Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

БЕРОВСКИОТ ЕТНО ФЕСТИВАЛ ВО ДОКУМЕНТАРЕЦ НА БРАЗИЛСКА ПРОДУКЦИСКА КУЌА

(Преземено од МИМ)


Бразилска продукциска куќа ќе снима документарец за беровскиот "Етно-плоштад фестивал". Продукцијата "Патот на ритамот", која снима документарни филмови по патеката на етно музиката во светот, за прв пат ќе снима документарец за балканската музика, правејќи едночасовен филм за третиот по ред беровски Етно фестивал, кој годинава е посветен на македонската етно музика.
Гери Блантон, продуцент, прв пат е во Малешевијата и е воодушевен од балканскиот и од македонскиот фолклор.
Ова е многу различно, балканската музика и игра, досега сме снимале во Азија, Сингапур, и Северна Америка, за етно фестивалот разбрав од пријатели, кои настапувале на овој фестивал, вели Гери Блантон, продуцент од "По патеките на ритамот".
Филмот ќе биде готов до крајот на годинава, и ќе биде адут на Прукцијата за настап на светските фестивали од областа на музиката. Филмот ќе се прикажува првично на нивниот веб портал, со тенденција да се освојат и светски познатите сервиси, како канадската СБС и ББС.
Сопругата на Гери, познатата светска кореографка, Паола Блантон, родена беровчанка и оваа година љубовта кон родниот крај ја врати во Берово. Нејзината улога во растот и промоцијата на фестивалот низ светот е значјна.
Јас се враќам секоја година заради децата од танцовата група , многу сум задоволна од нив, правам фузија од модерни игри со етно мотиви, вели Паола Блантон, кореограф и уметник.
На сцената во Берово ќе настапат македонските ѕвезди, Синтезис, Љубојна, Танец, гости од Бугарија, бразилската дива Естрела Андраџи и голем број на Културно уметнички друштва од земјава и соседството.
Етно плоштад фестивал. Се случува по трет пат, фестивалот расте, иако нашите амбиции се многу поголеми. На вистински пат сме, годинава се фокусиравме на македонската етно музика, Танец, Синтезис, Љубојна, делегации од многу светски фестивали. Претседателот на целата организација на Марибор 2012 , европски град на културата, преку нашиот фестивал ќе ангажира наши уметници, за Марибор, делегација од Јапонија, Романија. Фестивалот расте, вели Марин Демировски, општина Берово.
Фестивалот е поддржан од општина Берово и Министерството за култура. Започнува на 26-ти август, ќе трае два дена, а во негови рамки се одржува и Саемот на малешевски ракотворби. Фестивалот е посветен на празникот Голема Богородица, празник на Берово.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting