Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
По премиерата на "Панкот не е мртов" на фестивалот во Карлови Вари

БУРА ОД АПЛАУЗИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ!

(Преземено од МИМ)


Аплаузи како ретко кој филм доби македонскиот "Панкот не е мртов" на фестивалот во Карлови Вари! Во полната сала на прекрасниот градски театар околу 200 луѓе завчера бурно и долго го испраќаа делото во режија на Владимир Блажевски. Публиката дури изненадувачки често се смееше и реагираше на многу делови од најновиот македонски долгометражен филм. Режисерот Блажевски, кој во Карлови Вари е во друштво со продуцентот Дарко Попов и актерите Јодран Симонов и Камка Тоциновски, не го крие воодушевувањето од премиерата.
Публиката реагираше одлично. Дури, ми се чини, аплаузот беше пофренетичен отколку тој по премиерата во Скопје. Сите ги правиме филмовите за да им се допаднат на луѓето, па некако сум горд на себе кога ќе видам дека тоа што сум го создал со мака, има добар прием. Луѓето зборуваат за убавото чувство што го носат по проекцијата на филмот. Тоа е токму тоа што најмногу го сакам, ни изјави по проекцијата режисерот Владимир Блажевски, автор на познатите "Хај-фај", "Булевар на Револуцијата", сценарист на "Џипси меџик", "Големата вода"... Тој и пред да почне премиерата, претставувајќи се со екипата, и рече на публиката дека ќе му значи да ја види нивната реакција. Потоа, несвојствено и многу спонтано за фестивалска проекција, македонската екипа ја свртеа со грб кон публиката за да ги фотографираат со публиката во позадина.
Филмскиот фонд на Македонија по проекцијата приреди забава во блискиот клуб "Аеропорт" на која гости беа повеќе важни имиња, меѓу кои и Бернд Будер, селектор од Берлинскиот филмски фестивал, Роланд Раст, директор на фестивалот Котбус...
"Панкот не е мртов" е во официјалната селекција "Источно од Запад". Очигледно е дека темата на филмот е интересна и привлекува внимание, за што доказ е и претставувањето на филмовите во фестивалскиот дневен весник, на кој "Панкот" е ставен во насловот на текстот. Нашиот филм доби и неколку големи реклами во истиот весник, беше претставен во фестивалското издание на престижниот "Скрин дејли", а постери можат да се видат на повеќе места низ фестивалскиот центар. Фотографија од филмот, со Камка Тоциновски и Тони Михајловски, осамна и во единствениот весник на англиски јазик во Чешка.
За вчера попладне беше најавена уште една проекција на "Панкот". Во Карлови Вари стигнаа и продуцентите на уште еден македонски филм, "Балканот не е мртов". Роберт Насков и Роберт Јазаџиски вчера требаше да го презентираат во "Дела во прогрес", каде што се претставуваат проекти кои се веќе снимени или се во завршна фаза. Бура од аплаузи за македонскиот филм!


   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Македонија пее

ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА

Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.

Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.

Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.


БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО

Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.

жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting