(Преземено од МИМ)
Британците сакаат да се одмораат во Македонија. Најголемиот светски сајт за патување Трипадвајсор, забележал пораст од 50 проценти на Британците што ја бараат земјава како дестинација. Сајтот констатира дека туристите се повеќе ги бараат езерските плажи, планинските пејзажи и античките локалитети во Република Македонија, пишува британски "Телеграф". Ема О'Бојл од Трипадвајсор вели дека британските туристи стануваат се повеќе авантуристички настроени.
- Како Британците го бараат нивното следно големо патувачко искуство, се чини дека дестинации кои само пред неколку години не би биле опција сега се земаат предвид. Ние гледаме рапидно зголемување на интересот за дестинации како Руанда и Република Македонија, што покажува дека британските патници стануваат посмели и бараат нешто различно од традиционалните одмори на плажа", вели О'Бојл за британски "Телеграф". |