Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кошаркарите ја поврзаа целата нација

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ГИ ПРЕЧЕКАА КОШАРКАРСКИТЕ ХЕРОИ ОД ЛИТВАНИЈА

ГОРДАН АДАМОВСКИ


Македонија го дочека својот спортски момент на вистината
"Вие сте нашиот медал", порача од плоштадот "Македонија" пресреќниот селектор на кошаркарската репрезентација Марин Докузовски кога виде дека десетици илјади луѓе од целата земја дојдоа да се поклонат на своите јунаци. Иако на крајот останавме без медал, македонските кошаркари ја направија горда оваа земја, која не' пропушти да им се реваншира.
Народната веселба почна околу девет часот, кога триесетина двокатни автобуси од пред салата "Борис Трајковски" тргнаа кон аеродромот "Александар Велики", полни со граѓани облечени во национални дресови, со знамиња, капи, шалови, со бојосани лица. Песната тргна и не запре. На аеродромскиот паркинг пристигаа уште стотина граѓани во своја режија. Можеа да се забележат регистарски таблички од целата земја. Две огромни знамиња на Македонија спуштени од највисоката до најниската точка на новата аеродромска зграда, како и билборди на кои "ТАВ" им честиташе на 12 херои, го креваа адреналинот додека се чекаше 11,15 часот кога "литванската" експедиција требаше да слета на македонско тло. Блиските на кошаркарите влегоа во аеродромската зграда, се навиваше и внатре.
Откако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги пречека кошаркарите, пред толпата прв, како што е редот, излезе капитенот Перо Антиќ, по него и останатите. Тие беа пресреќни, знаеја дека им се приредува дочек, но сигурно не очекуваа толку раздрагани лица. Некако најзбунет беше нашиот "Борче" Мекејлеб.
"Таков е тој, срамежлив", коментираа неговите колеги.
Се запалија и бенгалки. Пред да се исече славеничката торта, селекторот Докузовски вети дека в година во Лондон ќе продолжат да не' радуваат.
"По поразот за третото место ни беше тешко, но кога гледам колку не' сакате и не' почитувате, не ни треба медал. Злато да ми дадат сега не ми вреди колку вашиот пречек", рече популарниот Марин. Тодор Гечевски рече дека чувствата се измешани бидејќи "бевме толку блиску до медал, но не го освоивме". Предраг Самараџиски вети дека медалот ќе го освоиме на следното првенство што ќе се одржи за две години во Словенија.
"Леле, луѓе што направивме, цела Европа ја растуривме!", е новиот навивачки хит, благодарејќи на изјавата на Владо Илиевски по сензационалната победа над Литванија.
"Гордост е да се биде Македонец!", извика Илиевски.
Кошаркарите се качија во двокатниот панорамски автобус, Мекејлеб го нагрна македонското знаме, присутните му скандираа "МВП", алудирајќи дека тој беше најдобриот играч на првенството. Распоредот покажуваше дека треба да се тргне накај Скопје, да се запре кај "Бисер" и пред Народна банка и да се стигне на плоштадот "Македонија". Аеродромските власти ги кренаа рампите на паркингот, но, сепак, на огромната колона возила и' требаше час и половина да ги мине триесетината километри до центарот на Скопје. По пат, граѓаните излегуваа на улица, навиваа, го фотографираа конвојот, а возилата од спротивната страна отпоздравуваа со свирење.
Средношколците избегаа од часови, вработените излегуваа од работните простории, граѓаните најдоа време да дојдат на централниот плоштад. Автобуси од целата земја. Река народ се слеваше од сите страни. Градот беше блокиран, замреа сите активности. На едно тезге на Бит-пазар, на кое се продаваат сувенири со мотиви на Македонија и на Албанија, вчера беа закачени единствено "двете" знамиња на Македонија: старото и новото сонце.
На популарниот "Рекорд" беа ставени импровизирачки кошови, а најмладите со баскети во рацете ни порачаа дека и по Перо, Владо и Тодор ќе има кој да игра за Македонија. На плоштадот веќе не можеше да се помине. Во првите редови беа и премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов. Веднаш до претставниците на власта беа членови на опозициските партии. Андреј Петров од СДСМ стоеше до Влатко Ѓорчев и до Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Кошаркарите ја обединија Македонија.
Радоста кулминираше кога двокатниот автобус помина под Триумфалната порта. Се скандираа имињата на сите кошаркари и на селекторот. Им кажавме "благодарам" за се' што направија изминатите дваесетина дена. Им простивме што на крајот не успеаја да освојат бронза. Го оставија срцето на терен, играа повредени и уморни, го натераа целиот свет да чуе за "Македонија", направија да се чувствуваме гордо и важно.
"Вие сте нашиот медал", уште еднаш повтори Докузовски. Капитенот Антиќ, пак, вети дека и натаму ќе го оставаат "срцето на терен", а нам тоа ни е доволно. Кога се игра така, ќе има и резултати. Ќе има и медал.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВЕЧНА ДА СИ МАКЕДОНИЈО

Во песните те опеваме
Љубов и среќа посеавме
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен:
Еј да живееш Вечна да си
никој по патот да не те плаши
чекор по чекор среќна да си
Македонијо. Македонијо.

По светот одев прошетав
ко птица пак си долетав
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................

Топло сонце те грее
ширум по светот се пее
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Сатира

ПЪТНИЦИ

Когато се закръглят като нули
нищожества от черния елит,
едни издигат вавилонски кули,
а други ги зареждат с динамит.

Но кой ли няма истинска химера!
И влюбени в бедрата й без срам,
едни отиват в каменната ера,
а други идват с камъни от там!

НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ

И от ляво, и от дясно
сме заклещени на тясно,
за да бъде на кирия
всеки български калджия.

ВЪЗМОЖНОСТИ

Гдето всичко е възможно,
там и простото е сложно,
за да може всяка мъка
да разплаква дребосъка.

ОТЧАЯНИЕ

"Няма хлебец за попара,
няма истина и вяра!"
"За какво ти е тогава
тази шибана държава?!"

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting