Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Нови книги

СО МИСЛАТА ЗА МАКЕДОНИЈА


Блаже Ристовски е славист, филолог, културолог, историограф, фолклорист и литературен историчар, член на МАНУ от 1988 година. Роден на 21.III. 1931 година во село Гарниково, Кавадарско. Создал големо по обем творештво, при што главно ги истражува и ги афирмира националните дејци од ХIХ и ХХ в. : Крсте П. Мисирков, Димитрија Д. Чуповски, Наце Д. Димов, Ѓеорѓија М. Пулевски, Петар Д. Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Никола Вапцаров, Тодор Чопов и др..
Неговата последна објавена книга е том 1 на "Избрани дела в десет тома", озаглавен "Мисирков" (Крсте П. Мисирков (1874 – 1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла".


ЗАКЛУЧОК

Со многу празнини и недоизјаснетости, се обидуваме да ги оцртаме основните линии на идната полна монографија на Мисирков и на македонската национална мисла. Зашто да се зборува за Мисирков значи да се зборува за патиштата на развитокот на македонската мисла, и обратно. Тие се испреплетени во текот на цели три децении и повеќе, а нивното проучување претполага познавање на најзначајниот период од македонската национално-политичка и културна историја, со што нашата млада наука, на сегашниов степен, не може да се пофали. Затоа при разгледувањето на најкритичните моменти од развитокот на Мисирков и македонската национална мисла си дозволивме да се задржуваме и на некои постранични материјали што помогнуваат за разбирањето на мошне комплицираниот стек на разни околности што ги диктирале постапките и делата на Мисирков и на неговите сомисленици.
И покрај сите тешкотии и ограничувања поради недостапот на потребниот документационен материјал од архивите во Русија, се надеваме дека изнесовме многу нови сознанија, било за Мисиркова и неговото време било од него, и помогнавме да се согледа непрекинатата линија на неговата национална мисла, неговата доследност и истрајност во борбата за афирмација и заштита на македонските национални идеали. Иако во извесни критични историски преломи бил присилуван ниско да се наведува, тој до крајот на животот не дозволи сосема да падне: умре како што започна да живее – со мислата за Македонија. Поновата македонска историја не познава друга таква силна и толку заслужена личност, особено на полето на македонската национална наука и култура, како што е личноста на Крсте П. Мисирков. Неговите заслуги, како што можеше да се види, се многубројни и мошне разнородни...
Поради сето досега изложено многу е голема вистината во зборовите на Блаже Конески кога вели дека "ретко која личност беше покомплетно присутна во нас, во најрешителните денови на нашата нова историја, и во славните денови на Ослободувањето, кога меѓу другото се реши и прашањето на македонскиот литературен јазик. Мисирков беше присутен и во оние што немале можност да се запознаат поблизу со неговите идеи, зашто тој беше претеча – по образецот на она што тој така јасно го чувствуваше се формираа нашите млади генерации во процесот на развивањето на македонската национална свест. Откривањето на Мисиркова – завршува Конески – во многу погледи значи за нас откривање на самите себеси".

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Имајќи неколку слободни денови, во крајот на септември, главниот уредник на "Народна волја" Георги Христов реши да отиде до Р Македонија за да се види со свои пријатели. Кога се врати овде тој со восхит започна да раскажува на свои блиски за новиот изглед на Скопје со спомениците на македонските херои; за впечатливиот свечен дочек на кошаркарите кои се пласираа на четврто место на европското првенство; за срдечните средби со своите пријатели и топлите разговори со нив. Од своето патување во Македонија освен многу спомени г-н Христов донесе и две нови книги од двајца истакнати автори со нивни автографи - на академик Блаже Ристовски - главен уредник на Македонската енциклопедија и Раде Силјан - претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ви нудиме кратки извадоци од двете дела.

ЗА МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Раде Силјан е поет, есеист, критичар, преведувач. Роден е на 16 април 1950 г. во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет – јужнословенска книжевност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Автор е на многу книги. Објавил избрани дела во шест томови. Преведуван е на многу јазици: српски, турски, англиски, романски, бугарски, руски, грчки и др. Добитник е на наградите: "11 Октомври" за животно дело, "Кочо Рацин", "Студентски збор", "Браќа Миладиновци", "Ацо Шопов", "Димитар Митрев", "Велја кутија", "Гоцева повелба", "Кочиќево перо", "Златна фортуна", "Арџесис", "Поет на спокојот". Неговата последна објавена книга со поезија е "Молитвење", излезена од печат годинава.

КЛУЧ ЗА ВЉУБЕНИТЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Браќа
Свети браќа

Слезени од небесата
Со душа од памук
Од свила

Со болна прелест
И девствена мисла

Откопајте амајлија
Со векови криена
Во срцето на мојот народ

Најдете клуч
За вљубените во убавината
И во Татковината

Отклучете тешки порти
Да влезе сонце
Во одаите трошни

Браќа
Свети браќа

Најдете клуч
За мојата земја
За Македонија



НА ПОСНА ВЕЧЕРА

Молитвете
Браќа
Молитвете

Во дното на бокалот
Дробни солзи
Не изтурајте

За животот скржав
И крвта пресна
На посна вечера
Ножеви не вадете

Во песните
Света земја
Не поганете

Оти само земјата
Во песните живее


КРОСНО ОД ПЕПЕЛ

На рана месечина
Демони оро вијат

За спомен на мртвите
Вечен пламен гори

А куќата стара
Ни влез
Ни излез има

Во темелите нејни
Совалки од друго време
Со кросно од пепел
И реси од ветер

За судбата наша
Тагуваат
Бдеат


Македонија пее

ЗАПЛАКАЛО Е МАРИОВО

Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре
Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
Од душманите да не куртулиш.

Сега за скоро, јас Ќе дојдам, Ќе пристигнам,
со триесет одбрани момчиња
сите со куси малихери, малихери
сите со наган леволвери.

Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре послушај,
ако ти сакаш за да куртулиш.
Накачи горе кајчукарите, кај манастирот
ако ти сакаш да куртулиш.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
на неговата верна дружина
Клавајте гуњи пушки, леле, пушки,
зашто се камен тешко најдува.

Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
од Демир Хисарските планини:
слушам ве народ, народ поробен,
леле поробен.
Слушам ви гласој, гласој жалосни.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди
во тоа село Паралово
бог да убие шпијуните Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоа.

Тогај се Ѓорѓи излага, прелага
накачи горе кајчукарите
кога Ќе види што Ќе види Ѓорѓи Сугаре
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Згрмеа пушки, пушки аскерски, крвави
сета сдружина му ја убија!
Тогај извади наган леворвер Ѓорѓи Сугаре
самиот крвта си ја пролеа, леле пролеа.
жив на душмани не се предаде.


Поезија

БАЛАДА ЗА ПИСМЕНАТА

На великите славянски просветители Климент, Наум и Ангеларий

Подгизнала безкрайна равнина.
Виелица.
И вълчи вой пресипнал.
Посърналата от студа луна
придръпва облачните дрипи.

Реве страхотно старата река,
води понесла някъде из мрака.
А на брега
с вързопче във ръка
три сенки,
впили жаден взор нататък –

далече,
някъде отвъд реката
примамливо блещука светлина.
Родино наша,
майко наша свята,
стаила нежност,
обич,
топлина.

Те коленичат,
с вяра се прекръстват,
молитва шепнат сините уста
за малко сила в
смръзналите пръсти
да победят реката
и нощта.
Не от смъртта,
смъртта за тях е бяла –
страхуват се за Словото сега.
Изправят се.
Отблъскват бавно сала –
играчка за великата река.

Тя сграбчва ги във тъмната
си бездна
понася ги във вечния си бяг.
Но става чудо в тази нощ
беззвездна –
те стигат до спасителния бряг.

Три пламъка,
от Словото родени
и Словото превърнали в мечта.
Дори реката стихва укротена,
отстъпва в тази тъмна
нощ пред тях.

И те успяват с вяра,
с упование
да съхранят светите писмена
и да изпълнят с чудна светлина
завинаги душата на славяните.

ПЕТЪР МИЦКОВ



С Ъ Н У В А Н Е

Мераци вечни реят
по земята македонска.
И алчни българи
и гърци устрема и днес не спират.
От векове реве
байганьовщината хайванска.
И подли гърци
им пригласят с флейта фарисейска.
Отровни думи им в сърцата
змийски плачат.
Мечти загубени по миналото
в мрака кървав още търсят,
голям подарък санстефански
с ореол сънуват.
Забравили,
че в ново време
днес живеят.
Забравили слепците,
че светът от ден на ден
без граници осъмва.
Усмихнати,
че с мръсни пръсти
в книги и по телевизии
лъжата сеят.
И чакат те от нея
в бъдеще реколта зряла
с песни и хора да жънат.
А чувстваш в редовете писани
до тлъсти хонорари
угоени яловици блеят.

ПЕТЪР ХРИСТОВ






ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting