Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Иванов:

МАКЕДОНИЈА ПОСВЕТЕНО Е ВКЛУЧЕНА ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ

(Преземено од МИА)


- Алијансата на цивилизациите, дијалогот меѓу цивилизациите, се токму оние нешта кои предолго ни недостигаа. Затоа, мојата земја, Република Македонија, свесна за својата уникатна реалност, подготвена е да ги сподели своите драгоцени искуства во овие области и е толку активно и посветено вклучена во овие иницијативи, истакна претседателот Ѓорге Иванов, обраќајќи се на четвртиот форум на Алијансата на цивилизациите што денеска и утре се одржува во катарската престолнина Доха.
Говорејќи на панел дискусијата "Како културниот диверзитет влијае на развојот", шефот на државата, јави известувачот на МИА, рече дека денес, повеќе од кога било, неопходно е да се организираат средби на највисоко ниво, на кои ќе може да се спознаат вредностите на нашите култури, но и предизвиците со кои се соочуваат.
Според него, со подобро меѓусебно запознавање полесно ќе се увиди дека принципите по кои се води секој човек се исти, независно од тоа од каде потекнува. - Тоа се желбата за слобода, еднаквоста, почитувањето, достоинството. Верувам дека заедништвото на луѓето ќе надвладее, истакна Иванов.
Обраќајќи се пред бројните учесници на форумот, тој додаде дека ниту една голема култура или цивилизација не се развила во изолација, туку, како што рече, низ постојана соработка и натпревар, но честопати и низ конфронтирање со други култури и цивилизации.
- Историјата исто така сведочи дека постојат две основни причини за опаѓањето и пропаста на културите и цивилизациите. Прво, пресекувањето на културните врски со другите цивилизации и, второ, исцрпувачките судири кои секогаш водат кон уништување, жртви и духовни рани на кои им е потребно долго време да зараснат, рече претседателот Иванов, според кого причината за ваквиот судир е отсуството на дијалог, разбирање и заемно почитување.
Наспроти тоа, смета тој, соработката и прифаќањето на светот на различностите секојпат продуцирале трајни вредности и суштински знаења. - Нашата цел е, овде и денес, да ја реафирмираме потребата од градење нови блиски односи со другите религии и цивилизации, рече Иванов, притоа истакнувајќи дека доаѓа ново време кое бара нова парадигма.
Тој посочи дека наместо судир, потребна ни е соработка меѓу цивилизациите за што смета дека постојат услови, само треба да се искористат. - Тоа е алката која недостига, која културата ќе ја стави во функција на развојот. Тоа е алката од која сите повеќекратно ќе имаме корист. Но, до тоа нема да се дојде без акција, ангажман и посветеност, истакна македонскиот претседател кој притоа укажа и на фактот дека испуштеното во минатото, кога разни региони низ светот се стремеа кон сопствена консолидација, денес треба да се надомести со засилен интензитет.
Претседателот Иванов му честита на домаќинот, Емирот на Државата Катар Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, на чија покана учествува на форумот, за иницијативата луѓе од различни земји, од различни религии, кои зборуваат различни јазици, да седнат на заедничка маса и сите посветено да обезбедат подобра иднина за граѓаните, државите, а со тоа и за човештвото во целина.
- Верувам дека овој форум ќе ни овозможи да најдеме решенија на дел од овие суштински предизвици, рече Иванов на крајот од обраќањето.
Високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, поранешниот претседател на Португалија Хорхе Сампајо истакна дека не случајно форумот по првпат се одржува во арапска земја. Неколку месеци од почетокот на "Арапската пролет", Алијансата на цивилизациите во Доха, рече тој, ќе промовира платформа за заедничките вредности изразени низ човечкото достоинство, дијалогот, демократијата, развојот, правдата, еднаквоста, слободата и правата.
Според Шеиката Моза Бинт Насер, амбасадор на Катар во Алијансата на цивилизациите, светот минува низ значајни промени кои покажуваат дека сега, повеќе од кога и да е, е време за акција, а не за зборови. Новиот начин на размислување и иновативниот пристап, вели таа, се итно неопходни за справување со растечките предизвици во области како образованието, здравството, сиромаштијата, младите, медиумите и културата.
На форумот, кој го следат голем број светски медиуми, учествуваат шефови на држави, министри за надворешни работи, невладини организации, претставници на цивилното општество, младински организации, фондации, медиуми, научни работници и претставници на корпоративниот сектор, кои треба да придонесот овој четврти по ред состанок на Алијансата да стане пресвртна точка на оваа иницијатива.
Меѓу гостите се и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателите на Германија, Австрија, Словенија, Романија и Албанија, Кристијан Вулф, Хајнц Фишер, Данило Тирк, Трајан Басеску и Бамир Топи, Емирот на Кувајт Шеик Сабах ал Ахмед Ал Џабир Ал Сабах, како и претседателот на Обединетите Арапски Емирати Калифа бин Зајед Ал Нахјан.
Теми и цели на овој состанок на Алијансата на кој учесниците дебатираат се важноста на културниот диверзитет за развојот, промоција на доверба и толеранција за унапредување на развојните цели, како и нови стратегии за интеркултурен дијалог, разбирање и соработка.
Алијансата на цивилизациите е меѓународна иницијатива воведена од Обединетите нации во 2005 година од тогашниот генерален секретар на Светската организација Кофи Анан со спонзорство на Шпанија и Турција. Главна цел на иницијативата е развивање соработка и подобро разбирање меѓу државите и справување со поделбите, поларизацијата и екстремизмот во и меѓу општествата. Претходните три форуми се одржаа во Мадрид, Истанбул и Рио де Жанеиро.
Со учеството на претседателот Иванов на овој четврти Форум, како и учеството на тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на сите три форуми, Република Македонија го потврдува својот активен ангажман во оваа меѓународна иницијатива. Како еден од најголемите успеси на полето на регионалната соработка и се припишува и Иницијативата од 2003 кога во Охрид се организираше првиот регионален самит Дијалог на цивилизациите. Домаќин на уште еден ваков самит во 2013 година ќе биде претседателот Иванов, кој е вклучен и во проекти во Алијансата, како што беше неодамнешниот научен симпозиум во Париз. Македонија беше организатор и на две светски религиски конференции.
На маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на претседателот Ѓорѓе Иванов со високи политички претставници, како и средба со Емирот на Катар.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting