(Преземено од МИМ)
Грција била казнета поради наложеното вето на средбата на НАТО во Букурешт во 2008 година врз барањето на Македонија за членство во Алијансата, при што гневот на администрацијата на Џорџ Буш тогаш го забавило присоединувањето на Грција кон американската програма за безвизни патувања, пишува во дипломатски допис на Викиликс.
Kaко што објави денеска весникот "Та неа", казната за Грција од Кабинетот на Буш дошла во октомври 2008 година, и тоа се случило во момент кога седум други земји биле примени во таа програма за безвизни патувања. |