Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот Ѓорѓе Иванов:

НАШАТА МИСИЈА Е МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ВНЕСЕМЕ ВО ГОЛЕМОТО ЕВРОПСКО И ЕВРОАТЛАНТСКО СЕМЕЈСТВО

(Преземено од МИМ)


- Никој и никогаш, со ништо, нема да може да му наштети на нашето уставно име, нашиот идентитет, на тоа што сме. Не ни треба ниту признание, ниту потврда за тоа што сме. Сме биле и ќе бидеме Македонија. Сме биле и ќе бидеме Македонци.
Ова го истакна претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Домот на АРМ на свечената академија по повод 11 Октомври, на која им беше оддадена почит на жртвите од Народноослободителната војна.
- Голем е бројот на оние кои со години нè негирале, ни го проблематизирале името, идентитетот, јазикот. Не ми е јасно како е можно и денес, во 21 век, некој да има такви идеи. Не ми е јасно како некој сè уште не може да го види тоа што е толку јасно и очигледно тука сме, постоиме, знаеме кои сме и што сме, и светот нема проблем со тоа, истакна Иванов.
Тој посочи дека оспорувањата и негациите не можат да го сменат тоа бидејќи, како што рече, Македонија ќе ги реализира целите-членството во Европската унија и во НАТО.
- Одбележувањето на 70-годишнината од почнувањето на Народноослободителната борба доаѓа во период кога, како општество, сме длабоко навлезени во дискусија за историјата и за разните погледи и толкувања врз неа, истакна Иванов.
Во тој контекст додаде дека дискусијата произлегува од упорното поставување прашања кои произлегуваат од историјата, а на патот на нашите евроатлантски интеграции ги поставува соседна Грција.
- Грција сè уште не е во можност да ја тргне оваа бесполезна дискусија на страна и на дело да покаже дека има искрени намери со агендата 2014 и целиот Балкан да биде интегриран во Европската унија, вели македонскиот претседател.
Во својот говор претседателот рече дека секоја држава, секое општество, е исклучително комплексен организам и во него има место за сите.
- Ние ги славиме луѓето зависно од нивниот придонес кон придвижувањето на земјата и нејзините луѓе напред, како примери на своето време, како луѓе кои се истакнале со своето знаење, храброст, визионерство. Делото на хероите од древното минато, од средновековието, од годините на националните борби во 19 век, на борците од 2001 година, може да се одбележува слободно и со тоа, воопшто, не се намалува или поткопува славењето на хероите од НОБ, истакна Иванов.
Во Македонија, како што рече, трајна вредност на борбата против фашизмот е што во неа учествувале сите етнички заедници во земјата.
- Нашата традиција на соживот, навистина притисната под налетот на мрачни времиња и уште помрачни идеологии, опстојала на предизвикот и не се скршила. Тоа што ние денес можеме да живееме заедно се должи на цврстината на нашите предци кои не ја преминале линијата и не дозволиле оваа почва да биде затруена со омраза, додаде Иванов.
Toj истакна дека нашата мисија е Република Македонија да ја внесеме во големото европско и евроатлантско семејство на држави, со сето достоинство кое ни следува.
- Прашањето за членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО не е дали, туку кога. Се разбира, подобро е порано отколку подоцна. А до тогаш, деноноќно ќе работиме да станеме членка по стандарди, вредности и критериуми, а не по уцени и ултиматуми. По ова и формалниот прием ќе биде лесен, рече Иванов.
Говорејќи за претстојниот извештај на Европската комисија тој истакна дека ЕК е наш пријател, а пријателите мора да бидат во допир со реалноста.
- Жестоко реагирав минатата година, жестоко ќе реагирам и сега, ако се повтори негација на реалноста, на употребата на придавката македонски за јазикот и на другите одредници за македонското општество. Станува збор за достоинството на сите граѓани на Република Македонија. Едноставно нема, никогаш и за ништо, да ги ставиме во залог овие врвни македонски вредности, рече Иванов.
Според него, за докрај да истраеме во одбраната на нашите вредности, мора да ги оставиме на страна дневно-политичките поделби и недоразбирања.
- Мора да се обединиме околу заедничките благородни вредности, интереси и цели. Мора да бидеме сплотени, како што беа сплотени нашите предци во борбата за слободна Македонија, нагласи Иванов.
На академијата се обрати претседателот на Сојузот на борците од НОВ, Тодор Атанасовски, кој потсети на војната од 1941 до 1946 година кога Македонија меѓу првите земји се приклучила кон победничките сили.
- Спомениците од НОВ не произведуваат антагонизам, па тие да бидат сквернавени, туку тоа се паметници на една заедничка борба меѓу Македонците, Албанците Србите, Власите и Турците, рече Атанасовски.
На свечената академија присуствуваа борци, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претставници на дипломатскиот кор, на судската власт, на политички партии, на верските заедници, ректори...

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Имајќи неколку слободни денови, во крајот на септември, главниот уредник на "Народна волја" Георги Христов реши да отиде до Р Македонија за да се види со свои пријатели. Кога се врати овде тој со восхит започна да раскажува на свои блиски за новиот изглед на Скопје со спомениците на македонските херои; за впечатливиот свечен дочек на кошаркарите кои се пласираа на четврто место на европското првенство; за срдечните средби со своите пријатели и топлите разговори со нив. Од своето патување во Македонија освен многу спомени г-н Христов донесе и две нови книги од двајца истакнати автори со нивни автографи - на академик Блаже Ристовски - главен уредник на Македонската енциклопедија и Раде Силјан - претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ви нудиме кратки извадоци од двете дела.

ЗА МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Раде Силјан е поет, есеист, критичар, преведувач. Роден е на 16 април 1950 г. во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет – јужнословенска книжевност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Автор е на многу книги. Објавил избрани дела во шест томови. Преведуван е на многу јазици: српски, турски, англиски, романски, бугарски, руски, грчки и др. Добитник е на наградите: "11 Октомври" за животно дело, "Кочо Рацин", "Студентски збор", "Браќа Миладиновци", "Ацо Шопов", "Димитар Митрев", "Велја кутија", "Гоцева повелба", "Кочиќево перо", "Златна фортуна", "Арџесис", "Поет на спокојот". Неговата последна објавена книга со поезија е "Молитвење", излезена од печат годинава.

КЛУЧ ЗА ВЉУБЕНИТЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Браќа
Свети браќа

Слезени од небесата
Со душа од памук
Од свила

Со болна прелест
И девствена мисла

Откопајте амајлија
Со векови криена
Во срцето на мојот народ

Најдете клуч
За вљубените во убавината
И во Татковината

Отклучете тешки порти
Да влезе сонце
Во одаите трошни

Браќа
Свети браќа

Најдете клуч
За мојата земја
За Македонија



НА ПОСНА ВЕЧЕРА

Молитвете
Браќа
Молитвете

Во дното на бокалот
Дробни солзи
Не изтурајте

За животот скржав
И крвта пресна
На посна вечера
Ножеви не вадете

Во песните
Света земја
Не поганете

Оти само земјата
Во песните живее


КРОСНО ОД ПЕПЕЛ

На рана месечина
Демони оро вијат

За спомен на мртвите
Вечен пламен гори

А куќата стара
Ни влез
Ни излез има

Во темелите нејни
Совалки од друго време
Со кросно од пепел
И реси од ветер

За судбата наша
Тагуваат
Бдеат


Македонија пее

ЗАПЛАКАЛО Е МАРИОВО

Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре
Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
Од душманите да не куртулиш.

Сега за скоро, јас Ќе дојдам, Ќе пристигнам,
со триесет одбрани момчиња
сите со куси малихери, малихери
сите со наган леволвери.

Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре послушај,
ако ти сакаш за да куртулиш.
Накачи горе кајчукарите, кај манастирот
ако ти сакаш да куртулиш.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
на неговата верна дружина
Клавајте гуњи пушки, леле, пушки,
зашто се камен тешко најдува.

Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
од Демир Хисарските планини:
слушам ве народ, народ поробен,
леле поробен.
Слушам ви гласој, гласој жалосни.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди
во тоа село Паралово
бог да убие шпијуните Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоа.

Тогај се Ѓорѓи излага, прелага
накачи горе кајчукарите
кога Ќе види што Ќе види Ѓорѓи Сугаре
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Згрмеа пушки, пушки аскерски, крвави
сета сдружина му ја убија!
Тогај извади наган леворвер Ѓорѓи Сугаре
самиот крвта си ја пролеа, леле пролеа.
жив на душмани не се предаде.


Поезија

БАЛАДА ЗА ПИСМЕНАТА

На великите славянски просветители Климент, Наум и Ангеларий

Подгизнала безкрайна равнина.
Виелица.
И вълчи вой пресипнал.
Посърналата от студа луна
придръпва облачните дрипи.

Реве страхотно старата река,
води понесла някъде из мрака.
А на брега
с вързопче във ръка
три сенки,
впили жаден взор нататък –

далече,
някъде отвъд реката
примамливо блещука светлина.
Родино наша,
майко наша свята,
стаила нежност,
обич,
топлина.

Те коленичат,
с вяра се прекръстват,
молитва шепнат сините уста
за малко сила в
смръзналите пръсти
да победят реката
и нощта.
Не от смъртта,
смъртта за тях е бяла –
страхуват се за Словото сега.
Изправят се.
Отблъскват бавно сала –
играчка за великата река.

Тя сграбчва ги във тъмната
си бездна
понася ги във вечния си бяг.
Но става чудо в тази нощ
беззвездна –
те стигат до спасителния бряг.

Три пламъка,
от Словото родени
и Словото превърнали в мечта.
Дори реката стихва укротена,
отстъпва в тази тъмна
нощ пред тях.

И те успяват с вяра,
с упование
да съхранят светите писмена
и да изпълнят с чудна светлина
завинаги душата на славяните.

ПЕТЪР МИЦКОВ



С Ъ Н У В А Н Е

Мераци вечни реят
по земята македонска.
И алчни българи
и гърци устрема и днес не спират.
От векове реве
байганьовщината хайванска.
И подли гърци
им пригласят с флейта фарисейска.
Отровни думи им в сърцата
змийски плачат.
Мечти загубени по миналото
в мрака кървав още търсят,
голям подарък санстефански
с ореол сънуват.
Забравили,
че в ново време
днес живеят.
Забравили слепците,
че светът от ден на ден
без граници осъмва.
Усмихнати,
че с мръсни пръсти
в книги и по телевизии
лъжата сеят.
И чакат те от нея
в бъдеще реколта зряла
с песни и хора да жънат.
А чувстваш в редовете писани
до тлъсти хонорари
угоени яловици блеят.

ПЕТЪР ХРИСТОВ






ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting