Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Вашингтон подготвен да помогне, но решението кај Скопје и Атина

ВОЛЕРС: НЕМА ПРОМЕНА ВО СТАВОТ НА САД ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИА)


- Ставот на САД околу спорот со името не е променет. Ние ја признаваме Република Македонија под нејзиното уставно име. Но, со оглед на значењето на прашањето го поддржуваме процесот за негово решавање што се води под покровителство на ОН и ќе поддржиме секакво решение до кое ќе дојдат Македонија и Грција, изјави новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс, кој денеска му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Според него, САД се подготвени да дадат совет и поддршка за решавање на овој спор, доколку тоа биде побарано од нив, но оти сепак, како што рече, тоа не е прашање кое треба да го решава друг, туку тоа треба да го сторите самите.
Претседателот Иванов, на церемонијата на предавањето на акредитивните писма, порача дека Македонија е посветена на што поскоро изнаоѓање решение прифатливо за двете страни и оти се надева дека таква подготвеност ќе има и од другата страна.
- Нашите граѓани ги трпат последиците од овој проблем кој Грција го има со нашето име, а кој е целосно неразбирлив, како од перспективата на времето во кое живееме, 21. век, така и од аспект на сите мерки за добра волја, кои до сега Република Македонија ги има преземено за да ги покаже своите добрососедски намери. Но, не сме обесхрабрени, сакаме и веруваме дека до решение може да дојдеме со заемна подготвеност, почитување и придружување до рамката на разговорите, зададена со резолуциите на ОН, рече Иванов.Тој додаде оти искрено се надева до наредната година на следниот самит на НАТО во Чикаго Македонија ќе си го заземе местото кое и припаѓа.
Амбасадорот Волерс најави помош, поддршка и совети и за неколку други прашања со кои, како што рече, Македонија, како и секоја друга земја, треба да се соочи, кои се важни за секоја демократија, а се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и развојот на граѓанското општество.
- Не би рекол дека Македонија назадува на полето на демократијата. Ова се прашања кои биле тука и претходно, но соочувањето со нив е од голема важност, како за Македонија така и за секоја друга земја. Ние сме тука, како големи пријатели и поддржувачи на Македонија и на нејзините евроатлантски аспирации да дадеме поддршка и совети за унапредување на овие сфери, рече Волерс.
И Иванов и Волерс сметаат дека меѓу Македонија и САД постои вистинско искрено пријателство, добра соработка, која може и натаму да се интензивира и продлабочува.
- Нашето партнерство се темели на идентична и силна приврзаност кон визии, идеи и вредности. Приврзаноста кон слободата, мирот и демократијата, почитувањето на човековите слободи и права, борбата против тероризмот..., рече Иванов.
Пол Волерс е шестиот амбасадор на САД во Република Македонија. Тој вчера заедно со својата сопруга пристигна во Скопје.
Амбасадорот Волерс е дипломат од кариера кого американскиот Сенат на 2 август годинава едногласно го потврди како амбасадор на САД во Република Македонија.
Пред неговата номинација Волерс беше заменик извршен секретар во Стејт департментот. Тој претходно служеше како директор на Канцеларијата за Кавказ и регионални конфликти во Бирото за Eвропски и Eвроазиски прашања, беше заменик шеф на мисија и вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје, заменик директор на Штабот на Извршниот секретаријат и виш надзорник во Центарот за операции.
Волерс на амбасадорската функција доаѓа на местото на Филип Рикер, кој сега е заменик помошник државен секретар во Бирото за Европски и Евроазиски прашања во Стејт Департментот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВЕЧНА ДА СИ МАКЕДОНИЈО

Во песните те опеваме
Љубов и среќа посеавме
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен:
Еј да живееш Вечна да си
никој по патот да не те плаши
чекор по чекор среќна да си
Македонијо. Македонијо.

По светот одев прошетав
ко птица пак си долетав
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................

Топло сонце те грее
ширум по светот се пее
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Сатира

ПЪТНИЦИ

Когато се закръглят като нули
нищожества от черния елит,
едни издигат вавилонски кули,
а други ги зареждат с динамит.

Но кой ли няма истинска химера!
И влюбени в бедрата й без срам,
едни отиват в каменната ера,
а други идват с камъни от там!

НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ

И от ляво, и от дясно
сме заклещени на тясно,
за да бъде на кирия
всеки български калджия.

ВЪЗМОЖНОСТИ

Гдето всичко е възможно,
там и простото е сложно,
за да може всяка мъка
да разплаква дребосъка.

ОТЧАЯНИЕ

"Няма хлебец за попара,
няма истина и вяра!"
"За какво ти е тогава
тази шибана държава?!"

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting