Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ОДБЕЛЕЖА 30 ГОДИНИ

(Преземено од МИМ)


Институтот за македонска литература вчера прослави 30 години од своето основање, со Свечена академија што се одржа во Ректоратот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј". Пред присутните претставници на надлежните министерства, на институции од областа на општествениот и на културниот живот, беше презентиран досегашниот значаен развоен пат на Институтот, а беа потенцирани и неговите понатамошни планови за реализација на домашни и меѓународни проекти.

На професорот на Универзитетот во Хрватска, д-р Горан Калоѓера му беше доделено звањето Doctor Honoris Causa, а благодарници за придонес во афирмација на дејноста на Институтот за македонска литература добија поголем број институции, стручни лица од земјава и од странство, како и 13 македонски медиуми.

Директорката на Институтот, Лорета Георгиевска-Јаковлева за афирмација на македонската литература и култура во странските средини, им додели благодарници на Марија Проскурина од Руската Федерација, Намита Субиото од Словенија, Лех Мјодински од Полска, Златко Крамариќ од Хрватска, Радомир Ивановиќ од Србија и Мирољуб Стојановиќ од Србија.

Во рамките на јубилејот, вчера во ректоратот започна да се одржува и дводневниот, меѓународен научен симпозиум под наслов "Македонскиот идентитет: литература, јазик, историја, култура" со учество на стручни лица од земјава и странство.

Симпозиумот денеска ќе почне да се одржува во 10 часот, со презентација на стручниот труд на Златко Крамариќ на тема "Културен идентитет наспроти демократија" по што ќе следуваат трудови на Стефан Хаџи Мицов, "Историски и културни аспекти на македонската еманципација на Балканот", на Лех Мајдински "Знаците на симболичната топологија во македонскиот литературен универзум" и др.

Говорејќи за досегашното постоење, работа и дејствување на Институтот за македонски јазик во Македонија и во странство, директорката, Лорета Георгиевска-Јаковлева, меѓу другото посочи дека се склучени договори за соработка со Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Словачка и со Руската Федерација.

"Освен наведените формални договори, Инстутитутот соработува со соодветни институции од Европа и САД. Научните истражувачи во Институтот се ценети визитинг-професори на македонските и европските универзитети и добредојдени експерти на меѓународните собири. Нивната партиципација на странските универзитети во Мајами, Варшава, Нитра, Прага, Перн, Загреб, Риека, Нови Сад и многу други, говори за нивното активно учество во европскиот, па и во светскиот простор на високото образование и на науката. Невозможно е овде да ги маркираме сите учества на нашиот кадар на домашни и странски симпозиуми, собири, тркалезни маси, работилници. За огромното нивно присуство во Европа и во светот најдобро говорат годишните извештаи што Институтот ги доставува до Министерството за образование", рече таа.

За професорот д-р Горан Каложера, кој зад себе има три децении активна научно-наставна дејност во областа на македонистиката, со несомнен придонес за позиционирањето на таа научна дисциплина во рамките на модерната хрватска култура, говореше деканот на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", Максим Каранфиловски. Тој потсети дека почетните интереси за македонистиката на Калоѓера се сврзуваат со неговото учество на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во 1982 година во Охрид, по што, веќе следната 1983 година, тој го иницирал покренувањето на познатите македонистички студии на Универзитетот во Риека. "Несомнен е неговиот интерес и за појави во модерната македонска култура. Горан Калоѓера е приредувач и коментатор на Коста Рацин на хрватски, на одделни книги на Миладиновци, Прличев, Конески, Тодоровски, Матевски и многу други", рече меѓу другото Каранфиловски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Македонија пее

КАЖИ, МОМЕ, ВИСТИНАТА

Кажи, моме, вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил' сос мен' се подиграваш
да ти мине времето.

Сношти мина покрај вази,
тебе, моме, не те видов,
срце ми се растрепери,
почна солзи да ронам.

Сечи, моме, руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице
и рудото ти грло.

Ах, да можам да разберам
була ли си, ил' Гркиња,
ил' си, моме, Македонка,
та си толку убава.


ЛАЖИ, ЛАЖИ, ВЕРЕ

Лажи, лажи Вере,
лажи, кого лажиш,
само мене Вере,
немој да ме лажиш.

Јас си имам Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам Вере,
до три болести.

Прва болест Вере,
леле, прва болест,
прва болест Вере -
струмички меани.

Втора болест Вере,
леле, втора болест,
втора болест Вере -
в туѓина ќе одам.

Трета болест Вере,
леле, трета болест,
трета болест Вере -
изгорев за тебе.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting