(Преземено од МИМ)
Подобар социјален статус, враќање на дигнитетот на писателот, враќање на рецензијата, кревање на гласот на писателот за горливите прашања во татковината побараа македонските писатели на редовното годишно Собрание во Друштвото на писателите на Македонија. Писателите дебатираа на тема "Местото и улогата на писателот во културните и општествени процеси", а се осврнуваа и на политичката состојба во земјава.
Собранието го отвори писателот Веле Смилевски, кој истакна дека местото и улогата на писателот се маргинализирани, неговиот труд е несоодветно вреднуван, а литературната критика е во сериозна криза. |