Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Личности за почит

ИГЛБЕРГЕР - ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Љубомир Гајдов


Со статијата "Лоренс од Македонија", тогаш највлијателниот светски политички магазин, "Тајм" од Њујорк, во март 1977 го најави новиот американски амбасадор во Белград, Лоренс Иглбергер. Претседателот Џими Картер го одбрал поради исполнување на тогаш воспоставените три мерила: дипломатско искуство, пријатели во земјата на службувањето и познавање на домашниот јазик. И сегашниот амбасадор Филип Рикер е пример за ова!
Со алузија на прочуениот Лоренс од Арабија беше најавено враќањето на Лоренс Иглбергер поради неговата огромна улога, што како втор (економски) секретар во американската амбасада во Белград две години ја координираше помошта од 50 милиони долари, што ни ја додели претседателот Џон Кенеди за санација на последиците од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година. Тоа беше натпревар со 50-те милиони долари што ги подари пред тоа советскиот лидер Никита Хрушчов.
Овој голем човек, единствен во американската дипломатска историја кој од почетник станал државен секретар, го запознав како новинар во весникот "Вечер", тукушто основан да ја следи обновата на Скопје. Имав ретка привилегија одблиску да ги следам ентузијазмот, посветеноста и напорите да им помогне на преживеаните во ранетиот град да се вратат во нормален живот! Беше духовит, досетлив, неуморен, голем пријател. Бараше да му се обраќаме со Лари!
Има симболика и враќањето на Лоренс Иглбергер во Скопје тринаесет години подоцна, како американски амбасадор во Белград, и тоа како што рече директно од Акапулко! На 13.7.1977 овде во Скопје, со инж. Коле Јордановски и со другите скопски пријатели заедно се сеќаваа на херојските денови од обновата! Ги покажуваше и фотографиите од Акапулко, каде што биле на одмор со сопругите со менторот Хенри Кисинџер, легендарниот американски државен секретар со кого подоцна основаа консултантска фирма во Њујорк.
Ако тогаш не се расправал со сопругата на Кисинџер, Гркинка по потекло, околу големогрчкиот шовинизам спрема Македонците и Македонија, до последниот здив тоа жестоко и посветено го правеше против обидот да не' преименуваат како народ и држава на крајот на 20 и почетокот на 21 век, злосторнички обид за преименување на еден народ, втор по холокаустот (резолуцијата на ЕУ, Лисабон, 27.6.1992)! Ова секако со помош, главно, на европските заштитници-поддржувачи и тоа, главно, оние што им помогнаа на Грците во 1830 година да си ја основаат првата држава! А тие кутрите сега имаат сизифовска задача да ја зачуваат Грција во едно парче, по најголемата светска политичка и финансиска измама, наречена грчка финансиска криза! Верувам затоа дека ЕУ и САД почнуваат да ја препознаваат итрата грчка лелекачка стратегија на наводни жртви!
Кога во подготовката на ТВ-серијата "Врвните американски универзитети и мислители", со продуцентот Горан Филиповски бевме кај Лари дома, во Шарлотсвил, Вирџинија, на 16.3.2008 година. Главна тема, природно, беше грчкиот непристоен и настојчив обид политички да се силуваат Македонија и Македонците, но и претседателската кандидатура на неговиот пријател Џон Мекејн, кој ми се претстави со зборовите: "Јас сум македонски сенатор! Јас сум од Темпи, Аризона, град побратимен со Скопје".
Лари и никој друг (раз)умен не можеше да претпостави тогаш дека две и пол години подоцна (7.10.2010) група еминентни американски научници јавно ќе признаат (Вашингтон, 7.10.2010) дека пред четириесет години тие го почнале тригодишното фалсификување т.н. грчки документи и артефакти! Така "целосно е фабрикувана" историјата на античка Грција, чија култура долго е сметана за интелектуална основа на западната цивилизација. Кутрите научници единствено не признале дека тоа не го сториле за парите од непресушните грчки "наменски фондови"!
Ова деновиве втор пат го објави весникот "Нова Македонија". Единствено зачудува зашто двете наши амбасади во Вашингтон и во Њујорк не кренале тревога или некој овде го скрил тоа. Не се спомнуваат нашите многубројни експерти и колумнисти на кои ова (не) би требало да им биде мелем на ранетото интелектуално и политичко его по вториот Букурешт!
Со Лари ме поврзуваа три вредности: огромната љубопитност, пројавена во страст за непрекинато учење и усовршување, љубовта за Македонија и среќата од падот на Сталиновата империја и мрачната идеологија, политика и практика кои многумина имавме шанса и овде да ги почувствуваме на своја кожа од југомакедонскиот сталинизам!
Во квечерината на Самитот на Конференцијата за безбедност и соработка, во Париз на 16.11.1990 година, со неверица и исчудување го прашав за најавата на првата страница на "Интернешенел хералд трибјун" дека во "Југославија за една и пол година ќе има крвава војна", кога ЈНА е уставен гарант за мирот и безбедноста на земјата?! Лари студено и кусо ми одговори дека ЈНА е мултинационална војска, што ќе се распадне по шевовите исто како и Југославија, што се оствари по седум месеци!
Нецели две години подоцна, на крајот на лондонската Конференција за Југославија, организирана од ОН и ЕУ, 28.8.1992 година, на прес-конференцијата пред неколку стотици новинари, меѓу кои и десетина од Македонија, го прашав тогаш в.д. државен секретар Лоренс Иглбергер: "Како американската влада ќе и' помогна на Македонија, притисната од две ембарга, што примила 62 илјади бегалци од Босна и Херцеговина?" Лари рече дека ќе соопшти една државна тајна: "Утре претседателот Џорџ Буш ќе и' го додели на Македонија статусот најповластена нација". Следуваше силен аплауз! Група грчки новинари, меѓутоа, почнаа да свиркаат, па си дозволив уште еднаш да побарам збор и да го прашам Иглбергер кога повторно ќе дојде во Македонија, каде што го слават како јунак што помогнал во обновата на разурнатото Скопје?
И на општа вџашеност, посебно на многубројните грчки новинари, Лари ми одговори на македонски јазик: "Наскоро, наскоро", по што повторно одекна громогласен аплауз во салата!
Лари многу се израдува кога на 24.4.2002 во Вашингтон му ја врачив Повелбата за членство во Меѓународниот почесен комитет за изградба на Македонскиот меморијален центар на холокаустот. Зашто, таму беа и други пријатели на Македонија. Иако многу сакаше, за жал, не успеа да дојде на четириесетгодишницата од скопскиот земјотрес. Па ако не успеавме да му се исполни големата желба да говори во македонскиот парламент, се разбира, на македонски јазик, би можеле да му се оддолжиме ако идната Дипломатска академија на РМ, скопски булевар или улица го понесе името на овој голем пријател на Македонија и на Македонците. А ќе се најде, убеден сум, и донатор за една скромна скулптура што ќе докаже дека благодарноста и правдата се бавни, ама достижни!

(Авторот е надворешнополитички коментатор)

   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


Ръководството на ОМО „Илинден" - ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля" честитят 70-годишния юбилей на Димитър Иванов от Шумен - активен деец на партията и кореспондент на вестника, като му пожелават много здраве, вярност към македонската кауза и увереност в нашата победа!
Втора годишна конференција

ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ И АСОЦИАЦИИ

Предмет: Покана за учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,
Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Втората годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 20 и 21 јули 2011 година во Клубот на пратеници, Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Дневен ред на Конференцијата:
1. Зачувување и негување на македонскиот јазик преку говорење на јазикот во семејствата
2. Зачувување на македонската култура од страна на иселеничките организации преку реализирани проекти, предлози и сугестии за наредниот период
3. Државјанство на Република Македонија - значење
4. Избирачко право
5. Значењето на пописите во земјите во кои живеат иселениците од Македонија за утврдување на поточен број на иселеници од Македонија
6. Унапредување на врските со иселеничките организации преку директни контакти на членовите на организациите со Агенцијата за иселеништво, преку постојните средства за комуникација.
7. Иселенички совет - известување на Привремениот иселенички совет за превземените активности
Молиме присуството на претставниците од Вашата организација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2011 година, на:

е-маил: info@minisel.gov.mk
тел ++ 389 2 3 118 633
факс ++ 389 2 3 118 549

Директор: Васил Наумов

(Преземено од МИМ, 15.06.2011 г.)

Македонија пее

ВАРДАРЕ, ПИРИН, ЕГЕЈ КАЈ ТИ Е

Мили чеда на мајка разделени
тешка рана на срце,
ај на гради,
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Солзи течат мајчински македонски,
тешки како што ни се е еј векови.
Вардаре, Пирин кај ти е,
Вардаре, Егеј кај ти е.

Мајко! Македонијо!
Ајде не плачи,
ден ќе дојде ќе ги гушнеш
Пирин, Планини,
Мајко Македонијо
ајде запеј ти,
ден ќе дојде ќе те носат
води егејски.

Мајко! Македонијо!


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Поезија

ПРЕМЪЛЧАВАНЕ

От бездната на времето изгряло
като усмивка на безсмъртно цвете,
пътува македонското начало
с протегнати ръце към вековете.

И както на света му е известно,
съдбата му остана несразима -
не затова ли хищно и нечестно
коварството ридае, че го има.

И чужда красота изпепелило,
то много химни на смъртта е пяло,
когато македонска кръв е пило
и хляб от македонска пот е яло.

За да разкъсат робските окови,
когато Македония ги вика,
най-свидните й рожби са готови
главите си да сложат на дръвника.

Убиваха ги български злодеи,
убиваха - и в майчини утроби,
за да създава ужасът лакеи
и подли инквизитори на роби.

Съдба от мъченичество и слава,
народ - достоен с врагове да спори,
когато наглостта ги премълчава,
историята почва да говори. -

Поизбърши си, мащехо, сълзите
и погледни вината си в лицето –
кой на кого забоде нож в гърдите
и после му отхапа от сърцето?

Залутана по кървавите дири,
напразни са усилията твои
от хищници, тирани и вампири
да сътвориш съвременни герои!

Герои не се раждат от палачи!
А жертвите, които си затрила,
да премълчиш, Българийо, не значи,
че живият живот си умъртвила!

Лицето на страха сега е друго,
но за да може пак да ни убива,
то повече прилича на влечуго,
което зад привидност се прикрива.

На всеки, който при мираж се връща,
за да й връчи смъртната присъда,
безсмъртна Македония отвръща: -
Но аз съм аз! И винаги ще бъда!

При участ от разпятия и слава
и като вечна истина голяма,
не българската злоба ще решава
дали ни има и дали ни няма!


ФЕНИКС

На Никола Вапцаров

Когато феникс трябва да умира,
а няма кой безумството да спре,
единственото право да избира
е правото достойно да умре.

Когато гръм сърцето му разпръсне,
че не изплакало сълза на роб,
съдбата го орисва да възкръсне
от свойта пепел и от своя гроб!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting