Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Државите наследнички на поранешна СФРЈ постигнаа договор

МАКЕДОНИЈА ЈА ДОБИ АМБАСАДАТА ВО КАНБЕРА И КОНЗУЛАТОТ ВО АТИНА

(Преземено од МИМ)


Државите наследнички на поранешна СФРЈ постигнаа договор за првата распределба на имотот на некогашната заедничка држава. Македонија според договореното, во првата фаза од распределбата на имотот ќе ја добие амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина. Генералниот секретар на српското Министерство за надворешни работи, Владимир Чургуз за агенцијата "Танјуг" посочува дека согласно договорот, Србија ќе и ја предаде на Хрватска зградата на амбасадата во Виена и два стана во Трст.
Словенија ќе ја добие резиденцијата во Рим, конзулатите во Клагенфурт и Милано, на Босна и Херцеговина ќе и припадне резиденцијата во Будимпешта и куќа во Вашингтон. Србија, пак, ќе ја добие и амбасадата во Прага, како и резиденциите во Вашингтон и Отава.
Распределбата на имотот се врши според договорените квоти на поранешните членки на југословенската федерација. Следната распределба е најавена за септември годинава. До средината на идната година, пак, се очекува да заврши распределбата на имотот во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), по што ќе почнат преговорите за објектите во Африка, Азија и останатите делови од светот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Македонија пее

ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА

Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.

Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.

Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.


БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО

Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.

жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting