Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Странците позитивно ги оценија изборите во Македонија

ЕК: ИЗБОРИТЕ ПОКАЖАА ПОЛИТИЧЕСКА ЗРЕЛОСТ И ФЕР ОТНЕСУВАЊЕ

(Преземено од МИМ)


Брисел е со позитивни оценки за вчерашните предвремени избори во Македонија. Според Европската комисија, изборите покажале политичка зрелост и фер однесување од страна на политичките субјекти, што ќе има големо влијание за евроската иднина на Македонија, изјави портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич. Сепак ЕК ќе ги причека конечните изборни резултати од Државната изборна комисија, и тогаш поопширно ќе се произнесат, како за кампањата така и за денот на изборите. Позитивен белег кај европратениците оставил и големиот одѕив на гласачите на вчерашните предвремени парламентарни избори.
И големиот број на меѓународни набљудувачи ги оценија изборите како конкурентни, транспарентни и добро спроведени во целата земја. Според нив, гласачите имаа можност слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера и покрај присуството на некои тврдења за нерегуларности од страна на политичките партии.
Основните слободи биле почитувани и кандидатите можеле слободно да ја спроведат кампањата. Набљудувачите одлично соработувале со властите на сите нивоа во текот на целиот процес.
- Овие избори го поставија камен-темелникот за стабилна демократска иднина, рече Роберто Батели, специјален координатор кој ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.
Европратениците бараат Македонија сега да се посвети на европската интеграција. Апелираа до новата власт и опозицијата да воспостават вистински дијалог. Европратеничките Дорис Пак и Тања Фајон, за Радио Слободна Европа велат дека Стразбур и Брисел, посакуваат побрзо формирање на новото Собрание и Владата, за Македонија и нејзините граѓани да не губат време.
- Сега посебно мислам на Македонците и Македонките, за кои животот треба да стане нормален и тие да се занимаваат со секојдневните работи. За да почнат преговорите со ЕУ, се разбира дека е потребно да се побрза да се најде решение за името. Можеби Грција, која во моментов ужива голема европска солидарност, може да помисли малку и на својот сосед, кој веќе одамна и со нетрпение го чека почетокот на преговорите со ЕУ, изјави Дорис Пак.
- Тоа што и треба сега на Македонија е чекор напред колку што е можно побрзо, бидејќи очекувањата овде во Брисел и Стразбур се дека извештајот на Европската комисија во октомври ќе биде критичен, оценува словенечката европратеничка Тања Фајон.
Европратеничките апелираат што поскоро да се најде решение за името и Македонија да продолжи на патот кон Европската унија, да продолжи со европската агенда и со сите реформи кои се за тоа потребни.

   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БУГАРИЈА НИ ГО УСЛОВУВА ДАТУМОТ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАЛЦИНСТВО
Читај
НЕСТИХВАЩ ВУЛКАН В БОРБАТА ЗА СВОБОДНА И НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИЯ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting