Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Австрискиот претседател со поддршка за Македонија

ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ БЕЗ РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИМ)


Македонија да ги почне преговорите со ЕУ без спорот за името како предуслов. Крајот на преговорите за членство во Унијата бара согласност од сите земји-членки, така што дотогаш двете земји можат да работат на решавање на спорот. Ваков е австрискиот став за прашањето за името кој вчера во Виена на претседателот Ѓорѓе Иванов му го соопшти неговиот домаќин Хајнц Фишер.
- Грција сигнализира дека услов е решавањето на името. Но сметаме дека за одредување датум за преговори не треба да се чека решението. Проблемот треба да се реши до крајот на преговорите. Тие два процеса треба да почнат и да течат паралелно затоа што така ќе се даде поттик - нагласи Фишер на средбата што се одржа во палатата Ховбург.
Според австрискиот претседател, проблемот за името е тежок, но не е нерешлив. Тој рече дека од Иванов на средбата слушнал корисни историски информации за името.
Претседателот Иванов потенцира дека ЕУ треба да и даде зелено светло на Македонија да ги почне преговорите за членство, по примерот како што се случи со Хрватска и со Словенија.
- Грција не губи ништо ако се одреди датум и преговорите почнат. До нивното завршување проблемот може да се реши. Одредувањето датум ќе биде дополнителен мотив да се дојде до решение - рече Иванов на прес-конференцијата.
На прашањето дали ЕУ има план Б за македонските преговори со Унијата доколку грчката политичка и економска криза трае со години, така што земјата нема да може да се посвети на битните национални прашања како она за името, Фишер одговори дека Грција се соочува со големи проблеми, но дека спорот за името и грчката економска криза во суштина не се поврзани. Иванов оцени дека Грција е во криза и во моментов нема мотив да го решава проблемот. Затоа, според него, двата процеса треба да се одвиваат паралелно.
Според Иванов, Македонија ги исполни обврските и останува Советот на ЕУ на следниот состанок да ја стави на дневен ред и да донесе одлука за старт на преговорите.
Австрискиот претседател не сакаше да калкулира со рокови дали годинава ќе биде пресудна за напредок во македонските евроинтеграции. Според него, по Хрватска, следни за приклучување во Унијата се Македонија, Србија и Црна Гора.
Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи и економската соработка. Македонија доби позитивна оцена од Австрија за спроведувањето фер избори и за решавањето на спорот со "ЕВН Македонија". Иванов вчера попладне требаше да се сретне со австрискиот канцелар Вернер Фејман, како и со претставници на Стопанската комора на Австрија.

ГРЦИТЕ ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МАКЕДОНСКА ЦРКВА ВО ВИЕНА

Со македонска песна Иванов во неделата беше дочекан од македонските иселеници во Виена кои се вклучени во црковната заедница "Свети Наум Охридски". На свеченоста во црквата, чија изградба започнала во 2008 година, Иванов им порача на иселениците дека Македонија ќе се грижи за дијаспората. Некои од македонските иселеници објаснија дека црквата ја градат со сопствени средства, а како по обичај, при купувањето на објектот се соочиле со сопка од грчките иселеници, кои се обиделе да ги спречат.

   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting