Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Бис за Тешкото во Талин

МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ПРОДИРА ВО СВЕТСКИ РАЗМЕРИ

(Преземено од МИА)


"Македонската култура продира во светски размери, а ние како Министерство за култура изминатиов период направивме многу за меѓународна промоција на културата, преку проекти и настани. Ќе се трудиме и во иднина да продолжиме во оваа насока бидејќи имаме што да покажеме, имаме што да претставиме пред светската јавност", изјавила прексиноќа министерката Елизабета Канческа-Милевска по завршувањето на концертот на ансамблот "Танец" во концертната сала "Нокиа" во Талин, Естонија. Поводот за гостувањето беше повеќе од убав - Денови на македонската култура се одржаа во Талин, кој е европска престолнина на културата за 2011 година.

Во преполната сала, пред повеќе од 2.000 гости, сите изведби на "Танец" биле наградени со бурни аплаузи. Публиката дури барала бис за Тешкото, Драчевка... Како дел од програмата на овој светски реномиран ансамбл, кој постои веќе шест децении, биле и сценските адаптации на Седенка, Малешевка, Беломорски, а неколку соло-песни извела и Елена Стевковска.

По концертот на "Танец" се одржал пополноќен концерт на Кирил Џајковски и неговиот бенд, со што се заокружија Деновите на македонската култура во Талин.

Македонија, во фоајето на салата "Нокиа", се претставува и со изложбата "Ин ситу" на Музејот на современата уметност од Скопје. Изложбата ја отворила директорката Елизабета Шулевска. Пред естонската јавност се делата на девет македонски ликовни уметници, од повеќе генерации: Симон Шемов, Атанас Атанасовски, Ива Димеска, Благоја Маневски, ОПА група, Александра Петрушевска, Антони Мазневски, Исмет Рамиќевиќ и Вана Урошевиќ. Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември. Дотогаш естонската публика ќе може да ја погледне и изложбата "Македонски народни носии и везови" на Музејот на Македонија, која е поставена во Националната библиотека во Естонија.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска за време на престојот во Естонија посети и повеќе институции, а имаше и средба со директорите на установи, како Музејот на уметноста, кој во 2008 година беше прогласен за најдобар европски музеј, Националната библиотека и Куклениот младински театар и музеј. Претходно министерката за култура оствари и билатерална средба со естонскиот министер за култура Реин Ланг со кого се договорија за интензивирање на соработка во областа на културата меѓу Македонија и Естонија.

Презентацијата на македонската култура во следниот период продолжува во Кина, каде од 15 до 19 ноември ќе се одржи манифестацијата "Македонскиот фолклор во Кина".

МЛАДИ ДРЖАВИ СО ВЕКОВНИ КУЛТУРИ

"И Естонија и Македонија се млади држави со вековни култури. Првите записи на естонски јазик биле пронајдени во 13-тиот век во Зборникот на топоними, а македонските ракописи од Светиклиментовата школа во Охрид создавани помеѓу 10-13 век се населувале во голем број европски метрополи, допирајќи до балтичките свети места и манастири. Затоа денешната поврзаност на естонската и македонската култура значи ренесанса на нашите две нации", рекла министерката Канческа - Милевска на обраќањето пред високи гости како поранешниот претседател на Естонија Арнолд Рутел, претставници на дипломатскиот кор, познати уметници и интелектуалци...

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Побързайте

Историята на Македония

Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.

Важно! Важно! Важно!

Македонија над се

На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".

Македонија пее

КАЖИ, МОМЕ, ВИСТИНАТА

Кажи, моме, вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил' сос мен' се подиграваш
да ти мине времето.

Сношти мина покрај вази,
тебе, моме, не те видов,
срце ми се растрепери,
почна солзи да ронам.

Сечи, моме, руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице
и рудото ти грло.

Ах, да можам да разберам
була ли си, ил' Гркиња,
ил' си, моме, Македонка,
та си толку убава.


ЛАЖИ, ЛАЖИ, ВЕРЕ

Лажи, лажи Вере,
лажи, кого лажиш,
само мене Вере,
немој да ме лажиш.

Јас си имам Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам Вере,
до три болести.

Прва болест Вере,
леле, прва болест,
прва болест Вере -
струмички меани.

Втора болест Вере,
леле, втора болест,
втора болест Вере -
в туѓина ќе одам.

Трета болест Вере,
леле, трета болест,
трета болест Вере -
изгорев за тебе.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting