Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Атина го минува односот кон прогонените од Граѓанската војна

ГРЦИЈА ПОПУШТА ЗА ДЕЦАТА-БЕГАЛЦИ

Бранко Ѓорѓевски


На повеќе милијарди евра беше проценет имотот чие враќање го побаруваат прогонетите Македонци од Грција, а кој сега најчесто е во рацете на нивните роднини, соселани или е одземен од страна на грчката држава.
Во месната канцеларија која го опфаќа нашето село Орово, во преспанскиот дел на Грција, добро ни примија.
Ни ги зедоа нашите барања да извадиме изводи од Матичната книга на родените, не пронајдоа во старата евиденција, зедоа адреси и телефони и сега чекаме да ни се јават. Истото ова се обидов да го направам пред пет-шест години, но не сакаа ни да зборуваат за тоа. Ни кажуваа само дека ни нема во книгите. Знам дека повеќе други наши Македонци на ист ваков начин веќе ги добиле изводите, а некои и пасоши и државјанство. Бевме таму минатиот месец, ние педесетмина кои потекнуваме од шеснаесетина села колку што ги има во ова подрачје, односно бевме од секое село по тројца-четворица и сите добро поминавме. Очигледно, нешто се менува во Грција во односот кон нас.
Вака вчера, на светскиот ден на бегалците, зборуваше за својот случај Јане Бандевски од Скопје, еден од дваесетина илјади македонски деца-бегалци кои во текот на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година мораше да ја напушти земјата.
Истовремено, тој е само еден од околу 8.500 наши сограѓани кои пред две години се пријавија во рамките на акцијата за евидентирање на имотите кои Македонците ги побаруваат во Грција. На некои од нив преку правни процедури дури и им успеало да дојдат и до имотот што им бил насилно одземен.

НЕШТО СЕ МЕНУВА

Бандевски е само еден од Македонците кои последниве месеци одат групно во Грција за во тамошните месни канцеларии да се обидат да добијат изводи од матичната книга на родените. Ваквите акции ги организира Републичкото здружение на децата-бегалци од егејскиот дел од Македонија со цел на овие луѓе да им се олесни добивањето на основниот документ преку кој можат да ја почнат борбата за враќање на своите имоти.
Ѓорѓи Доневски, претседател на оваа здружение, вели дека досега околу 300 наши сограѓани успеале да добијат изводи. Ваквите акции веќе биле организирани во Костурско, Леринско, Воденско, а се планираат и во областите на Серес, Драма и други.
- Ова е охрабрувачки, ако знаеме дека досега воопшто не сакале ни да слушнат за такво нешто. Ни кажуваа дека ги нема книгите во кои сме биле запишани, дека се изгорени, исчезнати. Сега книгите чудно се појавуваат, а службениците во месните канцеларии љубезно ни примаат и ни сослушуваат. Тоа е многу охрабрувачки. Сега нам ни останува во што поголем број да одиме таму и да поднесуваме вакви барања, објаснува Доневски.
Во еден од изводите кои ни ги покажа Доневски, наведени се податоците за тоа каде и кога е родено одредено лице, кои се неговите родители.
- Но, пишува и дека лицето се стекнало со грчко државјанство по основа на раѓање и дека овој извод може да му послужи за добивање грчки пасош. Ние не можеме да очекуваме дека Грците ќе напишат дека сме Македонци бидејќи тие не ни го признаваат идентитетот. Кај дел од нашите членови постои резервираност околу тоа дека на овој начин ќе го загубат македонскиот идентитет. Но, врз основа на овој документ полесно се остваруваат другите права. Односно, со ова практично ви се признава дека сте грчки државјанин и дека можете да остварувате други права, објаснува Доневски.
Тој наведува дека во неколку случаи изводи добивале и потомците на прогонетите благодарение на сочувани воени евиденции од кои се гледа дека тие биле регрутирани како војници во грчката војска.
На повеќе милијарди евра беше проценет имотот чие враќање побаруваат прогонетите Македонци од Грција, а кој сега најчесто е во рацете на нивните роднини, соселани или е одземен од страна на грчката држава. Зависно од тоа во каква состојба е имотот, такви се и шансите за враќањето - доколку е во сопственост на роднините, тогаш се поведува постапка за делба, а ако е државен, тогаш се поведува постапка за обесштетување.
- За да се добие одговор за барањето за извод се чека околу 4-5 месеци. Нашите луѓе се по малку скептици дека тоа може да се добие, но очигледно нешто е сменето, вели Трендафилка Сандева, адвокат кој е ангажиран за овие случаи.

ДРЖАВАТА ЈА ЗАБОРАВИ ОБВРСКАТА

Промената на односот кон прогонетите во Грција се случува кога во оваа земја, формално, се уште е на сила законот според кој се дозволува само враќање на "Грците по род" за оние граѓани кои ја напуштиле земјата во текот на Граѓанската војна. Тоа, практично, значи дека грчките власти веќе не бараат строга примена на овој пропис бидејќи последниве месеци токму Македонци почнаа да добиваат жителства, државјанства и пасоши. Со тоа, дури се отвора и можноста тие да гласаат на локалните и парламентарните избори кои се организираат во оваа земја.
Методија Тошевски, претседател на Конференцијата за координација на Македонците од егејскиот дел на Македонија, вели дека издавањето на изводите е охрабрувачко, но поголем напредок треба да има кога е во прашање враќањето на имотите.
- Грција треба да собере храброст да ги повлече сите дискриминаторски закони. Но, и кај нас е потребна промена на односот. Ние сме незадоволни од тоа што веќе три години од страна на државните органи не е разгледан ниту еден извештај за борбата на нашите права откако е донесена и посебна Резолуција во Собранието. Исто така, и покрај обврската државата финансиски и правно да ги помага нашите активности, тоа не се прави, нагласува Тошевски.

НЕМА 3.000 ЕВРА ЗА ДА СЕ ПОПРАВИ ПАМЕТНИКОТ ЗА ЕГЗОДУСОТ

Празна фонтана во која одамна престанала да тече вода, откорнати букви од изворната порака "Татковината, копнеж на прогонетите" по што останал само натписот "....опнеж на прогонетите", неваросан постамент, е состојбата во која денес се наоѓа споменикот посветен на трагичниот егзодус на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Грција. За да се отстрани ваквата грда и недостојна слика потребни се само околу три илјади евра, но надлежните органи постојано одговараат дека "немаат доволно средства за тоа".
- Првин баравме од Општина Центар на чија територија се наоѓа споменикот, но се испостави дека за него е надлежен градот Скопје. Отидовме и кај градоначалникот Коце Трајановски, но оттаму добивме одговор дека тие немаат доволно пари за поправката. Ние не бараме ништо повеќе отколку овој скромен споменик да биде онаков каков што си е и замислен. Истовремено, гледаме дека се трошат милиони евра за спомениците во непосредната околина, вели Ѓорѓи Доневски.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting