Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

ПИСАТЕЛИТЕ ВО ОДБРАНА НА СТАТУСОТ, ТВОРЕШТВОТО И ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

(Преземено од МИМ)


Подобар социјален статус, враќање на дигнитетот на писателот, враќање на рецензијата, кревање на гласот на писателот за горливите прашања во татковината побараа македонските писатели на редовното годишно Собрание во Друштвото на писателите на Македонија. Писателите дебатираа на тема "Местото и улогата на писателот во културните и општествени процеси", а се осврнуваа и на политичката состојба во земјава.

АКТИВНИ ВО ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРОМЕНИ

Собранието го отвори писателот Веле Смилевски, кој истакна дека местото и улогата на писателот се маргинализирани, неговиот труд е несоодветно вреднуван, а литературната критика е во сериозна криза.
- Примената на споредбениот метод со други области ќе покаже поразителни резултати за статусот на писателот. Друштвото на писателите не може да донесува заклучоци, решенија, но може да даде консултивни прилози, идеи за да си го зачуваме идентитетот на творештвото и статусот на писателот, кој не смее да биде изведен од главните текови на културните и општествените процеси. Како асоцијација планираме во оваа смисла да дадеме придонес во креирањето на културната политика во интерес на понатомошен развој на уметничкото творештво - рече Смилевски.
За Љубинка Донева, улогата на писателот во општеството е нераскинливо поврзана со положбата во општеството.
Според Ефтим Клетников, писателите станале еден вид питачи бидејќи во нив на никаков начин не се инвестира. Тој предложи да се одреди долна граница за настап, да знае колкав хонорар му следува за неговиот интелектуален труд, да се врати институцијата рецензија и да се организира симпозиум посветен на препевот, кој е во сериозна криза. Тој додаде дека најмлад препејувач од шпански јазик кој може да го препее Лорка е Матеја Матевски.
- Писателот како индивидуа е институција и само така може да ја оправда својата улога. Треба сега ние како единки да го осветлиме патот за другите во однос на проблемот со името. Зошто да не се обратиме до таа Европа и да и кажеме дека е перфидна. Мислам дека никој нема да ни прости ако ние како писатели јавно не се изјасниме за тој проблем. Јас сметам дека ни треба етички план за акција за одбрана на името. Мислам дека е тоа наш етички долг – рече Клетников.

ЗАГАДУВАЧИ НА ЈАЗИКОТ

Некои од писателите си упатија самокритика дека воопшто не реагираат на загадувачите на нашиот јазик и покрај тоа што имаме Закон за заштитата на македонскиот јазик.
- Треба да го активираме Законот за заштитата на македонскиот јазик. Јазикот е нашата татковина, литературата и зборот се нашата татковина. Не се признати името, јазикот, но нашата литература во светот е навистина призната - рече Столе Панов.
Никола Кочовски истакна дека писателот не е немоќен да стори нешто за општеството и за општествените процеси.
Писателот е совест на општеството и тој ја боледува болеста на својот народ. Не можеме да се сложиме дека во денешни услови не можеме да влијаеме - рече Кочовски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting