Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Инвестиција од пет милиони евра на фармацевтска групација "Протек груп" во Бунарџик

РУСКИ МИЛИЈАРДЕР ГРАДИ ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Милијардер од Русија, кој е на листата на "Форбс" на најбогати луѓе во светот, вчера почна со изградба на фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Фабриката ќе произведува производи што се продаваат во аптека - хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од житарки, како и органски и неоргански чаеви, витамини и минерали. Станува збор за инвестиција вредна пет милиони евра која ќе се одвива во две фази при што ќе обезбеди вкупно 300 нови вработувања, најави сопственикот на "Протек груп", Вадим Сергеевич Јакунин, на поставувањето камен-темелник во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции.
- Голем љубител сум на историјата. Дојдов пред две години да му подарам книга на Груевски за историјата на словенските народи, во којашто има многу и за Македонија и за Александар Македонски. Груевски ме убеди да изградам фабрика во Македонија - рече Јакунин.
Премиерот Груевски го истакна значењето на првата руската инвестиција во фармацевтската индустрија и изрази надеж оти ќе следат руски инвестиции и од другите сектори, покрај енергетскиот и рударскиот.
- Токму од Македонија гигантот "Протек" преку нивната овдешна компанија "Продис" ќе ги пробива своите производи во Југоисточна Европа, Русија и прекуокеанските пазари во САД и Австралија. Со тоа американскиот "Џонсон контролс", британскиот "Џонсон Мети", италијанскиот "Технокозе" и американскиот "Кемет електроник" добиваат нов сосед на Бунарџик - рече Груевски, оценувајќи дека зоната која пред две години беше ливада, денес прераснува во вистинска индустриска база во која покрај компонентите за автомобилската индустрија свое место најде и фармацевтската.
Фабриката во прва фаза ќе се изгради за една година и ќе вработи 130 лица, а во двете фази за три години кога вкупниот број на вработени ќе биде околу 300, ќе има директни вработувања. Покрај тоа, ќе има и голем број индиректни вработувања. На почетокот суровината ќе биде делумно од Македонија, делумно од увоз, но по неколку години се планира над 90 отсто од суровината да се произведува во Македонија, главно во краеви каде што има чиста еколошка средина, и главно планински региони, погодни за одгледување различни специјални билки и растенија. Технологијата е целосно италијанска и нова. Најголем дел од производството ќе оди за извоз. Ќе извезува покрај во Руската Федерација и на пазарите во поранешните советски и југословенски републики и во прекуокеанските држави.
Договорите со кои почнува реализацијата на инвестицијата, вчера во македонската Влада ги потпишаа директорот на "Продис" д.о.о., Коста Димов, и првите луѓе на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1 - Бунарџик, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега.
"Протек груп" постои од 1990 година и е најголем дистрибутер на лекови и козметика во Русија. На рускиот и украинскиот пазар холдингот има 655 аптеки. Аптеките под името "Ригла" се втори на листата на руски аптеки по продажба, а први на листата за дистрибуција на лекови.
Според последните неревидирани финансиски резултати Групацијата во првите шест месеци од годината оствари раст на приходите од 1,2 отсто споредено со истиот период лани во износ од 23,4 милиони рубли (567,5 илјади евра).

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting