Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Оптимизам

НОВА МАКЕДОНСКА ГЕНЕРАЦИЈА СЕ РАЃА

ЈАСНА ФРАНГОВСКА


Додека светот се занимава со смената на генерацијата икс (родена во 1960-тите години) со новата генерација ипсилон (родена помеѓу 1985 и 2000 година), споредувајќи ги според нивниот однос кон електронската ера, која завладеа во светот во меѓувреме, ние, деновиве, смената на генерациите речиси можеме да ја видиме во живо, споредувајќи го односот на две македонски генерации кон татковината.

Што направивме?
Прво, одбележавме две децении независност, собирајќи десетици илјадници луѓе на градскиот плоштад, споделувајќи го чистото и благородно чувство на заедничка радост од конечно освоената сувереност.
Без инциденти, без алкохолизирани непријатности, без скршени билборди и настрадан друг градски инвентар и, што е најважно, без никакви партиски обележја.
Потоа, заминавме на Европското кошаркарско првенство и секоја поединечна победа - над Грција, Хрватска, Словенија, особено над домаќинот Литванија, ја прославивме заеднички, споделувајќи го новото чувство на гордост поради постигнатите резултати - повторно без инциденти, без алкохолизирани непријатности, без партиски нишани и со врвна толеранција едни кон други.
Најнакрај, се собравме во речиси незамисливи 100 илјади на градскиот плоштад да ги пречекаме кошаркарите на домашната репрезентација по завршувањето на првенството во Литванија и да им ја искажеме својата благодарност за радоста што ни ја причинија. Повторно без никакви инциденти, без непријатности и тепачки, без никакви дури ни обиди за партизирање и друго политичко присвојување.
Логично е што е така, рекоа познавачите. Во сите овие пригоди искажувавме радост, а не револт или протест. Веројатно се во право. Но македонското искуство познава и заеднички прослави на Нова година, за многумина најрадосниот ден меѓу 365-те во годината, зачинети со агресија, алкохолни труења и со истакнување партиски знамиња.
Се смени ли генерацијата или се смени матрицата на Македонецот? Или само нé облагороди и нé направи подобри луѓе постигнатиот пласман, кој ја вброи Македонија, земјата на која најголемиот успех во колективните спортови досега и беше седмото место на европско ниво во женски ракомет, помеѓу четирите најдобри кошаркарски репрезентации на континентот?
Одговорот е веројатно позитивен на сите три прашања. Да, се смени генерацијата. Да, со промената на генерацијата, се менува и матрицата. И да, стануваме подобри луѓе секогаш кога постигнуваме некој успех - личен или колективен.
Импресивните слики од сите наши чествувања што ги одбележавме во последниов период, зачинети со уште поимпресивното исклучување на агресија, политизација и инциденти, така карактеристични за нашите колективни собирања од каква било природа, зборуваат за некои нови луѓе, за некој нов социјален амбиент и за некои нови очекувања што добивме право да ги негуваме. Македонската ипсилон-генерација, родена и израсната во независната држава, која не учествуваше на партиски митинзи и која се радуваше, главно, преку социјалните мрежи, наеднаш излезе на градските чествувања и сподели нова енергија, нови правила на радување и на прославување, нова матрица на сакање на татковината - без реален партиски ангажман, со чиста припадност единствено кон партијата на радосните граѓани, кои имаат своја држава, своја кошаркарска репрезентација, една од четирите најдобри во Европа, своја визија за свет на почитување и толеранција и свое право на нова верба во подобар живот - за себе и за земјата во која живеат. Новата македонска генерација, очигледно, се раѓа.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВЕЧНА ДА СИ МАКЕДОНИЈО

Во песните те опеваме
Љубов и среќа посеавме
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен:
Еј да живееш Вечна да си
никој по патот да не те плаши
чекор по чекор среќна да си
Македонијо. Македонијо.

По светот одев прошетав
ко птица пак си долетав
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................

Топло сонце те грее
ширум по светот се пее
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Сатира

ПЪТНИЦИ

Когато се закръглят като нули
нищожества от черния елит,
едни издигат вавилонски кули,
а други ги зареждат с динамит.

Но кой ли няма истинска химера!
И влюбени в бедрата й без срам,
едни отиват в каменната ера,
а други идват с камъни от там!

НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ

И от ляво, и от дясно
сме заклещени на тясно,
за да бъде на кирия
всеки български калджия.

ВЪЗМОЖНОСТИ

Гдето всичко е възможно,
там и простото е сложно,
за да може всяка мъка
да разплаква дребосъка.

ОТЧАЯНИЕ

"Няма хлебец за попара,
няма истина и вяра!"
"За какво ти е тогава
тази шибана държава?!"

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting