Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Коментира поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор, Робин О'Нил:

ХАГ И ГО РАСЧИСТИ ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

(Преземено од МИА)


Јасната пресуда на Судот во Хаг дека Грција не смее да се противи на македонското членство во НАТО и другите меѓународни институции доколку бараме влез со привремената референца и го расчистува патот на земјава за нејзиното придвижување кон Алијансата, коментира поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор, Робин О'Нил.

- Судот, исто така, дава сеопфатно упатство што се однесува до условите за членството на Македонија штом таа ќе се придружи кон НАТО. Барањето за прием мора да биде направено под референцата ФИРОМ, но во рамки на организацијата Македонија може да продолжи да го користи своето уставно име, а Грција не смее да се противи на тоа. Ова е многу корисно образложение, вели британскиот дипломат за програмата "Порта" на МТВ.

О'Нил смета дека Македонија сега треба да им го привлече вниманието на сите земји-членки на НАТО кон пресудата на Меѓународниот суд, бидејќи таа убедливо наведува дека Грција е обврзана да не се противи на барањето за прием или за членството на Македонија во организации, кон што, всушност, се постигнува значителен неформален придонес.

- Мене ми е јасно дека одлуката за прием на нова членка се донесува со консензус. Ако Грција е се уште резервирана за придржувањето со консензус, другите членки треба да изјават дека Грција во Привремената спогодба ја прифатила обврската да не се противи на придружувањето на Македонија кон НАТО, и дека во согласност со тоа тие ќе можат да одлучат да ја примат Македонија во НАТО дури и во случај на воздржаност на Грција, истакнува О'Нил.

Негов став е дека доколку се тргне настрана прашањето за членство во меѓународни организации, може да се направи напредок кон трајно решавање на прашањето за името, кое политичките партии во Грција дваесет години го одбегнуваат поради тактичка политика предност, а новата, натпартиска влада во Грција сега има можност да го разреши што на Грција ќе и донесе само признание и предност.

Македонија повторно да поднесе
барање за членство во Алијансата

За неодамна избегнатата средба од страна на грчкиот политичар и шеф на Неа демократија Самарас, со македонскиот премиер Груевски во Брисел, британскиот амбасадор порачува дека прв приоритет на македонската влада е да преземе активности со сите земји-членки на НАТО да поднесе барање за повторно разгледување на нејзиното барање за прием во НАТО што е можно поскоро. Барањето за членство е прашање за сите влади на НАТО, а не билатерално прашање помеѓу Македонија и Грција, вели О'Нил. Тој порачува да продолжат преговорите со Грција за прашањето за името со континуирана помош од страна на меѓународен посредник, но не треба да сме изненадени доколку Атина сака време за да ја разгледа пресудата на Судот пред да продолжи со дијалогот.

- Судот во пресудата предвиде многу корисно и далекусежно упатство за прашањето за името како и за толкувањето на Привремената спогодба. Исто така, мора да се присетиме дека владата во Грција е нова и има итни и тешки економски проблеми со кои мора да се справи. Секако дека Македонија мора да покаже добра волја, така што ќе настојува да продолжи со дијалогот колку што е можно побрзо, а верувам дека доколку Македонија и пристапи на Грција, ќе наиде на позитивен одговор, вели Робин О'Нил.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting