Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју на Никола Груевски: Грција воопшто не се труди да се најде решение

ЦЕЛИОТ ПРИТИСОК СЕ ПРЕФРЛА ВРЗ МАКЕДОНИJА

(По македонскиот печат)


Грција веќе повеќе месеци избегнува средби, а тие што ги има се несуштински. Економската криза дури и создаде многу подобра позиција кај меѓународната заедница. Тие сфатија дека се темпирана бомба во рацете на ЕУ, која ако многу се притисне ќе експлодира. И затоа никој не смее да ги допре или да ги притисне по прашањето за името.

Во таква комотна ситуација, Атина нема интерес да се реши прашањето со разумен компромис. Ќе продолжи да им продава приказна дека многу се трудат, дека сме блиску до решение, а тие ќе го зголемуваат притисокот врз нас, што уште повеќе ќе не одалечи од целта.
Добро, ајде да се концентрираме на очигледно главниот проблем, името. Што се случува на тој план, нема многу информации во јавноста.
- Во еден период средбите зачестија, атмосферата се подобри и се чинеше дека се создадоа услови за разговор и решение. Имаше и различни идеи и можеби и волја кај нашиот сосед. Сега се изменија условите, а на тоа придонесоа два фактори. Грција веќе повеќе месеци одбегнува средби, а и тие кои ги има се несуштински, значи средби заради средби, каква што неодамна беше онаа меѓу министрите за надворешни, чија цел беше Грција да покаже пред партнерите во меѓународната заедница дека нешто работи и се труди.
Всушност воопшто не се труди. Првиот фактор за тој однос е економската криза во Грција која што освен што реално ги дефокусира, им создаде многу подобра позиција кај меѓународната заедница. Тие сфатија дека се темпирана бомба во рацете на ЕУ, која ако многу се притисне ќе експлодира, ќе има огромни штети, ќе има изгореници, жртви… И сфатија дека заради тоа никој не смее да ги допре или да ги притисне по прашањето на името. Второ, гледаат дека притисокот во целост е на наша страна и го чекаат исходот од тоа. Се надеваат дека или ние ќе ги прифатиме нивните услови под притисок или ќе дојдат други времиња со други политичари, од кои имаат јасно ветување дека експресно ќе го решат проблемот. Тоа експресно се подразбира во чија корист ќе биде и затоа се комотни. Зошто тогаш Грција во една ваква ситуација би брзала со решението?
Се надевам дека некој аргументирано ќе ме демантира за ова, вклучително и Грција.
Нели ги засега исходот на тужбата во Хаг?
- Ги засега, но не премногу, бидејќи доколку го изгубат спорот, не планираат да ја испочитуваат одлуката на судот. Пресметуваат дека сегашната ситуација во која се наоѓаат ќе им го овозможи тоа.
Неодамна во печатот се појавија анализи во правец што Македонија ќе направи во сите варијанти, т.е. ако го добие, ако го загуби или ако решението е половично…
- Ги видов.Тоа се паушални анализи, произлезени и од некој брифер кој сакајќи да се истакне себе си, демек многу разбира, или е добро информиран, само ни прави штета како држава.
Во меѓународната заедница преовладува мислењто дека ние сме виновната страна, таков е впечатокот.
- Да, ние сме виновни што не сакаме да прифатиме предлози кои со сигурност ќе паднат на референдум.
Но, доколку, сепак, и власта и опозицијата застанат зад еден предлог, нели мислите дека тоа ќе помине на референдум?
- На опозицијата никој од оние што името и идентитетот нешто им значи не и верува по ова прашање, целосно го загубија кредитот со постапките во минатото. Нас делумно се уште ни веруваат, затоа што сме внимателни ни веруваат, но гледајќи под каков притисок сме сигурно дека ќе имаат резерва при која било наша заложба за решение во иднина.
Сепак, ако дојде до референдум, дали вие ќе го кажете својот став?
- Да, јасно ќе го кажеме.
Дали мислите дека луѓето нема да ве следат?
- Зависи што ќе понудиме. Ако има доволно аргументи, ќе не следат, ако немаме, нема да не следат. Очигледно, од сите истражувања на јавното мислење, а ги имаше многу, членството во НАТО и почетокот на преговори за членство во ЕУ, не се доволен аргумент за мнозинството граѓани. Во овие 20 години народот научи многу за ова прашање, и ова е едно од прашањата за кои политичарите не можат кој знае колку да влијаат.Тоа е она што не можат да го разберат многумина од меѓународната заедница.
Во основа ако добро се размисли и логично е народот да не верува на политичарите по ова прашање, а посебно не на власта, која и да е власт, бидејќи власта е под постојан притисок и може да донесе погрешна одлука, свесно или несвесно. Со оглед дека за ова прашање опозицијата не ја ставаат во математиката воопшто, можеби најмногу заради нивниот калкулантски однос и перцепцијата дека тие се би прифатиле само за да им се допаднат на странците, на граѓаните им останува најмногу да се потпрат на сопствениот мозок, расудување и разбирање на нештата. Медиумите, или голем дел од нив, што се однесува до ова прашање, одамна се доказ дека имаат крајно ограничено влијание врз мнозинството граѓани.
Јас во основа сметам дека и правично е граѓаните за ова да не ги слушаат политичарите, дури ни власта, затоа што политичарите се минливи и менливи, еден ден ќе не нема, а одлуките ако се погрешни ќе останат и ќе треба сите да живеат со тоа. Затоа треба секој добро да ги ислуша сите политичари, сите медиуми, претставниците на меѓународната заедница, …сите, да ги чујат сите аргументи, и за и против, и на крај самите да расудат и со своја глава да одлучат како ќе гласаат.
Дали сте оптимист или песимист дека ќе се реши проблемот со името наскоро?
- Ако продолжи оваа тактика на некои поединци од меѓународната заедница на неизбалансиран притисок, би рекол дека сум повеќе песимист. Во таква комотна ситуација, Грција нема интерес да се реши прашањето со разумен компромис. Грција ним ќе продолжи да им продава приказна дека многу се трудат, дека сме многу блиску, а тие ќе го зголемуваат притисокот врз нас, кој, пак, уште посилно ќе не одалечи од целта, како што на почетокот зборував.
Колку голема штета ќе имаме ако ја загубиме препораката?
- Ќе имаме штета, иако главната придобивка од препораката е ако преговорите започнат и станеме членки на ЕУ. Тоа го нема заради се ова што го кажав досега.
Кога очекувате да имате наредна средба со грчкиот премиер?
- Не знам, јас сум подготвен во кое било време, но сепак воопшто не е важно се додека средбите другата страна ги користи за да покаже пред членките на Унијата и САД дека се труди и дека и треба уште малку време да го реши ова и се разбира се додека оваа приказна и ја купуваат верувајќи во неа или правејќи се дека веруваат во неа, сеедно.
Слушнавме многу негативни реакции на Вашето возвраќање на прес-конференцијата на комесарот Фуле. Како ги доживувате?
- Не сум сигурен дека има премногу негативни реакции за тоа. Но, јас одамна се навикнав дека во Македонија постојат политички и медиумски структури кои за "ерес" го прогласуваат секое различно мислење од она на кој било дел од меѓународната заедница, макар била тоа и некоја маргинална странска невладина организација и кои сметаат дека безпоговорно треба се да се прифати, а ако може и самите да си ја додадеме вината, за да не засакаат.
Мислам дека тоа е погрешно. Треба отворено да ги кажуваме нашите размислувања и позиции. Тоа е во духот на демократијата која за ЕУ е на врвот на приоритетите. Ако може внатре во ЕУ секојдневно да има дебати и различни мислења по различни прашања од сите видови политики, ако таму има за се и сешто различни и спротивставени мислења и аргументи, на што ќе им личиме ние, а и што ќе постигнеме ако за се одговараме со "да, така е", дури и кога различно сме убедени по одредени проблеми. Секој отворен дијалог е покорисен отколку премолчувањето и наталожувањето на фрустрации кај нас. Некогаш тоа нема да помогне, но некогаш може и да помогне. Важно е да сме искрени пред себе и пред Бог. Се убивме од работа. Има и резултати, иако сме свесни дека имаме уште многу работа, но за толкав период зад нас направено е максимум. Знаеме дека го знаат тоа. Затоа што многумина од нив во неформални разговори тоа и ни го признаваат. Дури еден висок претставник на ЕУ неформално ми кажа дека се надеваат оти брзо ќе се реши прашањето за името, оти веќе не знаат што да ни смислат да сработиме без отворање на преговорите и на скринингот, од кои треба да произлезат нови реформи. Тоа е чесно што ми го кажа. Но, некоректно е некои негови претпоставени да го говорат обратното. Други претставници од ЕК истото му го имаат кажано и на министерот Иво Ивановски, пред само неколку недели, и други членови на Владата слушнале вакви коментари. Затоа, јас велам, ако си искрен пред себе и пред Бог, вистината и правдата мора да дојдат.
Реагиравте и на тоа што ја немаше придавката "македонски". Тука, сепак, од сите добивте поддршка…
- Тоа што се случува со одбегнувањето на пишување на името на јазикот и тоа од страна на ЕУ, се разбира под притисок на Грција, е најдобар одговор на сите кои јавно не убедуваат дека овој спор не бил за идентитетот, туку само за името. Со ваков гест Европската комисија директно се замеша во спорот, односно во делот, кој како што тие самите кажуваат нели, не е дел од спорот, јазикот и националноста, со што само ги озакони постапките на Грција.
Видовме и многу реакции за поставеното прашање на новинарот Борјан Јовановски. Како вие го чувствувате тоа?
- Јас не би го коментирал тоа прашање на поранешниот новинар, за кој сите се чудат како се нашол во салата за прес-конференции на Комисијата, и како токму тој го имал ексклузивното право да поставува прашања, а не и другите новинари од Македонија во салата, но и тоа говори доволно за темата транспарентност и слобода на медиумите, но и за стандардите кои треба да ги следиме.
Но, сепак ако не беше тој веројатно ќе беше некој друг кој е заинтересиран да користи средства од фондовите на ЕУ за проекти поврзани со медиумите. Со оглед дека спомнатата личност е добро позната на македонската јавност и инволвирана во низа скандали и афери, јас би се воздржал од коментар. Очигледно претходно нарачаното прашање беше во функција за подготовка на терен за следната година за повлекување на препораката, доколку до тогаш не се реши спорот за името.
Зошто токму сега и на ваков начин им е потребно ова?
- Две години по ред од ЕУ отворено и јавно говорат дека главниот и единствен проблем за незапочнување на преговорите е нерешениот проблем со името, а не нешто друго. Сега, прашањето е како да не притискаат со обвинување дека не правиме доволно реформи, кога претходно беше кажано дека земјата е дојдена до ниво потребно за почеток на преговорите, и треба уште само да се реши името. Непријатно е да застанат зад криминалот во "пајажина" па се користат општи фрази од типот загриженост за слободата во медиумите, и се бараат маани надвор од овој случај, кои не е лесно да се најдат, а да се крупни и сериозни, или да не се пренагласени, или пак да ги нема и во повеќето земји членки на Унијата. Слушаме и фрази од типот дека уназадиле некои реформски процеси, а не чувме сериозни примери кои се тие.


Мислам дека ако не не сакаат во Унијата почесно е да кажат: "Не ве сакаме" или "Решете го проблемот со Грција па јавете ни се". Тоа колку и да не е принципиелно, многу повеќе секој би го почитувал заради искреноста, отколку ваков вид на очигледни неправди со измислување проблеми или нивно пренагласување и пренагласување, и на луѓе кои ги спојуваат денот и ноќта со работа на реформите и напредокот да им говорат дека работат со половина срце. Тоa е крајно нефер.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!


Имајќи неколку слободни денови, во крајот на септември, главниот уредник на "Народна волја" Георги Христов реши да отиде до Р Македонија за да се види со свои пријатели. Кога се врати овде тој со восхит започна да раскажува на свои блиски за новиот изглед на Скопје со спомениците на македонските херои; за впечатливиот свечен дочек на кошаркарите кои се пласираа на четврто место на европското првенство; за срдечните средби со своите пријатели и топлите разговори со нив. Од своето патување во Македонија освен многу спомени г-н Христов донесе и две нови книги од двајца истакнати автори со нивни автографи - на академик Блаже Ристовски - главен уредник на Македонската енциклопедија и Раде Силјан - претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ви нудиме кратки извадоци од двете дела.

ЗА МИНАТОТО, СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА

Раде Силјан е поет, есеист, критичар, преведувач. Роден е на 16 април 1950 г. во Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет – јужнословенска книжевност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Автор е на многу книги. Објавил избрани дела во шест томови. Преведуван е на многу јазици: српски, турски, англиски, романски, бугарски, руски, грчки и др. Добитник е на наградите: "11 Октомври" за животно дело, "Кочо Рацин", "Студентски збор", "Браќа Миладиновци", "Ацо Шопов", "Димитар Митрев", "Велја кутија", "Гоцева повелба", "Кочиќево перо", "Златна фортуна", "Арџесис", "Поет на спокојот". Неговата последна објавена книга со поезија е "Молитвење", излезена од печат годинава.

КЛУЧ ЗА ВЉУБЕНИТЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Браќа
Свети браќа

Слезени од небесата
Со душа од памук
Од свила

Со болна прелест
И девствена мисла

Откопајте амајлија
Со векови криена
Во срцето на мојот народ

Најдете клуч
За вљубените во убавината
И во Татковината

Отклучете тешки порти
Да влезе сонце
Во одаите трошни

Браќа
Свети браќа

Најдете клуч
За мојата земја
За Македонија



НА ПОСНА ВЕЧЕРА

Молитвете
Браќа
Молитвете

Во дното на бокалот
Дробни солзи
Не изтурајте

За животот скржав
И крвта пресна
На посна вечера
Ножеви не вадете

Во песните
Света земја
Не поганете

Оти само земјата
Во песните живее


КРОСНО ОД ПЕПЕЛ

На рана месечина
Демони оро вијат

За спомен на мртвите
Вечен пламен гори

А куќата стара
Ни влез
Ни излез има

Во темелите нејни
Совалки од друго време
Со кросно од пепел
И реси од ветер

За судбата наша
Тагуваат
Бдеат


Македонија пее

ЗАПЛАКАЛО Е МАРИОВО

Заплакало е Мариово, заплакало,
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре
Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
Од душманите да не куртулиш.

Сега за скоро, јас Ќе дојдам, Ќе пристигнам,
со триесет одбрани момчиња
сите со куси малихери, малихери
сите со наган леволвери.

Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре послушај,
ако ти сакаш за да куртулиш.
Накачи горе кајчукарите, кај манастирот
ако ти сакаш да куртулиш.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
на неговата верна дружина
Клавајте гуњи пушки, леле, пушки,
зашто се камен тешко најдува.

Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре провикна
од Демир Хисарските планини:
слушам ве народ, народ поробен,
леле поробен.
Слушам ви гласој, гласој жалосни.
Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди
во тоа село Паралово
бог да убие шпијуните Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоа.

Тогај се Ѓорѓи излага, прелага
накачи горе кајчукарите
кога Ќе види што Ќе види Ѓорѓи Сугаре
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Згрмеа пушки, пушки аскерски, крвави
сета сдружина му ја убија!
Тогај извади наган леворвер Ѓорѓи Сугаре
самиот крвта си ја пролеа, леле пролеа.
жив на душмани не се предаде.


Поезија

БАЛАДА ЗА ПИСМЕНАТА

На великите славянски просветители Климент, Наум и Ангеларий

Подгизнала безкрайна равнина.
Виелица.
И вълчи вой пресипнал.
Посърналата от студа луна
придръпва облачните дрипи.

Реве страхотно старата река,
води понесла някъде из мрака.
А на брега
с вързопче във ръка
три сенки,
впили жаден взор нататък –

далече,
някъде отвъд реката
примамливо блещука светлина.
Родино наша,
майко наша свята,
стаила нежност,
обич,
топлина.

Те коленичат,
с вяра се прекръстват,
молитва шепнат сините уста
за малко сила в
смръзналите пръсти
да победят реката
и нощта.
Не от смъртта,
смъртта за тях е бяла –
страхуват се за Словото сега.
Изправят се.
Отблъскват бавно сала –
играчка за великата река.

Тя сграбчва ги във тъмната
си бездна
понася ги във вечния си бяг.
Но става чудо в тази нощ
беззвездна –
те стигат до спасителния бряг.

Три пламъка,
от Словото родени
и Словото превърнали в мечта.
Дори реката стихва укротена,
отстъпва в тази тъмна
нощ пред тях.

И те успяват с вяра,
с упование
да съхранят светите писмена
и да изпълнят с чудна светлина
завинаги душата на славяните.

ПЕТЪР МИЦКОВ



С Ъ Н У В А Н Е

Мераци вечни реят
по земята македонска.
И алчни българи
и гърци устрема и днес не спират.
От векове реве
байганьовщината хайванска.
И подли гърци
им пригласят с флейта фарисейска.
Отровни думи им в сърцата
змийски плачат.
Мечти загубени по миналото
в мрака кървав още търсят,
голям подарък санстефански
с ореол сънуват.
Забравили,
че в ново време
днес живеят.
Забравили слепците,
че светът от ден на ден
без граници осъмва.
Усмихнати,
че с мръсни пръсти
в книги и по телевизии
лъжата сеят.
И чакат те от нея
в бъдеще реколта зряла
с песни и хора да жънат.
А чувстваш в редовете писани
до тлъсти хонорари
угоени яловици блеят.

ПЕТЪР ХРИСТОВ






ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting