Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју

ЖАН БЕСЕЈ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА АПАВЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

(Преземено од МИА)


Отворивте истражувачки центар во Македонија. Која е целта на оваа инвестиција и што ќе работи лабораторијата?
Апаве интернационал работи во повеќе сегменти. Првиот е техничка инспекција, како основна активност. Правиме техничка инспекција на опрема под притисок, електрична и опрема за подигање.
Другите четири сегменти се градежништво (безбедност при градба), консалтинг во делот на решавање технички проблеми во менаџментот и организацијата и професионална обука на вработени. Одлуката да градиме ваков центар во Македонија ја донесов пред 1,5 година, кога му реков на техничкиот директор на претставништвото во Македонија-Апаве Југоисточна Европа (ЈИЕ), Слободан Поповски, да направи лабораторија за испитување без разорување, која ќе биде една од најдобрите од овој тип во светот. За многу кратко време тој обезбеди цела научна експертиза потребна за реализација на проектот, техничка подготовка и инженерски тим и за кратко време ја реализиравме инвестицијата. Резултатот може да го видиме денеска. Проектот е завршен над 90%. Останува да се купи уште мал дел од опремата. Инвестицијата изнесува околу 2,5 милиони евра. Оваа желба многу брзо ја реализиравме затоа што Македонија има многу компетентен технички персонал, квалитетни техничари, инженери со високо ниво на познавање на областа. Можам да кажам дека лабораторијата што ја изградивме е најдобра во Европа и во светот. Во неа ќе се испитуваат мостри од опремата што ја испитува компанијата од сите проекти на кои работи. Лабораторијата е опремена со најсовремена опрема. Од испитувањата ќе утврдиме дали реактори, бојлери или друга опрема се безбедни и со тоа ќе спречиме евентуална хаварија.

Што беше пресудно во одлуката да инвестирате во ваков научно-истражувачки центар токму во Македонија?
Констатиравме дека во Македонија има квалитетен кадар, со високо техничко познавање, инженери квалификувани и компетентни за работа во ваква лабораторија. Генерално, расположливоста на кадарот е многу поволна и многу лесно може да се организира патување во странство. Клиентите со кои работиме бараат да работат со луѓе кои добро зборуваат англиски јазик.

Во колку земји е присутна групацијата Апаве?
Во областа која најмногу сме застапени, односно испитување без разорување, Апаве работи во сите земји во светот каде што има нафта и нафтени полиња. Присутни сме во Либија, но поради политичката ситуација таму работата е стопирана. За шест месеци ќе ги обновиме проектите. Работиме и во Тунис, Алжир, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Камерун, Габон, во Канго. Во овие земји работиме офшор. На Блискиот Исток сме присутни во Катар, Саудиска Арабија, Либан, во Турција, а имаме тенденција да се прошириме во Туркменистан и Азејрбеџан, бидејќи таму има потенцијал за ширење на бизнисот. Апаве има голема активност и во Азија. Најмногу работиме во Виетнам, каде што имаме канцеларија што вработува околу 800 луѓе. На овој пазар работиме, генерално, технички надзор во градежништвото, посебно на надзор на опрема без разорување на бродови, платформи за нафта, танкери. Во групацијата Апаве се вработени 8.000 луѓе во Франција и 2.000 надвор.

Седум години сте присутни на македонскиот пазар. Со кои компании соработувате и какво е вашето искуство од работата во Македонија?
Имаме долгогодишен договор со рафинеријата Окта и работиме со сите компании кои употребуваат опрема под притисок. Работевме со Макпетрол, а имаме договори и со МЕПСО, ЕЛЕМ, го направивме целото испитување и приемот на опрема во термоцентралата Те-То, а имаме договор со сите помали компании кои имаат некаква употреба на опрема под притисок. Во Македонија вработуваме 86 луѓе, од кои двајца се доктори на науки, осум магистри, 50 инженери, а останатите административен персонал. Како странски инвеститор, не бараме посебен третман. Со Министерството за економија, кое е надлежно за нашата работа, имаме одлична соработка и немаме никаков проблем за реализација на заедничките идеи. Ги имаме сите одобрувања и акредитации.

Во кои земји од регионот е присутна Апаве ЈИЕ и кои се плановите за ширење на регионалните пазари?
Апаве ЈИЕ е подружницата на Апаве интернационал. Освен на македонскиот пазар, имаме претставништво во неколку земји во регионот како директна странска инвестиција од Македонија. Годинава ги основавме Апаве Косово, Апаве Албанија, купивме една компанија во Хрватска и ја ребрендиравме во Апаве. Во процес сме на отворање на претставништва во Србија, БиХ, во Црна Гора. Нашата цел е Скопје да прерасне во регионален центар за развој. Апаве ЈИЕ учествува со 25% во вкупните приходи на Апаве интернационал. Приоритетни планови во иднина се поголемо ширење во регионот. Центарот на целиот бизнис, секако, останува во Скопје. Планираме да го шириме бизнисот во Косово и да ги зголемиме активностите во Хрватска. Таму во моментов ни оди многу добро и имаме големи договори и проекти на коишто работиме. Новина која во голема мера ќе ги зголеми нашите активности е што добивме одобрение од Министерството за економија за испитување електрични постројки и уредни инсталации. Ова е одлична можност на Апаве интернационал да се ориентира и кон електрика, што досега не беше во можност да ја развива.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Македонија пее

КАЖИ, МОМЕ, ВИСТИНАТА

Кажи, моме, вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил' сос мен' се подиграваш
да ти мине времето.

Сношти мина покрај вази,
тебе, моме, не те видов,
срце ми се растрепери,
почна солзи да ронам.

Сечи, моме, руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице
и рудото ти грло.

Ах, да можам да разберам
була ли си, ил' Гркиња,
ил' си, моме, Македонка,
та си толку убава.


ЛАЖИ, ЛАЖИ, ВЕРЕ

Лажи, лажи Вере,
лажи, кого лажиш,
само мене Вере,
немој да ме лажиш.

Јас си имам Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам Вере,
до три болести.

Прва болест Вере,
леле, прва болест,
прва болест Вере -
струмички меани.

Втора болест Вере,
леле, втора болест,
втора болест Вере -
в туѓина ќе одам.

Трета болест Вере,
леле, трета болест,
трета болест Вере -
изгорев за тебе.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting