Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Иванов:

ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО ХАГ НАЈАВТОРИТЕТЕН ДОКАЗ ЗА НАШАТА ПОЛИТИКА

(Преземено од МИА)


Република Македонија во Хаг извојува една голема дипломатска и правна победа. Победа која значи потврдување на кредибилитетот на нашата надворешна политика, на нашето однесување во меѓународното општество. Вака го почна традиционалното годишно обраќање претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Собранието на Република Македонија пред претставниците на законодавната, извршната и судската власт, на верските заедници и на дипломатскиот кор.
Меѓународниот суд на правдата го даде одговорот, кој како што рече Иванов, е најавторитетен доказ за нашата политика.
- Да бидам јасен и прецизен, овој процес не го посакувавме. Да не беше ветото во Букурешт, сè ќе беше поинаку. Но, бевме принудени, бевме соочени со неправда, со неисполнување на договорната обврска од страна на Грција што создаваше реални последици за Република Македонија. Затоа, тужбата беше неизбежен потег, истакна претседателот.
Пресудата, како што додаде, е најсилниот можен правен аргумент кој воопшто постои во денешниот развој на меѓународно-правниот поредок. - Оттаму, обврска и одговорност на меѓународната заедница е сега да преземе сè што е потребно за да се помести статус кво состојбата во однос на интеграциите на Република Македонија, истакна Иванов.
Претседателот посочи дека потребна е волја и одговорно однесување и оти почитувањето на пресудата, на Времената спогодба, на меѓународното право е рамката која ќе придонесе за уште поповолен амбиент во односите меѓу двата соседа.
- Имаме идеална можност за историски исчекор. Пресудата од Хаг потврди дека Република Македонија може да го употребува своето уставно име во рамки на меѓународни организации во кои членува и Грција...Треба само да ја почитуваме Времената спогодба и да се придржуваме до рамката поставена од резолуциите на ОН, ништо повеќе. Ние сме подготвени за тоа, нагласи Иванов.
Во обраќањете, кое се совпаѓа со половината од неговиот мандат, македонскиот претседател се осврна и на интеграцијата во Европската унија.
- Веќе трета година добиваме препорака за отпочнување на преговори со Европската унија што претставува голема потврда на реформските процеси. Извештајот на Европската комисија е патоказ каде да го фокусираме вниманието на реформите. А неотпочнувањето на преговорите дефинитивно не е наша вина, рече Иванов.
Верувам, истакна претседателот, дека на следниот Европски совет, на следниот Самит на НАТО, доколку се покаже лидерство, храброст и визионерство, статус кво состојбата во интеграциите може да се помести. - Сите ќе бидат победници, а најголеми, секако, ќе бидеме ние и нашиот сосед. Ние со дополнителна мотивираност ќе продолжиме да го реформираме нашето општество. Целта ни е да бидеме пријателски и европски соседи со Грција. Тоа е благодарна цел и за нас, и за Грција, и за Европската унија, посочи тој.
Според Иванов, на Македонија и претстои историска можност за еден нов почеток. - Сакам да верувам дека оваа можност, заедно со нашиот сосед и со партнерите во ЕУ и НАТО, ќе ја искористиме.
Следната година, од оваа говорница, во ова исто време сакам да потврдам дека биле оправдани моите очекувања, додаде Иванов.
Шефот на македонската држава посочи дека во изминатата година бил целосно посветен на највисоките стратешки цели на нашата земја, членство во НАТО и во ЕУ и поместување на статус кво состојбата, натамошен развој на билатералните односи со сите земји во светот, натамошно јакнење на добрососедските односи со земјите од непосредното соседство и поширокиот регион и проактивност и иницијативност во регионалната соработка.
- На тој план не се штедев и нема да се штедам ни во иднина. Ќе продолжам да го запознавам светот со вистината и аргументите за Македонија. Ќе продолжам да ги негувам и јакнам веќе постојните и ќе создавам нови пријателства и партнерства, додаде тој.
На надворешнополитички план годинава претседателот Иванов имал 38 меѓународни настапи и активности, остварил 23 официјални и работни посети на странски држави. - Ја претставував нашата држава на речиси сите значајни регионални и глобални мултилатерални настани посветени на економијата, енергетиката, мирот, намалувањето на ризици од катастрофи, културата, спортот... Бев домаќин на девет официјални и работни посети на мои колеги. Имав повеќе од седумдесет средби со шефови на држави и влади и шефови на меѓународни организации, рече Иванов.
Иванов потсети дека беше домаќин на третиот Регионален самит на претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово и дека го преземавме претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа за периодот 2012 – 2013 година, што ќе ни овозможи активно да придонесеме во јакнењето на регионалната соработка. - Во 2013 година ќе бидеме домаќини и на самитот посветен на дијалогот меѓу цивилизациите и тоа на 10-годишнината од овој вид самити, чиј иницијатор беше претседателот Трајковски, рече Иванов
На полето на дипломатијата, претседателот рече дека со указ именува 18 нови амбасадори на Република Македонија во државите ширум светот. - Апелирав на нашите дипломати да им се даде поголема слобода за дејствување, со намалување на бирократизираноста на дипломатската служба, која би одела паралелно со зголемување на одговорностите на дипломатите по кои ќе бидат оценувани, и тоа според постигнатите резултати, додаде тој.
Говорејќи за културната дипломатија, Иванов рече дека можеме да бидеме горди на нашето културно и историско наследство бидејќи имаме што да му понудиме на светот.
За спортот, како што додаде, нема да троши многу зборови, бидејќи сите видовме што значи еден спортски успех, кој не само што ја прослави, туку преку успехот ја сплоти Македонија.
Како врховен командант со гордост можам да констатирам дека Армијата на Република Македонија како штит на нашата слобода, безбедност и стабилност продолжува да влева доверба во македонското општество.
- Оваа година, Армијата доби нов началник на Генералштабот, во согласност со највисоките стандарди на Алијансата. Пред извесен период ја одобрив и новата организациска и формациска структура на Армијата, чија трансформација ќе почне на почетокот на 2012 година, истакна Иванов. Во контекст на тоа додаде дека во пресрет на следниот Самит на НАТО во Чикаго ќе останеме посветени на реформските процеси како влог во нашата евроатлантска иднина. - Тоа ќе биде аргумент повеќе за наш влез во Алијансата, заедно со пресудата на Меѓународниот суд на правдата, истакна претседателот.
Во духот на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, Иванов потсети дека одликувал повеќе заслужни поединци, институции и установи кои се вградија во македонската државност, независност и сувереност. Со одликувања им се заблагодарив на искрените пријатели на Македонија, кои секаде и секогаш нè поддржувале.
Говорејќи за контактите со граѓаните, Иванов рече дека тоа го прави преку непосредните средби за време на редовните посети на градови и села ширум Македонија, но, и посредно, преку народните канцеларии.
Во младите генерации, како што рече, треба да инвестираме со вистински вредности. - Треба да имаме доверба во нив. Нашите млади луѓе се точно таму каде што ние досега сме ги довеле. Затоа е неопходно нивно едуцирање и усовршување...Го поттикнавме и натпреварот во сферата на науката, преку доделувањето на наградата "Најмлад научник". Ова покажа дека имаме млади успешни луѓе од Македонија на најпрестижни универзитети во светот, рече Иванов.
Јубилеите и годишнините, како што истакна, секогаш се повод за навраќање на она што било, на она што поминало, но и момент за дебата за иднината. - Оваа година прославивме и одбележавме важни настани 20 години од независноста, 10 години од Охридскиот рамковен договор, 70 години од почетокот на Народноослободителната борба, додаде Иванов.
Годинава, потсети тој, одбележавме и една деценија од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. - Изградивме и модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира. Нашиот модел не е само пример во регионот, туку договор чии принципи инспирираат пошироко. Како што ние го почитуваме нашиот модел, така бараме и другите да ги почитуваат неговите принципи. Ние го браниме нашиот модел. До сите оние кои од која било причина се сомневаат во него, до сите оние кои на кој било начин сакаат да го поткопаат и да внесат раздор, јасно им порачувам не се трудете, вашиот напор е осуден на неуспех. На сите оние кои палејќи го знамето, знамето на сите граѓани на Република Македонија, ако мислат со тоа да го запалат и меѓуетничкиот соживот, сакам да им порачам, нема да успеете, истакна Иванов.
Во говорот тој посочи дека и оваа година бил фокусиран на неколку важни точки за економијата, како претприемачките активности во Македонија, интензивната економска дипломатија, енергетската безбедност и обновливите извори на енергија и на регионалните инфраструктурни и економски проекти.
- Економската дипломатија беше високо на мојата агенда при речиси сите мои работни и неформални средби, учество на мултилатерални настани и официјални посети надвор од државата, како и при приемот на странските државници при нивните посети на Република Македонија. Организирањето на бизнис-форумите и средбите со бизнисмените беа секогаш дел од мојата меѓународна агенда, рече Иванов.
Тој посочи дека развивањето на енергетскиот сектор е основниот и главен двигател на економијата, државата, општеството. - Како претседател гледајќи многу подалеку од својот мандат, активно се вклучив во разгледување на сите можности за приклучување кон планираните енергетски коридори, кои треба да ни обезбедат долгорочна енергетска стабилност, рече Иванов и додаде дека особено е задоволен што сме во напредната фаза на преговори за вклучување на Македонија на гасоводот "Јужен тек".
- Во овие времиња на огромна светска економска криза, благодарејќи, како што нагласи Иванов, на внимателната макроекономска политика на Владата на Република Македонија и домаќинлукот на македонските граѓани, живееме во една од најмалку задолжените европски земји, и земја со една од најголемите стапки на раст во Европа.
Македонскиот претседател рече дека продолжуваме со максимална акција на сите полиња, односно достигнување на стандардите, вредностите и критериумите на Унијата. - Нашите граѓани ќе ги уживаат благодатите од таквата состојба на државата. Затоа, време е, на 20-годишнината од независноста да се свртиме кон иднината. Апелирам да престанат политичките, особено дневнополитичките препирки, за тоа каде оди државата, има ли или бара алтернативи. Одговорот е јасен, стратешки цели ни биле и остануваат членството во НАТО, членството во ЕУ, додаде тој.
Претседателот Иванов упати порака до нашиот сосед Грција дека Република Македонија е реалност. - Оваа реалност постоела, постои и ќе постои. За прашањата како што се нашите врвни вредности – идентитетот, јазикот, културата и уставот, воопшто, не сакаме и нема потреба да разговараме. Никој на овој свет нема право овие врвни вредности да ги оспори на друг. Тоа се вредности што може само да се констатираат и почитуваат. Затоа, поаѓајќи од изразената волја на граѓаните на Република Македонија, во иднина нема да прифатам извештај во кој македонскиот јазик и идентитет не се почитуваат, истакна Иванов.
Шефот на македонската држава им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи никој на овој свет не може и нема да може да ни го земе она што го имаме, нашето уставно име, нашиот идентитет.- Ќе успееме да ги оствариме нашите стратегиски цели. Прашањето не е дали, туку кога. А до тогаш ние самите, сплотени ќе ја создаваме нашата успешна европска и евроатлантска иднина. Ќе ги реализираме целите. Ќе имаме членство и во Европската унија и во НАТО. И таму ќе бидеме тоа што сме. Друга опција не постои, подвлече Иванов.
Завршувајќи го своето обраќање, Иванов рече дека кога станува збор за државните интереси, за стратешките цели и определби, постои само една партија во која нема поделба на лидери и членови, на стари и млади, на леви и десни. - Таа партија се вика Македонија и ние мора да се обединиме околу неа. Само така ќе успееме во остварувањето на стратешките цели. Сето она што досега го постигнавме, и тоа во тешки услови на блокади, изолации и закани за нашиот суверенитет, идентитет и опстанок, нè направи уште поцврсти и поподготвени, нагласи македонскиот претседател во обраќањето во Собранието на Република Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Поезия

ЧИСТИ СЪВЕТИ

Все така сте малобройни,
но осмисляте безкрая
и защото сте достойни
за градините на рая,
не просете милостиня
даже при живот в пустиня,
но макар и унизени,
не режете своите вени,
не че подлост и тирани
не превръзват чужди рани,
не че има цяла вечност
до всеобщата човечност
и не считайте за чудно,
че сте остров сред поквара,
а помнете, че е трудно
път през кал да се прокара.


ГЛАС ОТ СТРАСБУРГ

На софийските събратя,
гдето често ме нервират,
непременно ще изпратя
най-беззъбата бълхичка,
а пък там да се разбират
кой кога да гъделичка.


БОГАТА БЕДНОСТ

Вечно има олелия
от безкрайна беднотия,
няма само дефицити
на коварства и бандити.


ОЧАКВАНЕ

Хегемончо гроб ни копа,
както вчера - и сега,
но очакваме Европа
да ни каже Докога?!


НАГРАДИТЕ

Който истината казва,
с обезхлебност се наказва,
а най-хубавите залци
получават оплювалци.


МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР

Защото при чужди жени не отиваш,
не лъжеш, не грабиш, дори не убиваш,
не вярвай в онази велика заблуда,
че може да бъдеш подминат от Юда.


ОКТОПОДИТЕ

Те са винаги потребни
и на хората безхлебни,
че в живот без октоподи
кой към пропаст ще ги води.


НОВАТА МАГИСТРАЛА

На поредното "Честито!"
тя отвръща дяволито: -
И по нови магистрали
се пътува към провали!


БЕДСТВИЕ

При неправди и неволи
всички истини са голи,
а когато се обличат,
на метреси ни приличат.


АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting