Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Берлускони - Груевски:

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

(Преземено од МИА)


– Италија искрено ја поддржува Република Македонија на патот на кон ЕУ и НАТО. Македонија заслужува позитивен извештај и препорака за почеток на преговите со ЕУ и заслужува да стане членка на Европската унија, истакнал италијанскиот премиер Силвио Берлускони на денешната средба со премиерот Никола Груевски во Рим.
Зголемувањето на обемот на трговската соработка и зголемувањето на нивото на странски инвестиции од Италија во Македонија се клучни цели околу кои е постигната заемна согласност и за чија реализација двајцата премиери, покрај владиниот ангажман, ќе го вложат и својот личен авторитет.
Груевски и Берлускони, јави известувачот на МИА, на речиси двочасовната средба и работен ручек се согласиле дека постојат одлични политички односи меѓу двете земји и оти и натаму остануваат посветени на нивно натамошно унапредување.
Разговарале на повеќе теми од областа на политиката, но посебно се осврнале на економските теми и заедничката заложба да работат на интензивирање и унапредување на економските односи, пред се на можноста за инвестиции, зголемување на трговската размена.
- Ги претставив реформите и модернизацијата што ја правиме во земјата, а ја истакнав и нашата стратешка определба за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ и конкретните процеси околу евроинтеграциите со осврт и на нашата посветеност за надминување на предизвиците кои ни стојат на тој пат, изјави премиерот Груевски по средбата со Берлускони.
Станало збор, како што рече, и за најновите предизвици на светската економска сцена и нивното влијание на економските текови во Европа.
Премиерот Груевски го информирал својот италијански колега и за можностите за водење бизнис во Македонија, при што тој позитивно ги оценил политиките на македонската Влада за даночно ослободување на инвеститорите, како што се ослободувањето на персоналниот данок, од данокот на добивка, а посебно специјалните поволности во слободните економски зони што Македонија им ги нуди на потенцијалните инвеститори.
Двајцата премиери се договориле и за организирање натамошни бизнис форуми, како и да се направат телевизиски репортажи за состојбите во Македонија во кои ќе бидат прикажани и условите за правење бизнис во земјата за да се доближат поблиску до заинтересираните италијански компании.
- Посетата на Италија за нас е значајна бидејќи Италија е пријателска земја и затоа што лично од Владата на господинот Берлускони секогаш сме наидувале на поддршка, како и промоција на нашите интереси. Од тој аспект можам да оценам дека средбата и ручекот со Берлускони поминаа одлично, во пријатен разговор на многу теми, а и натаму ќе ја имаме поддршката од Италија на сите полиња што се важни за Македонија, истакна премиерот Груевски.
Италија, додаде тој, традиционално го поддржува Балканот, како што ја поддржува и Република Македонија.
- Одамна е проценката на Берлускони дека сите земји од Балканот треба да се најдат во ЕУ за на тој начин да се обезбеди и траен мир, трајна сигурност и стабилност на Балканот, рече премиерот Груевски.
Италија е петти најголем надворешно-трговски партнер на Македонија во последните пет години. Размената на годишно ниво се движи околу 500 милиони американски долари, а само во првите седум месеци од годинава таа изнесува 420.713.000 долари. Италијанските инвестиции во Македонија изнесуваат 55 милиони евра. Италијански компании, како ЕНЕЛ пројавуваат интерес за инвестиции во енергетиката.
Премиерот Груевски за време на посетата на Италија е придружуван од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на претседателот на Владата.
Ова е трета средба на премиерот Груевски со неговиот италијански колега Берлускони. Првата беше во 2007 година кога Груевски престојуваше во Рим на економската турнеја за привлекување странски инвестиции, организирана од македонската Влада, а втората кон крајот на ноември 2010 на Самитот ЕУ-Африка во Либија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Имајќи неколку слободни денови, во крајот на септември, главниот уредник на "Народна волја" Георги Христов реши да отиде до Р Македонија за да се види со свои пријатели. Кога се врати овде тој со восхит започна да раскажува на свои блиски за новиот изглед на Скопје со спомениците на македонските херои; за впечатливиот свечен дочек на кошаркарите кои се пласираа на четврто место на европското првенство; за срдечните средби со своите пријатели и топлите разговори со нив. Од своето патување во Македонија освен многу спомени г-н Христов донесе и две нови книги од двајца истакнати автори со нивни автографи - на академик Блаже Ристовски - главен уредник на Македонската енциклопедија и Раде Силјан - претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ви нудиме кратки извадоци од двете дела.

ЗА МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Раде Силјан е поет, есеист, критичар, преведувач. Роден е на 16 април 1950 г. во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет – јужнословенска книжевност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Автор е на многу книги. Објавил избрани дела во шест томови. Преведуван е на многу јазици: српски, турски, англиски, романски, бугарски, руски, грчки и др. Добитник е на наградите: "11 Октомври" за животно дело, "Кочо Рацин", "Студентски збор", "Браќа Миладиновци", "Ацо Шопов", "Димитар Митрев", "Велја кутија", "Гоцева повелба", "Кочиќево перо", "Златна фортуна", "Арџесис", "Поет на спокојот". Неговата последна објавена книга со поезија е "Молитвење", излезена од печат годинава.

КЛУЧ ЗА ВЉУБЕНИТЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Браќа
Свети браќа

Слезени од небесата
Со душа од памук
Од свила

Со болна прелест
И девствена мисла

Откопајте амајлија
Со векови криена
Во срцето на мојот народ

Најдете клуч
За вљубените во убавината
И во Татковината

Отклучете тешки порти
Да влезе сонце
Во одаите трошни

Браќа
Свети браќа

Најдете клуч
За мојата земја
За Македонија



НА ПОСНА ВЕЧЕРА

Молитвете
Браќа
Молитвете

Во дното на бокалот
Дробни солзи
Не изтурајте

За животот скржав
И крвта пресна
На посна вечера
Ножеви не вадете

Во песните
Света земја
Не поганете

Оти само земјата
Во песните живее


КРОСНО ОД ПЕПЕЛ

На рана месечина
Демони оро вијат

За спомен на мртвите
Вечен пламен гори

А куќата стара
Ни влез
Ни излез има

Во темелите нејни
Совалки од друго време
Со кросно од пепел
И реси од ветер

За судбата наша
Тагуваат
Бдеат


Македонија пее

ЗАПЛАКАЛО Е МАРИОВО

Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре
Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
Од душманите да не куртулиш.

Сега за скоро, јас Ќе дојдам, Ќе пристигнам,
со триесет одбрани момчиња
сите со куси малихери, малихери
сите со наган леволвери.

Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре послушај,
ако ти сакаш за да куртулиш.
Накачи горе кајчукарите, кај манастирот
ако ти сакаш да куртулиш.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
на неговата верна дружина
Клавајте гуњи пушки, леле, пушки,
зашто се камен тешко најдува.

Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
од Демир Хисарските планини:
слушам ве народ, народ поробен,
леле поробен.
Слушам ви гласој, гласој жалосни.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди
во тоа село Паралово
бог да убие шпијуните Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоа.

Тогај се Ѓорѓи излага, прелага
накачи горе кајчукарите
кога Ќе види што Ќе види Ѓорѓи Сугаре
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Згрмеа пушки, пушки аскерски, крвави
сета сдружина му ја убија!
Тогај извади наган леворвер Ѓорѓи Сугаре
самиот крвта си ја пролеа, леле пролеа.
жив на душмани не се предаде.


Поезија

БАЛАДА ЗА ПИСМЕНАТА

На великите славянски просветители Климент, Наум и Ангеларий

Подгизнала безкрайна равнина.
Виелица.
И вълчи вой пресипнал.
Посърналата от студа луна
придръпва облачните дрипи.

Реве страхотно старата река,
води понесла някъде из мрака.
А на брега
с вързопче във ръка
три сенки,
впили жаден взор нататък –

далече,
някъде отвъд реката
примамливо блещука светлина.
Родино наша,
майко наша свята,
стаила нежност,
обич,
топлина.

Те коленичат,
с вяра се прекръстват,
молитва шепнат сините уста
за малко сила в
смръзналите пръсти
да победят реката
и нощта.
Не от смъртта,
смъртта за тях е бяла –
страхуват се за Словото сега.
Изправят се.
Отблъскват бавно сала –
играчка за великата река.

Тя сграбчва ги във тъмната
си бездна
понася ги във вечния си бяг.
Но става чудо в тази нощ
беззвездна –
те стигат до спасителния бряг.

Три пламъка,
от Словото родени
и Словото превърнали в мечта.
Дори реката стихва укротена,
отстъпва в тази тъмна
нощ пред тях.

И те успяват с вяра,
с упование
да съхранят светите писмена
и да изпълнят с чудна светлина
завинаги душата на славяните.

ПЕТЪР МИЦКОВ



С Ъ Н У В А Н Е

Мераци вечни реят
по земята македонска.
И алчни българи
и гърци устрема и днес не спират.
От векове реве
байганьовщината хайванска.
И подли гърци
им пригласят с флейта фарисейска.
Отровни думи им в сърцата
змийски плачат.
Мечти загубени по миналото
в мрака кървав още търсят,
голям подарък санстефански
с ореол сънуват.
Забравили,
че в ново време
днес живеят.
Забравили слепците,
че светът от ден на ден
без граници осъмва.
Усмихнати,
че с мръсни пръсти
в книги и по телевизии
лъжата сеят.
И чакат те от нея
в бъдеще реколта зряла
с песни и хора да жънат.
А чувстваш в редовете писани
до тлъсти хонорари
угоени яловици блеят.

ПЕТЪР ХРИСТОВ






ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting