Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Европа со характер?!

МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ПО ПРИМЕРА НА РОМАНИЈА И БУГАРИЈА

(Преземено од МИА)


Европската унија треба да ја признае Македонија како членка што е можно побрзо и со малку контрола како што се Романија и Бугарија. Ако имаат малку карактер, оние кои носат одлуки во ЕУ ќе го сотрат грчкото противење и ќе ја информираат Атина дека нејзиниот глуп став кон името на Македонија претставува закана за безбедноста во регионот и нема повеќе да се толерира.

Грција, како и другите балкански земји, ќе мора да се фокусира на сопствените проблеми, бидејќи слабостите на Грција влијаат и врз Европа. Опширната анализа за состојбите на Балканот и подобрувањето на слабостите во регионот го довела до овој заклучок реномираниот професор по меѓународни односи на Универзитетот Џон Хопкинс" и поранешен висок разузнавачки аналитичар на ЦИА, Дејвид Канин. Во анализата за "Eurasia Review" Канин потенцира дека Македонија е единствена меѓу земјите од поранешна Југославија која успеа да избегне употреба на сила, што можеби е причина за сегашната статус кво ситуација за земјата.

- Ова парче земја е опкружено со држави кои негираат посебни аспекти од идентитетот. Македонија е исклучок на Балканот и има мировна улога, додека остатокот од регионот е во криза, поради што заслужува брз прием во ЕУ. ЕУ треба да го пренасочи мониторингот кон новиот член - Македонија. Со вклучувањето на земјата во Унијата ќе бидат наградени сите земји кои си ја вршат работата и градат иднина, наместо како досега ЕУ да ги наградува земјите кои манипулираат со големите овластувања, ги собираат заслугите и се опасни за сите инволвирани. ЕУ има шанса да се ослободи од оваа патологија, но само ако таа ја надмине својата реторика и прифати дека нејзината најефикасна стратегија зависи од препознавање и проширување своите значителни ограничувања како меѓународен актер, пишува професорот.

И покрај слабостите во функционирањето на Унијата, членството во ЕУ останува главна цел на секоја држава во регионот, иако постои значителен јавен скептицизам за вредноста да се биде внатре во Унијата, забележува Канин. Според него Европа треба да воспостави построги параметри за прием во европското семејство, од кои исклучок треба да биде Македонија. ЕУ треба јасно да даде до знаење дека членството е можно само за оние балкански земји кои не се оптоварени со отворени конфликти за суверенитетот, но и да престане да бара единствено решение, а да ги осудува другите и дефинитивно да ја заборави реториката со која му кажува на локалното население дека единствениот можен начин за придвижување напред е да се исполнуваат моменталните барања на Европа и Америка.

Во својата анализа професорот Канин ги обврзува земјите-кандидати, но и Унијата - сите заеднички да работат на подобар Балкан. Според него разговори за можно членство со Србија, Босна, Косово и Црна Гора треба да има само кога сите страни кои оспоруваат нечиј идентитет ќе воспостават договор потпишан од релевантни институции. Но, ЕУ не треба однапред автоматски да прифати какво било решение и во никој случај да не размислува за понуди за членство во случаите кога се користи насилството за да се изнуди решение. Предупредува дека доколку нема соработка, ЕУ веќе нема да има овластување да се меша во Балканот и ќе го сврти своето внимание кон многу поважни внатрешни проблеми.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Македонија пее

КАЖИ, МОМЕ, ВИСТИНАТА

Кажи, моме, вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил' сос мен' се подиграваш
да ти мине времето.

Сношти мина покрај вази,
тебе, моме, не те видов,
срце ми се растрепери,
почна солзи да ронам.

Сечи, моме, руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице
и рудото ти грло.

Ах, да можам да разберам
була ли си, ил' Гркиња,
ил' си, моме, Македонка,
та си толку убава.


ЛАЖИ, ЛАЖИ, ВЕРЕ

Лажи, лажи Вере,
лажи, кого лажиш,
само мене Вере,
немој да ме лажиш.

Јас си имам Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам Вере,
до три болести.

Прва болест Вере,
леле, прва болест,
прва болест Вере -
струмички меани.

Втора болест Вере,
леле, втора болест,
втора болест Вере -
в туѓина ќе одам.

Трета болест Вере,
леле, трета болест,
трета болест Вере -
изгорев за тебе.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting