Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија и Турција

ПОТПИШАА СПОГОДБА ЗА РЕДОВЕН ВОЗДУШЕН СООБРАКАЈ

(Преземено од МИМ)


- Министрите за транспорт и врски на Македонија и на Турција, Миле Јанакиески и Бинали Јилдирим денеска на скопскиот аеродром "Александар Велики" потпишаа Спогодба за редовен воздушен сообраќај.
- Спогодбата за редовен воздушен сообраќај ја отсликува нашата добра и долгогодишна соработка. Овој текст ја заменува спогодбата која беше претходно потпишана во 1994 година и со неа се промовира конкурентен меѓународен воздушен сообраќај со кој патниците ќе имаат поголем избор на услуги, а ќе се поттикнат поголем број на авиокомпании да понудат подобри и поконкуретни услуги за граѓаните, рече Јанакиески.
Тој укажа дека со потпишувањето на оваа спогодба се овозможува на авиопревозниците кои го вршат сообраќајот самите да ги определуваат фрекфенциите, нудејќи поголема можност за искористеност на другата заинтересирана страна, каде во полза доаѓаат олеснителни околности во областа на царината, инспекцијата и другите давачки и такси.
Јанакиески се заблагодари што покрај реномираната и светски позната авиокомпанија Turkish Airlines која сообраќа од и до Република Македонија, со летови од Измир и Истанбул до Скопје почна да оперира и нискотарифна авиокомпанија "Pegasus Airlines".
Со ова, како што рече, се овозможува на граѓаните на Македонија да ги посетат убавите дестинации, да воспостават бизнис и да се поврзат и со други популарни градови во светот.
- Со влез на нови компании, секогаш се придонесува за паѓање на цените. Тоа е случај и со влезот на "Pegasus Airlines". Благодарни сме што компанијата ТАВ е присутна во Македонија и до сега сме задоволни од нашата соработка, рече Јанакиески.
Тој информира дека изградбата на скопскиот аеродром "Александар Велики" е во завршна фаза и најави оти се очекува тој да биде готов побрзо од предвидениот рок со договорот, од 21 октомври 2011 година.
Турскиот министер Јилдирим оцени дека покрај директниот лет од Истанбул за Скопје, со летот од Измир за Скопје се овозможува поповолен однос за развој на туризмот, комуникацијата меѓу двете држави и добрососедските односи во регионот.
Тој истакна дека со неговиот колега Јанакиески имаат извонредна соработка и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.
Министрите Јанакиески и Јилдирим, според најавите, ќе присуствуваат и на Ифтар вечерата што се организира по повод првиот лет Истанбул - Скопје - Истанбул со турската нискотарифна авиокомпанија "Пегасус", чие раководство ќе ја претстави компанијата, нејзината историја и концепт на работа.
Според најавите, на ифтар вечерата ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, како и повеќе турски парламентарци и бизнисмени.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting