(Преземено од МИМ)
Републичкиот фестивал на народни песни и игри "Илинденски денови"-Битола, 41-то издание ќе го реализира од 29 јули до 1 август кога ќе настапат 32 фолклорни групи и ансамбли. Годинава за прв пат ќе биде домаќин и на гости од Мексико.
На летната сцена во ракометното игралиште, на плоштадот "Магнолија" и во античкиот локалитет Хераклеја, освен гостите од Мексико, ќе настапат и културно уметнички друштва од Австралија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција, Турција и Македонија, информираат од НУ Центар за култура, организатори на фестивалот во Битола. |