Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
"Илинденски денови" - Битола

ГОСТИ ОД МЕКСИКО НА ФЕСТИВАЛОТ

(Преземено од МИМ)


Републичкиот фестивал на народни песни и игри "Илинденски денови"-Битола, 41-то издание ќе го реализира од 29 јули до 1 август кога ќе настапат 32 фолклорни групи и ансамбли. Годинава за прв пат ќе биде домаќин и на гости од Мексико.
На летната сцена во ракометното игралиште, на плоштадот "Магнолија" и во античкиот локалитет Хераклеја, освен гостите од Мексико, ќе настапат и културно уметнички друштва од Австралија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција, Турција и Македонија, информираат од НУ Центар за култура, организатори на фестивалот во Битола.
- Гостите од Мексико, Балет фолклорико "Оризаба" ќе бидат атрактивни за следење бидејќи ја негуваат нивната традиционална и оригинална мексиканска музика и игра. Во Македонија и на фестивалот доаѓаат откако научиле дека нашата манифестација е исклучително квалитетна, препознатлива во светот и со традиција, изјави етнологот Валентин Соклевски, член на комисијата за програмска селекција.
- Фестивалската програма се состои од две вечери на традиционална музика и игра, староградска вечер и интернационална вечер. Посебен белег на фестивалот му даваат и придружните манифестации: "Ехо од дамарите", Семинарот за традиционална музика и игра, фестивалскиот караван со гостувања во Скопје, Демир Хисар и Ресен, дефилето "Со песни и ора низ битолските улици" и манифестацијата "Оро на широк сокак", посочи Соклевски.
Свеченото затворање, за прв пат ќе се заокружи со концерт на етаблираниот државен ансамбл на народни игри и песни "Танец" од Скопје, кој ќе се одржи на 1 август во амфитеатарот "Хераклеа".
Републичкиот фестивал на народни песни и игри "Илинденски денови"- Битола годинава е посветен на јубилејот "20 години независна Македонија" и се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА

Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.

Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.

Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.


БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО

Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.

жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting