Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Иванов:

ВЛОГОТ ВО АРМИЈАТА Е ВЛОГ ВО ЕВРОПСКАТА И ЕВРОАТЛАНТСКАТА ИДНИНА

(Преземено од МИМ)


- Со пригодна свеченост и примопредавање на функцијата началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во Центарот за обука на вода во Охрид беше одбележан Денот на Армијата - 18 Август. Должноста началник на ГШ ја прими генерал-мајор Горанчо Котевски од досегашниот генералот Мирослав Стојановски.
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на воените сили Ѓорге Иванов им оддаде признание на сите досегашни началници на ГШ, офицери, подофицери, војници и цивилни лица во АРМ кои во изминатите 19 години придонесоа во градењето на македонската независност, како и до сите мировници кои вложија труд и посветеност во ангажманите во мисиите во Ирак, Авганистан, БиХ и Либија.
Иванов подвлече дека Република Македонија како партнер и сојузник во антитерористичката коалиција во Авганистан ќе остане се додека е неопходно и ќе го следи трендот на транзиција и предавање на севкупната власт на авганистанскиот народ во согласност со интересите на државата.
- Свесни сме дека влогот во Армијата е влог во европската и евроатлантската иднина на Македонија. Соочувајќи се со големи предизвици и спроведувајќи темелни реформи, македонската Армија денеска останува да биде еден од предводниците на реформскиот процес на целото македонско општество, рече Иванов.
Според него, АРМ ги исполнила сите критериуми за членство во Алијансата.
- Сакам да знаете дека со НАТО ги споделуваме истите вредности, интереси и приоритети. Република Македонија е еднаква по обврските со сите земји-членки на НАТО, но не може да ги ужива правата и привилегиите што ги носи членството во Алијансата, нагласи Иванов. Тој изрази уверување дека ќе дојде денот кога Македонија и формално ќе стане дел од евроатлантското братство на народи посветено на поголема безбедност, демократија и човекови права во светот.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека АРМ покрај во државата е ценет и почесен партнер и лесно препознатлива во светот. Повтори дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО се врвни приоритети на Владата и на Министерството за одбрана.
- Посветени на исполнувањето на оваа цел ќе ги продолжиме и зајакнеме сите неопходни реформи кои ќе придонесат за полноправно членство во евроатлантските структури, место кое заслужено и припаѓа на Репубилка Македонија, рече Бесими.
Досегашниот началник на Генералштабот Стојановски по предавањето на функцијата истакна дека благодарение на посветеноста кон реформите, лојалноста кон професијата, мотивираноста и високиот морал, Армијата е меѓу најуспешните институции.
Во 19-годишниот развој на Армијата, најсилен белег, според Стојановски, оставиле професионализацијата и формирањето на Единицата за специјални намени како прва професионална единица на АРМ, ангажирања во кризните периоди на границите со Србија и Албанија, кризата на Косово и хуманитарната катастрофа, конфликтот во 2001 година, започнувањето со трансформација, учеството во мисии надвор од државата,... Посебен белег му оставиле целосната афирмација на АРМ дома и на меѓународен план, доверба и углед кај граѓаните и висок рејтинг пред меѓународната заедница.
- Со спроведувањето на реформските процеси паралелно бевме ангажирани на многу активности и задачи во земјата и надвор од нејзините граници каде заради високите резултати и покажаниот традиционализам Армијата е рамноправен и посакуван партнер на НАТО и ЕУ, рече Стојановски, изразувајќи жалење што во неговиот мандат земјата не доби полноправно членство во Алијансата.
На неговиот следбеник му порача да продолжи да ја негува поврзаноста со цивилното население, граѓаните и институциите, но и да се чуваат и одбележуваат традициите.
- Не е сеедно на кого се остава ова богатство кое се вика Армија на Република Македонија и затоа грижете се за секој човек, борете се за статусот, имиџот и позициите на Армијата. Да не се дозволи атак врз институцијата во која треба да се почитуваат, одржуваат и унапредуваат воспоставените вредности, но и да се трага по нив, рече Стојановски.
Деветтиот началник на ГШ генерал-мајор Горанчо Котевски нагласи дека меѓусебното почитување, одговорноста, професионалноста, дисциплината и лојалноста ќе бидат код во неговата работа која заедно со припадниците на АРМ ќе придонесе за безбедна и просперитетна Република Македонија. Тој изрази уверување дека е целосно подготовен да им се посвети на обврските и задачите што произлегуваат од должноста.
Фокусот и натаму ќе биде на продолжување на реформските процеси во согласност со новите безбедносни предизвици и следење на НАТО-стандардите со цел земјата да стане членка на Алијансата, имплементација на новата структура на силите, подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ, реализација на плановите за долгорочен развој, опремување и модернизација на Армијата, јакнење на лидерството, моралот, единството и сите високи морални вредности во служба на државата и граѓаните, продолжување и јакнење на соработката со партнерите во НАТО и меѓуармиска соработка на билатерален и регионален план...
- Свесен сум дека за остварување на вака поставените приоритети покрај останатото потребна е висока обученост, ред и дисциплина, како и финансиски средства. Не се сомневам дека АРМ има капацитет тоа да се реализира и верувам дека новата генерација која во редовите на Армијата ќе истрае на реформскиот пат и со постигнување на високи резултати ќе дава силен импулс кон полноправното членство на Македонија во НАТО, рече Котевски.
На свеченоста по повод 19. роденден на Армијата меѓу другите присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, пратеници на Собранието, амбасадори, воени аташеа и други гости.
Во чест на Денот на АРМ прелет изведоа два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на Воздухопловниот ВИНГ на Армија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting