извршат притисок на Грција да ги промени своите гледишта. Ова го изјави проф.д-р Оливиер Ребелник, експерт по меѓународно право.

На прашањето дали Грција може да го повтори ветото од Букурешт на самитот на НАТО во Чикаго во 2012 година и повторно да ја блокира Македонија, тој укажува оти пресудата од Хаг треба да има влијание, но и оти организации како НАТО имаат свои правила за прифаќање на членство.

- Ако Грција поради внатрешни политички причини, продолжи со овој став, се уште ќе ја блокира Македонија. А тогаш има друг проблем. Тогаш, Македонија би можела да оди повторно пред МСП и да побара да и се нареди да ги почитува обврските од Спогодбата или може да се обрати до Советот за безбедност со барање да донесе одлука дека Грција продолжува да го попречува барањето за членство на Македонија и покрај многу јасната пресуда на МСП донесена деновиве, вели угледниот професор.

Ребeлник, за однесувањето на државите оснивачи на овој суд кон неговите одлуки, како што е и последната во корист на Македонија вели дека тоа е највисокиот судски орган на ОН и најпочитуваната меѓународна судска институција.

- Пресудите на МСП имаат големо влијание, тие се многу важни во објаснувањето на правото и на тој начин тие се следат, се проучуваат, се толкуваат и се користат од страна на сите држави. Сепак, никогаш не треба да заборавите дека сесиите на МСП се само за конкретни спорови помеѓу конкретни држави. Така, и во овој случај, тоа е пресуда за спор помеѓу Македонија и Грција, а одлуките на МСП се обврзувачки само за страните во спорот, односно за Македонија и за Грција, а не и за други земји, вели Ребелник.

Тој смета дека другите земји ќе ја земат предвид пресудата, вклучувајќи ги и оние во НАТО и ЕУ и притисокот на Грција, вели, ќе биде многу посилен.

- Грција ќе биде во многу понеповолна позиција. Не го потценувајте влијанието на таквата комбинација затоа што тоа е што е, комбинација на Грција во меѓународните односи. Грција го загуби својот образ, вели Ребелник.

Одговарајќи на прашањето, дали е можно откажување од разговорите околу името со Грција, професор Ребелник, и за ова има свој одговор:- Ги разбирам вашите чувства, разбирам дека ставот кој верувам е заеднички за многу луѓе не само од Македонија, туку и надвор од неа, дека 16 години е премногу долг период, сепак, во меѓународните односи чувството за време се разликува. Јас и Вие сме човечки суштества, сакаме да видиме дека нештата кои што се погрешни се подобруваат колку што е можно побрзо. Денеска ако е можно. Вчера, уште подобро. Во меѓународните односи понекогаш нештата се одвиваат многу подолго. Државите имаат многу подолга меморија и многу повеќе време. Понекогаш, споровите помеѓу држави остануваат нерешни со декади или дури и цел век. Истото е и во меѓународното право, истакна Ребелник.

Тој со свој став и во однос на фактот дека 134 земји на ОН не признале под уставното име и за тоа дали е можно следниот чекор овој проблем да го заврши Советот за безбедност.

- Секогаш може да се проба да се натераат органите на ОН кои ја носат одлуката за членство како што се СБ и Генералното собрание да го сменат својот став. Обидете се. Меѓутоа, тоа не мора да значи дека ќе резултира со промена на ставот на Грција или на Организацијата. Сепак, од друга страна знаете како е во меѓународната политика, некои држави имаат нешто што другите држави го сакаат. Па така ако една држава сака нешто од друга држава, тие мора да направаат отстапки, а како што знаете Грција токму во овој момент не е во многу поволна позиција во светот, па така можеби тоа може да се искористи како некој вид на промена за или промена на позиција, вели професорот Ребелник.

Експертот по меѓународно право при хашкиот суд на правдата порачува земјата да ги продолжи сите напори во насока на членство во НАТО или ЕУ или други организации.

- Тоа е првата работа. Тоа е важно сега, затоа што тоа се попречуваше до сега, а потоа полека да се работи и да се работи заедно со другите земји кои ја признаа Македонија под уставното име за прифаќање на тоа име во сите меѓународни форуми. Не изгледа дека Грција има волја да ја напушти својата позиција во врска со името, или разликата како што се нарекува. Но, Грција е многу веројатно дека ќе ја промени, мора да ја промени својата позиција во врска со членството во меѓународни организации, сугерира експертот по меѓународно право и за случаите пред Меѓународниот суд во Хаг проф. Оливиер Ребелник.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting