Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Традиционално

ИЛИНДЕНСКО ЧЕСТВУВАЊЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Повеќе од 4 илјади Македонци синоќа беа собрани во леринското село Овчарани во Егејска Македонија, на традиционалното одбележување на христијанскиот празник Илинден, за да им докажат на официјалните грчки власти дека Грција не е еднонационална држава како што тврди нејзината официјална политика. Собирот го организира локалната самоуправа на ова село во северна Грција, а под покровителство на локалниот претседател Панајотис Анастасиадис, Македонец што успеа на последните локални избори во Грција како независен кандидат да застане на чело на Овчарани. Атмосферата во Мелити, како што на грчки се нарекува селото Овчарани, првпат по неколку години беше релаксирана, без никакви инциденти. Мирот на селаните единствено го нарушуваа зурлите и тапаните што изведуваа македонски народни ора и песни. Грчките националисти, кои пред две години пред празникот во Овчарани предизвикаа инцидент протестирајќи на граничниот премин Меџитлија, кај Битола, со скандирања "Македонија е грчка", "Скопјани - српска бановина", овој пат ги немаше.
Сега тие се само изолирана група, која неколку дена по празнувањето на Илинден се собира во Лерин и со фашистички симболи патролира низ овој град. Се очекува истото тоа да го сторат и сега. Веќе е најавен нивниот протест за недела. Сепак, поради претпазливост, овчарани изминативе два дена е под "скриена" полициска опсада.
Дополнително, за да не настанат меѓуетнички проблеми, полицијата посебно ги има преградено местата каде што Илинден го прославуваа Грците, иако такви според Анастасиадис, биле само десетина во селото.
Празнувањето на Илинден во Овчарани неколку години по ред беше саботирано и од граничните служби, кои неколкупати ги враќаа новинарските екипи од Македонија што сакаа да известуваат за настанот, како и фолклорните групи што требаше да учествуваат на прославата.
- Сега тоа е променето. Цариниците на границата сфатија дека не носиме пушки, туку музика. Сега е многу порелаксирано - коментира Анастасиадис, кој на граничниот премин Меџитлија ја дочека фолклорната група "Китка" од Кочани.
Прославата во Овчарани траеше два дена. Првиот ден, вторникот, беше осветен на фолклорот од леринскиот и воденскиот регион, па пред насобраните посетители настапуваа локални културно-уметнички друштва. Тогаш како гости настапија и членови на турско фолклорно друштво за да се покаже различната етничка структура во Грција. Синоќа, пак, вечерта беше посветена на македонските песни, кои наизуст ги знаат сите гости во селото.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА

Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.

Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.

Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.


БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО

Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.

жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting