Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Најнова книга: "Македонски преродбенски ХIХ век" (2) од акад. Блаже Ристовски:

И РУСКИОТ ГРОФ БУЛГАРИ НЕ ЈА ГЛЕДАЛ МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО СО ГРЦИЈА, БУГАРИЈА ИЛИ СРБИЈА

(Преземено од весник "Вечер")


Но македонското прашање како национално јавно се претстави на меѓународната сцена дури во 70-тите години на XIX век. Внатре, во границите на Турската империја, тоа навистина назреа, се развиваше континуирано и се изрази во јавноста уште од 40-тите години. Меѓутоа, поради петвековното турско владеење над христијанското население на Јужниот Балкан, Европа малку знаеше за различните народи и нивните етнокултурни граници на овој простор. Тие беа третирани (и внатре и надвор) главно како православни христијани.

Треба да се има предвид дека се до 30-тите години на XIX век се уште не постоеше некаква претстава за етнографската карта на овој дел од Балканот. За Европа тоа беше турска земја и во неа живееше главно христијански народ. Дури со процесот на изделувањето на одделните периферни области од Турција и со создавањето на вазални или самостојни државички почнува да се вообличува и етнокултурната карта на православниот Балкан.

За да ја претставиме попластично свеста на тогашниот свет за нашиов етнокултурен простор, ќе наведеме само некои историски факти од периодот на Руско-турската војна во 1828-1829 година. Треба да се одбележи дека во руските воени планови воопшто не влегувало и едно тотално разгромување на Турската империја, ниту пак заземање на Цариград, бидејќи се претпоставувало дека тоа би било пресретнато со опасен отпор од страна на Англија и Франција. Русија имаше примарна цел да ги прошири своите граници во кавкаско-црноморскиот регион и да си обезбеди слободен премин за руските бродови, а со тоа и контрола на Дарданелите и Босфорот. Затоа руската политика не стимулираше и не помагаше самоволни, неконтролирани востанички акции на балканските народи. Па сепак, Русија правеше и детални планови за политичката судбина на областите и народите од Европска Турција по евентуалното распаѓање на султановото царство.

Посебна и проширена држава
Македонија

Така, на пр., на 4/16. IX 1829 година во С. Петербург се одржува важна седница на Вториот комитет на царот Николај I, на која преовладува мислењето дека зачувувањето на Турција "е покорисно отколку што им штети на вистинските интереси на Русија", но сепак се разгледува и можноста за распаѓање на оваа империја, па се даваат предлози и се прават разни варијанти. Како основен предлог-документ се разгледува писмено формулираната опција на 9/31. III 1828 година од грофот Јоан Каподистрија, Грк на руска служба, едно време и државен секретар за надворешни работи, кој во тоа време (1828) беше претседател на новооснованото грчко Народно собрание, а по две години, кога Грција станува самостојна држава, е избран и за прв нејзин претседател. Предлогот на Каподистрија на состанокот на Вториот комитет го интерпретирал рускиот министер за надворешни работи Д. В. Дашков. Во него се предвидува по ликвидацијата на турското владеење на Балканот да се формираат пет нови држави, и тоа: 1. Дакија, што ќе ги опфати кнежевствата Молдавија и Влахија; 2. Србија, со присоединување кон неа на Босна и Бугарија; 3. Македонија, подразбирајќи ја под ова именување целата Румелија и граничните со неа острови; 4. Епир, заедно со Горна и Долна Албанија, и 5. областа на Елините или Грција, поставувајќи ги нејзините граници од реката Пенеј во Тесалија до градот Арта, вклучувајќи го и целиот Архипелаг. Сите овие држави се предвидувало да си имаат свои кнезови, додека Цариград да биде слободен град, каде што би се создал заеднички Сејм на оваа Балканска конфедерација со претставници од сите пет сојузни (независни) држави. На истата седница на овој царски таен комитет, покрај другите, бил разгледан и Мемоарот на рускиот гроф М. Н. Булгари, кој предлагал градовите Варна и Бургас да влезат во Русија, Цариград да остане слободен град, а на Балканот да се создадат следниве држави: 1. Грција, со Килкидските Острови, Самос и Крит; 2. Северна Албанија, Македонија и дел од Тракија се до сливот на Марица; 3. Северна Србија и Босна да останат под протекторат на големите држави, и 4. обединети заедно Молдавија, Влахија и Бугарија да потпаднат под руски протекторат. Тоа значи дека и во овој предлог се смета со посебна и проширена држава Македонија, но не и со самостојност на Бугарија, Албанија и Романија. Од сиве овие планови и замисли станува очигледно дека во тоа време се уште се нема појасна претстава ни за денешните народи-нации ни за нивните етнички граници на Балканот. Бугарија, на пр., воопшто не се замислува како посебна држава, туку во сите комбинации таа влегува заедно со други етнички области во други државни творби - во рамките на Србија, со Романија или директно во Русија. И не само за територијата, туку и за етничкиот состав и неговата распространетост се немало јасна претстава.

Караџиќ некои краишта од
Македонија ги прогласи за српски

Така, на пр., во "Додатокот" на Вук Караџиќ од 1822 година македонските области од Пиринско со јазикот и народните песни беа маркирани како бугарски. Многу подоцна истиот тој Караџиќ некои краишта од Македонија ги прогласи за српски и најде "српски" јазик и "српски" песни во нив. Исто така во Русија дури во 1829 година излезе првиот том од книга од украинскиот медицинар Јуриј Венелин. Тоа беше првото поопфатно "запознавање" на Русите со Бугарите како словенски народ. А какви биле тие претстави на Венелин за Балканот може да се види и од неговата книшка "За зародишот на новата бугарска литература" што беше објавена во 1838 година. Авторот наведува дека во тоа време во Бугарија живееле 750.000 Бугари, во Тракија 600.000, на други места уште 195.000, а во Македонија - цел еден милион! Во таа негова голема Македонија ги сместува и градовите Карловци, Призрен, Копривштица, Калфер и други места расфрлани на Балканот. Толку стигнуваа тогашните познавања не само на Венелин (впрочем, и тој никогаш не беше стапнал во Македонија!). Во почетокот на XIX век се немаше претстава ни за грчкиот и српскиот етнокултурен простор. Така, на пр., дури и во времето кога се формира познатата "Филики етерија", во 1814 година се собрале најистакнатите државници од Европа на Виенскиот конгрес, па грчките национални дејци отпечатиле обраќање и упатиле молба поставиа да се на разгледување и прашањето за ослободување на нивната татковина. Како репрезенти на Грците во Виена се појавиле угледните кнезови на руска служба Јоан Каподистрија и Александар Ипсиланти, но не само што нивното барање не било ни поставено на разгледување, туку и лично домаќинот, австрискиот министер за надворешни работи, кнезот Клеменс Метерних јасно им рекол дека "не постои грчки народ и дека во турската држава не се признаваат други народности освен турската". Ако не се признавало постоењето на Грците како народ, како ентитет воопшто, како можело да се има некаква претстава за етничките граници на другите! Но не беше поинаква ситуацијата со претставата за етничката територија на Грците и подоцна, во времето на формирањето на современата грчка држава. Самиот прв претседател на самостојна Грција Јоан Каподистрија, не само што Македонија, Тракија и Епир воопшто не ги вклучил во границите на новата држава, туку предлагал островот Кипар да и се даде на Франција, Кандија на Англија, а Родос на Русите. Според него, грчката државна, а тоа значи и етничката граница стигнувала до реката Пенеј во Тесалија и до Артскиот Залив со островите од Архипелагот. Дури во 1831 година, по поттик и поддршка од Русија, Каподистрија ја поместува северната грчка граница до Пинд и Олимп. Следствено, до тоа време, независно од митологијата за обновување на Ромејската (Византиската) Империја, современа Грција немала претензии посеверно од овие планини.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting